Како да активирате и деактивирате режим на одржување

Режим на одржување е функција што е дизајнирана да ги заштити личните податоци и информации складирани на Galaxy паметниот телефон или таблет кога тој се поправа.

Внимавајте: Секогаш правете резервна копија на Вашиот уред пред да го испратите на поправка, бидејќи податоците може да се изгубат.

Како се користи режимот на одржување Како се користи режимот на одржување

Препис: Како се користи режимот на одржување - Galaxy паметен телефон или таблет

Придобивки од режимот на одржување:

  • Спречува пристап до Вашите фотографии, видеа, пораки, историја на повици и други датотеки
  • Достапни се само однапред вчитани апликации
  • Сите податоци и сметки што се генерираат во режимот на одржување се бришат автоматски

 

 1 - Активирање на режимот на одржување

  • Поставки
  • Грижа за батеријата и уредот
  • Режим на одржување
  • Вклучете

 

  • Ќе Ви се даде опција за креирање евиденција
  • Оваа евиденција на системот ќе содржи информации за неодамнешното користење на апликацијата и системските грешки, што може да помогне во поправката на Вашиот уред
  • Рестартирање

 

Потребен е метод за заклучување кога се активира режимот на одржување

 

 

2 – Деактивирање на режимот на одржување

  • Поставки
  • Грижа за батеријата и уредот
  • Режим на одржување
  • Излез
  • Допрете Рестартирање за да потврдите

 

Отклучете го уредот за да го потврдите својот идентитет

Вашиот уред сега ќе се рестартира во нормален режим.

Не се активира режим на одржување Не се активира режим на одржување

Препис: Не се активира режим на одржување - Galaxy таблет

Доколку имате проблеми со активирање на режимот на одржување, тоа може да се случува поради режимот на повеќе корисници 

Менито Корисници Ви овозможува да обезбедите различни нивоа на пристап за другите корисници

Најдете го менито Корисници во

  • Поставки
  • Сметки и резервни копија
  • Корисници

 

Доколку ја користите оваа функција, треба да изберете администратор (сопственик) за активирање на режимот на одржување

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window