Како да го користам режимот за греење на клима-уредот?
Клима-уредите од Samsung можат веднаш да произведат топол воздух. Може да се користи на два начина - како клима-уред во лето и како грејач во зима. Нема потреба да купувате посебен грејач и затоа е економичен. Режимот на гереење на клима-уредот може брзо да создаде топла атмосфера без долго чекање.
Контролирајте ја собната температура со клима-уредот
Со режимот на герење, клима-уредот може да Ви го затопли просторот. Ако го вклучите режимот за греење, во првите 3 до 5 минути вентилаторот може да не работи за да не дува ладен воздух дури не се загрее клима-уредот. Ако клима-уредот не грее доволно, комбинирајте со дополнителен уред за греење.
Забелешка: клима-уредот добива топлинска енергија од надворешниот воздух и ја загрева собата. Поради тоа, ако надворешната температура е многу ниска, способноста за греење се намалува.
Како да ја контролирате температурата со далечинскиот управувач
Чекор 1. Притиснете на копчето за напојување на далечинскиот управувач за да го вклучите клима-уредот.
Чекор 2. Притиснете на копчето Mode (Режим) за да го одредите режимот на работа. Секојпат кога ќе притиснете на копчето Mode (Режим), режимот се менува од Auto (Автоматски) → Cool (Ладење) → Dry (Сушење) → Fan (Проветрување) → Heat (Греење)
Чекор 3. Откако ќе го изберете режимот, поставете ја саканата температура.
Чекор 4. Ако треба, приспособете ја брзината на вентилаторот со копчињата на далечинскиот управувач.
Забелешка:
- Вистинскиот изглед на далечинскиот управувач може да се разликува од Вашиот модел.
- Оваа слика е примерок на англиски јазик, но е достапен и на јазикот во Вашата земја.
При ниска надворешна температура и висока влажност, може да се создаде мраз на надворешниот топлински разменувач, а со тоа се намалува ефикасноста за греење. При вакви услови, додека е вклучен режимот Heat (Греење), клима-уредот ја извршува функцијата Defrost (Одмрзнување) 5 до 12 минути за да го отстрани мразот од надворешниот топлински разменувач.
На внатрешната единица ќе се прикаже индикаторот df
Кога ќе биде активна функцијата Defrost (Одмрзнување), на дисплејот од внатрешната единица ќе се појави индикаторот df, а на надворешната единица ќе се создаде пареа. Тогаш клима-уредот престанува со работа за да спречи излегување ладен воздух од внатрешната единица.
Забелешка: не може да изберете други опции со далечинскиот управувач додека не заврши функцијата за одмрзнување.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window