Како да го поставите диспензерот на Samsung ладилник со две врати
За да уживате во свежата вода и мразот, следете ги упатствата во видеото за монтажа на дозерот во продолжение. По извршената монтажа, турете околу 10 литри вода или турајте ја водата 6-7 минути пред користење на ладилникот за да се отстранат евентуалните нечистотии од внатрешноста на системот за филтрирање на водата. Ако ви требаат повеќе информации, прочитајте во прирачникот за корисникот или обратете се во сервисниот центар на Samsung.
Забелешка:
- Дизајните на ладилникот прикажани во ова видео може да се разликуваат во зависност од регионот.
- Внимателно прочитајте ги предупредувањата и сите важни упатства за безбедност во прирачникот.
- Каде што е можно и дозволено според законот, треба да се изврши тест за електрична безбедност пред вклучување на производот.
Приложени делови
1. Средство за поправка на водоводната линија и шрафови
2. Спојка
3. Водоводна линија
4. Брава за филтерот за вода
5. Филтер за вода
6. Неповратен вентил
Потребни алати (не се доставени)
1. Крстач филипс
2. Обичен шрафцигер
3. Клуч (10 mm)
4. Инбус (5 mm)
5. Електрична дупчалка
Забелешка: алатите не се доставени со ладилникот.
Забелешка:
- Водоводната линија мора да ја поврзе квалификуван мајстор.
- Во гаранцијата за ладилникот не е вклучена монтажата на водоводната линија.
- Ако забележите дека тече вода, обратете се во локалниот сервисен центар на Samsung или кај мајстор за водовод.
Кога ќе ја поврзувате водоводната линија, проверете како е поставен неповратниот вентил во однос на насоката за проток на водата и поврзете како што е наведено (стрелка на показател). Ако не проверите дали водоводната линија е во правилна насока, може да спречите нормално работење на доводната линија.
1. Ставете ги рацете на долната лева врата од предната страна на ладилникот и извлечете ги двете црева.
2. Поврзете ги цревата со приклучоците во иста боја.
Забелешка: местоположбата на цревото за водоводната линија може да се разликува според моделот.
Одредете ја местоположбата на филтерот
Пресечете го цревото за довод на вода што се наоѓа на местоположбата од филтерот. (Местото за сечење на цревото зависи од моделот на ладилникот и местото на монтажа.)
Забелешка: погрижете се да не ја скратите должината на цревото и измазнете ги местата на пресек под правилен агол за да спречите истекување на водата.
1. Откачете го филтерот за вода и спојте го цревото.
2. Спојте го цревото на двете страни од филтерот.
Забелешка:
- МОРА ДА СЕ ИНСТАЛИРА ФИЛТЕР ЗА ВОДА.
- Задолжително инсталирајте филтер за вода.
- Ако не инсталирате филтер за вода, може постојано да навлегуваат ситни туѓи честички (песок, бигор) во водата и да предизвикаат можни дефекти во водоводниот систем.
3. Прикачете ги бравите на соодветно место поставувајќи ги и стегајќи ги бравите со цврсто стегнати завртки.
4. Вметнете го филтерот за вода во горните и долните брави стеги во правилна насока. (следете ги упатствата за филтерот)
Забелешка: задолжително проверете ја вертикалната насока на филтерот за вода. (обично е означена со маркер)
Забелешка: -водоводната линија мора да ја поврзе квалификуван мајстор. Во гаранцијата за ладилникот не е вклучена инсталацијата на водоводната линија.
1. Затворете го доводот на вода така што ќе го затворите главниот вентил за вода.
2. Пронајдете ги цевките за ладна вода, за водовод и за водата за пиење.
3. Следете ја Инсталацијата на водоводната линија од производот до приклучокот на цевката за ладна вода.
4. Склопете ги цевките со помош на спојки.
5. Поврзете ја спојката на доводот за ладна вода.
Забелешка: задолжително поврзете ја спојката на славината за ладна вода.
6. Олабавете ги и извадете ги навртките за стегање од водоводната линија на ладилникот и наместете ги на цревото за филтрирање на водата.
7. Стегнете ги навртките за стегање за да ги поврзете цревото за филтрирање на водата и водоводната линија.
8. Отворете го главниот вентил за вода и проверете дали тече некаде.
Забелешка: ако не протекува никаде, турете околу 10 литри вода или турајте ја водата 6-7 минути пред користење на ладилникот за да се отстранат евентуалните нечистотии од внатрешноста на системот за филтрирање на водата.
9. Прицврстете ја водоводната линија на мијалник или на ѕид со помош на стега.
10. Не престегнувајте ја водоводната линија. Проверете дали водоводната линија не е свиткана, стисната или згмечена.
11.Проверете дали водоводната линија е свиткана, стисната или згмечена.
Забелешка: погрижете се споениот дел на водоводната линија да биде исправен.
Отворете ја славината за ладна вода за да ја поврзете водоводната линија со ладилникот.
Забелешка: задолжително поврзете ја спојката на славината за ладна вода.
Кога ќе завршите со сите чекори, приклучете го кабелот за напојување.
1. Проверете дали копчињата за приказ функционираат беспрекорно.
2. Отворете ги вратите и проверете дали се запалени светлата во внатрешноста и дали може да се нагодува дисплејот за температура.
3. Поставете ја температурата на најладно, затворете ги вратите и почекајте најмалку еден час пред да го ресетирате дисплејот на саканите температури.
Забелешка: каде што е можно и дозволено според законот, треба да се изврши тест за електрична безбедност пред вклучување.
1. Проверете дали е вклучен дисплејот на предната врата.
2. Внимателно држете ја кофата од ледоматот со двете раце и извадете ја од жлебот за мраз.
Забелешка: оставете го ладилникот да работи најмалку 24 часа за најдобри перформанси.
3. Притиснете на копчето за тест на дното од ледоматот 3 секунди за да проверите дали работи добро ледоматот.
4. Ќе чуете звук ако ледоматот работи исправно.
5. Притиснете на копчето на панелот од диспензерот и турете малку вода и мраз за да ги утврдите нечистотиите.
Забелешка: турете околу 10 литри вода или турајте ја водата 6-7 минути пред користење на ладилникот за да се отстранат евентуалните нечистотии од внатрешноста на системот за филтрирање на водата.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window