Дополнителна опрема за серијата Galaxy S24

Асортиман на дополнителна опрема за Galaxy S24

Подобрете го искуството со својот паметен телефон со асортиманот внимателно дизајнирана дополнителна опрема која не само што ја подобрува функционалноста на уредот, туку го прават да биде токму во Ваш стил. Ќе Ви ја покажеме разновидната дополнителна опрема достапна за серијата Galaxy S24, истакнувајќи ги придобивките од неа.

Маски и футроли

Заштитете го својот уред од серијата Galaxy S24 од гребнатини, падови и секојдневно абење. Маските и футролите имаат тенок и издржлив дизајн што одговара на естетиката на уредот.

Веганска кожна футрола во темновиолетова боја Веганска кожна футрола во темновиолетова боја

Веганска кожна футрола

Футролата е изработена од кожа од растително потекло, којашто е добиена од еколошки материјали како што е пченката. Внатрешната облога го прави уредот помалку подложен на гребнатини, без тоа да влијае врз стилот.

Smart View преклопна футрола во виолетова боја Smart View преклопна футрола во виолетова боја

Smart View преклопна футрола

Преклопна футрола со внатрешна преграда за картичка и паметен интерактивен прозорец за известувања.

Заден поглед на стоечка футрола во светлосина боја Заден поглед на стоечка футрола во светлосина боја

Стоечка футрола

Футрола со безбедна двојна функција за држење/исправено стоење.

Силиконска футрола во боја на лимета Силиконска футрола во боја на лимета

Силиконска футрола

Силиконска футрола со мека текстура којашто совршено се вклопува и ги штити и задниот и страничните делови на паметниот телефон.

Flipsuit футрола со жолти смешковци Flipsuit футрола со жолти смешковци

Flipsuit футрола

Проѕирна футрола што има прегради за картички што може да се менуваат.

Проѕирна футрола на S24 Ultra во жолта боја Проѕирна футрола на S24 Ultra во жолта боја

Проѕирна футрола

Проѕирната футрола го зачувува изгледот на S24 паметниот телефон S24 со помош на облогата со заштита од пожолтување.

Проѕирна мултинаменска футрола на Galaxy S24 Ultra Проѕирна мултинаменска футрола на Galaxy S24 Ultra

Проѕирна мултинаменска футрола

Содржи универзален додаток прстен на задната страна. Исто така, доаѓа со ремче за зглоб.

Заштитна футрола во светлосива боја Заштитна футрола во светлосива боја

Заштитна футрола

Модерна цврста футрола што обезбедува дополнителна заштита.

Заштита за екран

Заштитата за екран која лесно се поставува и штити од отсјај спречува екранот да се оштети од гребнатини и дамки. Проѕирната заштитна фолија го штити екранот без да влијае врз чувствителноста на допир на мазната површина, а и, исто така, е компатибилна со скенерот за отпечаток од прст.

Купете сега

Заштита за екран за серијата Galaxy S24 Заштита за екран за серијата Galaxy S24

Полначи и дополнителна опрема за полнење

Полнете го уредот од серијата Galaxy S24 дома или надвор, со помош на различни компатибилни методи за полнење.

Адаптер за полнење од 15 W – 45 W

Адаптерите поддржуваат супербрзо полнење до 45 W
Црн USB Type-C адаптер за полнење, 25 W Црн USB Type-C адаптер за полнење, 25 W

Безжичен полнач

Безжичен полнач Duo со функција за брзо полнење од 15 W на два уреди
Црн безжичен полнач Duo Црн безжичен полнач Duo

Powerbank уред за полнење

Powerbank уред за полнење од 10,000 mAh со функција за супербрзо полнење до 25 W
Powerbank уред за полнење од 10,000 mAh (25 W) Powerbank уред за полнење од 10,000 mAh (25 W)

Galaxy S24 Ultra Pen

Користете го својот Galaxy S24 Ultra на различни начини со S Pen пенкалото. Цртајте, скицирајте или запишете си ги идеите - исто како да пишувате на хартија со пенкало! Можете и да фотографирате со притискање на копче или со помош на гест.

Купете сега

Galaxy S24 Ultra и S Pen пенкало Galaxy S24 Ultra и S Pen пенкало

Имајте на ум: ова S Pen пенкало е компатибилно само со Galaxy S24 Ultra. S Pen пенкалата од други уреди може да имаат ограничена компатибилност или да не се компатибилни со S24 Ultra.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window