Најпрво, проверете ги нагодувањата на батерија на вашиот телефон
※ За „Брзо полнење“, „Супербрзо полнење“ и „Брзо безжично полнење“ би бил потребен полнач, кабел и додатоци што ја поддржуваат функцијата.
※ Безжичното полнење е поддржано само кај одредени модели на Galaxy, а подлогите се продаваат одделно.
※ Кај некои модели Galaxy се поддржува „Брзо безжично полнење“, коешто е побрзо од „Безжичното полнење“.
※ Опциите за полнење може да се разликуваат во зависност од моделот Galaxy.
Имате проблеми со полнењето?
Обидете се вака!
-
Одморете се малку и оставете го паметниот телефон да се одмори додека се полни.Прегледувањето на интернет, гледањето видео и играњето игри додека се полни телефонот доведува до бавно полнење поради заштитата од прегревање.
Особено кога повеќе апликации се вршат истовремено или ако работите со апликации на кои им треба мрежно поврзување или други уреди, стапката на потрошувачка на батерија може да биде поголема од стапката на полнење. -
Проверете во поставувањата ако брзото полнење не работи правилно.Ако не работи брзото полнење, проверете во поставувањата за да видите дали е вклучена опцијата за брзо полнење.
01 Одете во „Батерија и грижа за уред“ во „Поставувања“ и допрете на „Батерија“.
02 Допрете на „Повеќе поставувања за батерија“.
03 Проверете ја состојбата на „Брзо полнење“, „Супербрзо полнење“ и „Брзо безжично полнење“ во категоријата „Полнење“ во долниот дел.
※ Карактеристиката за брзо полнење не може да се префрли на вклучено/исклучено додека трае полнењето. Не може да вршите брзо полнење на телефонот со обичен полнач. ※ Ако не работи брзото безжично полнење, проверете во поставувањата како што е дадено погоре и задолжително користете брз полнач. -
Полнете на собна температура.Ако температурата на вашиот уред или на средината е премногу висока или премногу ниска, заштитата на уредот може да ја намалува брзината на полнење.
За стабилно и брзо полнење, препорачуваме да се врши полнењето на собна температура. -
Користете оригинален полнач од Samsung.Ако полните со USB-кабел поврзан на компјутер, напонот ќе биде понизок отколку кај оригиналниот полнач од Samsung и ќе доведе до бавно полнење.
За да се постигнат најдобри резултати, препорачуваме да се користи оригинален полнач од Samsung. -
Проверете дали има туѓи тела или влага.- Ако има заглавено туѓо тело внатре во USB-портата или кабелот, заштитата на уредот може да го исклучи полнењето заради сопствена заштита.
Отстранете ги туѓите тела со мека четка и обидете се да полните повторно.
- кај безжичното полнење, ако има некакво туѓо тело меѓу уредот и полначот, полнењето може да биде побавно.
Отстранете го туѓото тело и обидете се да полните повторно.
- Ако е забележана влага внатре во USB-портата или кабелот, заштитата на уредот ќе даде известување дека е забележана влага и ќе се исклучи полнењето.
Обидете се повторно кога ќе се исуши влагата.
※ Ако е забележана влага (икона со капка вода), извадете го полначот од уредот. Полнењето со влага може да предизвика корозија на USB-портата и оштетување на уредот.
Ако кородира USB-портата, обратете се во најблискиот сервисен центар за поправка на уредот. -
Проверете го поврзувањето на кабелот.Полнењето може да доцне ако кабелот не е правилно поврзан со уредот или полначот, ако иглата на приклучокот е деформирана заради долго користење или ако површината е рѓосана заради туѓи тела.
Ако продолжи полнењето во оваа состојба, уредот може да се оштети или да се прегрее.
Ви препорачуваме да го посетите вашиот локален Центар за поддршка на Samsung за совет.
-
Ако е батеријата целосно испразнета, почекајте да се наполни до 1% пред да го вклучите.Ако е батеријата целосно испразнета, уредот нема да се вклучи веднаш, дури и ако е поврзан приклучокот.
Нека се полни неколку минути за да достигне 1% пред да го вклучите.
-
Престана да се полни?И кај уредот и кај полначот може да се зголеми температурата во текот на полнењето.
Ова е сосема нормално. Ако температурата надмине или падне под одредено ниво, полнењето може да се исклучи за да го заштити уредот. -
Дали го користите телефонот додека се полни?Уредот може да се прегрее ако сте го започнале полнењето без да затворите одредени апликации.
Ако мислите дека уредот се прегрева, затворете ги сите отворени апликации и откачете го полначот. Продолжете со полнење откако ќе се излади уредот. -
Прегревање близу USB-портата.Ако е оштетен USB-кабелот или USB-портата на уредот, може да се прегрее.
Заменете го со нов, оригинален кабел или обратете се во сервисот за да ви го заменат. -
Прегревање на уредот при безжично полнење.- Проверете дали има туѓи метални или магнетни тела меѓу уредот и полначот, отстранете го телото и разделете го уредот од полначот.
Продолжете со полнење откако ќе се излади уредот.
- Ако се полни уредот со футрола на него, може да се прегрее поради затворениот простор.
Продолжете со полнење откако ќе ја извадите футролата. -
Полнење во околина со жешка температура.Ако уредот се полни во жешка средина, на пример во автомобил во текот на жежок летен ден, полнењето може да запре за да се заштити уредот. Обидете се да го полните во посвежа средина.
Code to Open Chat Window