Galaxy Unpacked јули 2024 година: што беше најавено

Samsung Galaxy Z Flip6, Galaxy Z Fold6, Galaxy Ring, Galaxy Watch Ultra, Galaxy Watch7, Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro

Конечно дојде моментот што сите го чекавме! На 10 јули 2024 година, вториот Galaxy Unpacked на Samsung оваа година беше пренесуван ширум светот од Париз, откривајќи ги своите сосема нови водечки производи. Најновите уреди во семејството Galaxy се Galaxy Z Flip6, Galaxy Z Fold6, Galaxy Ring*, серијата Galaxy Buds3, Galaxy Watch7 и Galaxy Watch Ultra. Во текот на настанот, Samsung откри сè што треба да знаете за овие нови производи.

Што беше објавено?

Samsung го објави лансирањето на  Galaxy Z Flip6, Galaxy Z Fold 6, Galaxy Ring*, Galaxy Buds 3 Pro, Galaxy Buds3Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7.

Новиот елегантен стил на Galaxy Z Flip6 го прави нашиот најкомпактен паметен телефон досега, додека новиот лебдечки дизајн го дава ефектот на лебдење на дисплејот на рамката.

Flip6 има 300 mAh поголем капацитет на батеријата во споредба со Galaxy Flip5, широкоаголна задна камера од 50 MP и досега првиот систем за ладење со комора за испарување на уред Galaxy Z Flip.

Секогаш популарната FlexCam останува со нејзините селфиња без употреба на раце, а режимот Flex Ви овозможува да ги внесете пријателите во кадарот за пошироки групни фотографии.

Galaxy Z Fold6 доаѓа со главен екран од 6,3” (склопен). Кога ќе го расклопите, ќе се прикаже фасцинантен екран од 7,6” што овозможува живописно гледање каде и да се наоѓате, заедно со продуктивност во стил на лаптоп, а сето тоа на екран со големина на мини таблет.

Неговиот ултратенок дизајн го прави најкомпактниот и најлесен Galaxy Fold досега. Кога е преклопен, уредот е тенок само 12,1 милиметри, а тежи само 239 грама.

Galaxy Z Flip6 и Galaxy Z Fold6 доаѓаат со карактеристики на Galaxy AI како што се Заокружете за пребарување, Превод во живо, Помош за фотографирање и друго. Испраќајте пораки директно од FlexWindow, со Помош за разговор на Flip6. Дозволете му на AI да го претвори Вашиот цртеж во слика со Sketch to Image на Fold6.

Шарката Flex останува, што ги прави телефоните без процепи и со потенок изглед. Процесорот е ажуриран на Snapdragon® 8 Gen 3 за Galaxy.

Пуштањето во употреба на Galaxy Ring* ќе отвори нова ера на благосостојба. Сега можете да го обвиткате следењето на здравјето околу Вашиот прст преку овој нов уред на семејството Galaxy.

Лесна титаниумска рамка која е толку удобна што лесно ќе Ви се прицврсти на прстот. Покрај батеријата што трае до 7 дена, Galaxy Ring* е водоотпорен за целодневна употреба. Има 3 вградени сензори коишто деноноќно го следат Вашето здравје, а Galaxy AI ги анализира податоците за да Ви обезбеди персонализирани совети за здравје и спиење.

Samsung исто така го објави лансирањето на Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7.

Ultra може да издржи воден притисок од 10 ATM, топлина од 55 °C и надморска височина од 9.000 m овозможувајќи Ви да пешачите уште повеќе - особено со батерија што трае до 100 часа во режим на заштеда на енергија.

Елегантниот Watch7 се издвојува како Flip6 и Fold6 со својот лебдечки дизајн и новиот процесор од 3 nm кој го оптимизира траењето на батеријата за подолготрајна моќност и брзо префрлување помеѓу апликациите.

Користете ги Watch Ultra и Watch7 за сите нови увиди и анализи со Galaxy AI. Карактеристиката Енергетска оцена ќе Ви ги проверува спиењето, пулсот и дневните активности за да Ви помогне да ги испланирате рутините за максимална здравствена ефикасност.

Galaxy AI е тука и за сосема новата серија Galaxy Buds3 во која главните улоги ги играат Galaxy Buds3 Pro и Galaxy Buds3. Направени со дизајн на закосена дршка за да го приближат звукот на Вашите омилени песни до Вашите уши. И двете слушалки имаат активно поништување на шумот додека Buds3 Pro доаѓаат со приспособлива контрола на шумот, подобрена двонасочна контрола на шумот на звучниците и карактеристика за амбиентален звук.

Каде можам да извршам преднарачка на производите?

Ако едвај чекате да ги добиете овие најнови уреди, можете однапред да ги нарачате Galaxy Z Fold6, Galaxy Z Flip6, Galaxy Ring*, Galaxy Watch Ultra, Galaxy Watch7 и Galaxy Buds3 Pro и Galaxy Buds3 на Samsung.com. 

Каде можам да го гледам?

Ако сте го пропуштиле настанот, не грижете се. Може да се запознаете со сето она што беше откриено гледајќи го преносот Galaxy Unpacked каналот YouTube на Samsung.

*Ве молиме имајте предвид: Galaxy Ring може да се купи само во Обединетото Кралство, Германија и Франција.

Samsung Galaxy Z Flip6, Galaxy Z Fold6, Galaxy Ring, Galaxy Watch Ultra, Galaxy Watch7, Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window