Како да ја користам функцијата за автоматско чистење на клима-уредот?
Функцијата за автоматско чистење автоматски ја чисти и ја суши внатрешноста на внатрешната единица од клима-уредот. За да се одржува клима-уредот во оптимална состојба и за да се овозможи чистота на воздухот во домот, важно е да се чистат редовно внатрешната единица, филтрите и надворешниот разменувач.
Што претставува функцијата за автоматско чистење?
Функцијата за автоматско чистење спречуваразмножување на штетни микроорганизми со елиминирање на влагата во внатрешната единица. Оваа функција спречува корозија на калемот од испарувачот. Активирајте ја оваа функција за да добиете почист и поздрав воздух. Користењето на автоматското чистење зависи целосно од корисникот и колку често го користи. Ви препорачуваме редовно да ја користите функцијата за автоматско чистење.
Се прикажува Cl код на внатрешната единица
- Ако ја исклучите функцијата за автоматско чистење, Cl ќе се прикаже на внатрешната единица.
- Кога ќе заврши операцијата, автоматското чистење ќе работи 10 мин. (кај некои модели 15-30 мин.)
- На внатрешната единица се прикажува напредокот во чистењето (од 1 до 99%).
- По автоматското чистење, клима-уредот ќе се исклучи автоматски.
Како да ја активирате функцијата за автоматско чистење
Кога ќе ја поставите функцијата за автоматско чистење, ќе почне веднаш откако ќе го исклучите клима-уредот. Ако активирате функција додека работи автоматското чистење, функцијата за автоматско чистење ќе се ресетира и ќе се рестартира кога функција ќе запре или ќе заврши.
Чекор 1. Притиснете и држете на копчето Options (Опции) 3 или повеќе секунди.
Чекор 2. Одете на копчињата за насока (лева или десна стрелка) за да ја изберете функцијата Clean (Чистење) на дисплејот од далечинскиот управувач.
Чекор 3. Кликнете на копчето Settings (Поставки) за да потврдите.
Забелешка:
- Вистинскиот изглед на далечинскиот управувач може да се разликува од Вашиот модел.
- Оваа слика е примерок на англиски јазик, но е достапен и на јазикот во Вашата земја.
- Начин 1: Притиснете и држете на копчето Опции 3 или повеќе секунди.
- Начин 2: Притиснете на копчето Options (Опции) и одете на копчињата за насока (лева или десна стрелка) за да ја изберете функцијата Clean (Чистење) на дисплејот од далечинскиот управувач. На крај, кликнете на копчето Settings (Поставки) за да потврдите.
Забелешка:
- Вистинскиот изглед на далечинскиот управувач може да се разликува од Вашиот модел.
- Оваа слика е примерок на англиски јазик, но е достапен и на јазикот во Вашата земја.
За да го откажете автоматското чистење додека се одвива работењето, притиснете двапати на копчето за напојување од далечинскиот управувач во рок од 20 секунди.
Забелешка:
- Вистинскиот изглед на далечинскиот управувач може да се разликува од Вашиот модел.
- Оваа слика е примерок на англиски јазик, но е достапен и на јазикот во Вашата земја.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window