Проверете ја СИМ-картичката кога не се достапни телефонски повици и мобилни податоци

Ако наеднаш запрат да работат телефонот или текстуалните пораки, а мобилните податоци не се достапни, можеби проблемот е во СИМ-картичката. Честопати, кога го менувате телефонот, може да се појават проблеми поради неправилно инсталирана СИМ-картичка. Дознајте повеќе во продолжение за тоа како да ја проверите СИМ-картичката.

Пред да се обидете со препораките дадени во продолжение, задолжително проверете дали софтверот на уредот и поврзаните апликации се ажурирани до најновата верзија. За ажурирање на софтверот од мобилниот уред, постапете според следниве чекори:

Чекор 1. Одете на Settings (Поставки) > Software update (Ажурирање на софтверот).

Чекор 2. Допрете на Download and install (Преземи и инсталирај).

Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.

Проверка 1. СИМ-картичката не е Изабена

Кога се префрлате на нов телефон, СИМ-картичката што се користела во претходниот телефон често се користи пак во новиот телефон. Меѓутоа, бидејќи СИМ-картичката е потрошен дел, може да се појават дефекти ако се користи долго време.

Пред сè, извадете ја фиоката за СИМ-картичка од телефонот и проверете дали металниот дел на СИМ-картичка е истрошен или кородиран. Ако е оштетена СИМ-картичката, заменете ја со нова.

Проверка 2. СИМ-картичката е инсталирана правилно

Ако не е правилно инсталирана СИМ-картичката во фиоката и вметната во телефонот, можно е телефонот да не ја препознава СИМ-картичката. Ако не може да се препознае СИМ-картичката, извадете ја фиоката и проверете дали картичката е правилно инсталирана. Особено е важно да бидат добро порамнети аглите на СИМ-картичката.

Кога ќе ја инсталирате фиоката за СИМ-картичка, забележете ја насоката за поставување на СИМ-картичката затоа што може да биде различна за секој модел. На пример, во случајот со серијата S21, тие се дизајнирани така што металниот дел да биде одозгора, а кај серијата S20 се дизајнирани металниот дел да биде одоздола. Видете на сликите подолу за пример.

СИМ-картичка

  ① серијата S21                                              ② серијата S20      

Забелешка: Насоката на поставување на СИМ-картичката се разликува според уредот и моделот.

Проверка 3. СИМ-картичката е цврсто стегната во фиоката

Ако претходно сте користеле микро СИМ-картичка и ако ја сечете за големина на нано СИМ-картичка за новиот телефон, треба да внимавате дали е добро порамнета на аглите при сечењето. Се препорачува да купите и да користите нова нано СИМ-картичка, бидејќи со сечење може уредот да не ја препознае добро, па да се јават проблеми со телефонските повици, испраќањето и примањето пораки, како и мобилните податоци.

  • Micro SIM: СИМ-картичка со средна големина, популарна кај претходните модели.
  • Nano SIM: најмалата СИМ-картичка што се користи кај повеќето нови телефони.
СИМ-картичка 2

      ① Micro SIM                                     ② Nano SIM   

Како да ја користите апликацијата Samsung Members

Ако забележувате тешкотии со мобилните телефони, таблетите или преносни уреди од Samsung, може да ни испратите прашање во апликацијата Samsung Members. Дознајте повеќе за испраќањето извештај за грешка.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window