Како да направите слика од екран на Galaxy Watch?

Вашиот Galaxy Watch ви овозможува да правите слики од екран за да ги користите, зачувувате и да управувате со нив, исто како што би направиле со паметен телефон. Еве како да го направите тоа на најлесен и најпрактичен можен начин.

Приказ на личност како прави слика од екран на Galaxy Watch.

Ако сакате да направите слика од екран на вашиот Galaxy Watch, следете ги овие чекори:

Приказ на Galaxy Watch со нагласени копчиња за Почетна страна и Назад.

Чекор 1. Притиснете и задржете на копчињата Почетна страна и Назад на вашиот Galaxy Watch.

Приказ на екранот со апликации со нагласена икона за Галерија.

Чекор 2. Откако ќе направите слика од екран, може да ја видите во галеријата. Допрете ја иконата за Галерија за да ја видите сликата од екранот.

Сите слики од екранот автоматски се зачувуваат во галеријата на уредот спарен со вашиот Galaxy Watch, во албумот „Watch“.

Приказ на албумот „Watch“ на вашиот паметен телефон.

Доколку сликите од екранот кои сте ги направиле на вашиот Galaxy Watch не се појавуваат автоматски на спарениот уред, следете ги следниве чекори:

Приказ на екранот со апликации со нагласена икона за Галерија. Приказ на екранот со апликации со нагласена икона за Галерија.

Чекор 1. На вашиот Galaxy Watch, допрете ја иконата за Галерија.

Приказ на сликата од екранот со која треба да се управува, а којашто е избрана и нагласена. Приказ на сликата од екранот со која треба да се управува, а којашто е избрана и нагласена.

Чекор 2. Притиснете и задржете ја сликата од екранот со која сакате да управувате.

Приказ на избраната слика од екран со нагласена икона за пресликување на телефон. Приказ на избраната слика од екран со нагласена икона за пресликување на телефон.

Чекор 3. Допрете ја иконата за пресликување на телефон за да ја додадете сликата на телефонот, каде ќе можете да управувате со неа како сакате.

Имајте предвид: Начинот на правење слика од екран може да се разликува во зависност од моделот на Galaxy Watch.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window