Долгорочна грижа и одржување на батеријата
Дознајте како правилно да се грижите и да ја
одржувате батеријата за да биде безбедна и ефикасна.
Спречете неочекувано исклучување
Користете го уредот во оптимални температури (0°–35°C)
· Продолжено користење или чување на температура над 35°C или под 0°C ќе ги влоши перформансите на батеријата и може да доведе до неочекувани исклучувања и пократко траење на батеријата.
· Ако сте го изложиле вашиот уред на екстремни температури, пред да го употребите повторно, оставете го да се адаптира на оптималната температура на користење (0°–35°C).
· Не користете го и не оставајте го уредот во жешка околина, како на пример подолго време во жежок автомобил во лето.
· Не оставајте го и не чувајте го уредот во ладни околини, како на пример на температури под нула во зима.
Одете на Совети за поставување за да го продолжите траењето на батеријата
· Капацитетот на батеријата и часовите користење може да се разликуваат во зависност од поставките на уредот и начинот на користење.
· Секогаш користете оригинален полнач од Samsung за да избегнете уништување и оштетување на батеријата.
· Секогаш користете полнач што одговара. Некомпатибилен полнач може да ја оштети USB-портата.
· Поврзете го полначот правилно. Во спротивно, може да се оштети уредот.
· Откачете го полначот откако ќе се наполни уредот 100% за да избегнете подување на батеријата.
Ако не се користи уредот,
обидете се со следново
· Исклучете го уредот и наполнете го користејќи оригинален полнач од Samsung за да спречите празнење.
· Наполнете го уредот на околу 50-70% ако треба да стои неискористен подолго време.
· Полнете го уредот еднаш на 3-6 месеци.
· Чувајте го во ладна и сува околина за да се зачуваат перформансите на батеријата.
Code to Open Chat Window