Како можам да ја видам навигациската лента на мојот уред Galaxy?
Навигациската лента е алатка на уредот Galaxy којашто ви овозможува да пристапите на почетниот екран или на неодамнешните картички брзо, лесно и интуитивно. Понекогаш, навигациската лента може да биде скриена. За да дознаете повеќе како да ја видите на екранот, прочитајте во продолжение.
На уредот Galaxy ќе има лента со три кратенки. Ова се нарекува навигациска лента. Преку неа можете да пристапите до три опции со допирање на три различни копчиња:
- Копче Неодамнешно.
- Копче Почетен екран.
- Копче Назад.
Меѓутоа, можеби претходно сте одлучиле да ја сокриете навигациската лента со одбирање на опцијата за лизгање со прст, која ги заменува копчињата со гестови со лизгање на екранот.
Ако сакате повторно да ја видите навигациската лента на екранот, постапете според следниве чекори:
Да. Ако сакате да го промените редоследот на копчињата во навигациската лента, постапете според следниве чекори:
Може да изберете меѓу два различни прикази:
- Копче Неодамнешно – Копче Почетен екран – Копче Назад.
- Копче Назад – Копче Почетен екран – Копче Неодамнешно.
Навигациската лента може да исчезне дури користите одредени апликации или функции.
За да ја видите навигациската лента, едноставно поминете со прстот нагоре од дното на екранот.
Имајте предвид: ако го ротирате уредот Galaxy за да гледате видео хоризонтално, навигациската лента ќе се прикаже ако поминувате со прстот налево или со прстот надесно на екранот.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window