Што да направите ако телевизорот што е регистриран на апликацијата SmartThings исчезне

Ако телевизорот или друг уред што бил регистриран на апликацијата SmartThings исчезне и не е видлив, има неколку работи што можете да ги испробате пред повторно да го регистрирате. Следете го упатството подолу бидејќи може да има лесно решение.

Слика од апликацијата SmartThings што се поврзува со паметен телевизор

Приемот на податоците може да биде бавен или може да се појават привремени прекини при вчитување на апликацијата. Ако рутерот и телевизорот се многу оддалечени, комуникацијата може да не биде беспрекорна и регистрацијата може да не успее.

1 Чекор 1 Допрете Поставки на вашиот паметен телефон.
Поставки избрани на паметен телефон
2 Чекор 2 . Допрете Врски.
Врски  избрани во менито за поставки
3 Чекор 3 . Допрете Wi-Fi.
WiFi  избрано во менито Врски
4 Чекор 4 Допрете Користење на податоци и поставете Мобилни податоци на вклучено.
Користење на податоци избрано во менито Врски

Забелешка: Ако на рутерот се поврзани повеќе од 10 уреди, регистрацијата може да не успее.

Ако не можете да го најдете вашиот телевизор на екранот дури и откако регистрацијата на апликацијата SmartThings е успешно завршена, сменете ја локацијата и проверете го списокот со сите уреди.

1 Чекор 1. Допрете Уред на дното на менито и потоа допрете го името на локацијата.
Спална соба 1 избрана во менито уреди на SmartThings
2 Чекор 2 . Кога ќе се појави скокачкиот прозорец, допрете Сите уреди.
Сите уреди избрани во паѓачкото мени во менито уреди на SmartThings
3 Чекор 3. Проверете го списокот со сите уреди.
Прикажан е списокот со уреди
4 Чекор 4 Ако вашиот телевизор не е на списокот, допрете ја иконата Почетна страница (Home) за да смените локација.
Иконата Почетна страница избрана во апликацијата SmartThings
5 Чекор 5. Изберете друга локација за да го пронајдете вашиот телевизор.
Мојот дом избран во менито локации на апликацијата SmartThings
6 Чекор 6. Проверете дали уредот се појавил на екранот.
Дневна соба означена во апликацијата SmartThings
7 Чекор 7. Изберете Сите уреди.
Сите уреди избрано во апликацијата SmartThings
8 Чекор 8. Пронајдете го вашиот телевизор на списокот со сите регистрирани уреди.
ТВ избран во списокот со регистрирани уреди

Проверете дали софтверот на вашиот паметен телефон и апликацијата SmartThings се ажурирани, а доколку е потребно, ажурирајте го и фирмверот на вашиот телевизор.

Забелешка: Апликацијата SmartThings е компатибилна со телефони со Android 8.0 или понова верзија и iOS 12.0 или понова верзија

Како да ја ажурирате апликацијата SmartThings

1 Чекор 1. Допрете Мени (трите хоризонтални линии).
Мени  избрано во апликацијата SmartThings
2 Чекор 2. Допрете Поставки на SmartThings.
Поставки избрано во апликацијата SmartThings
3 Чекор 3. Повлечете до и допрете За SmartThings.
За SmartThings избрано во менито поставки на SmartThings
4 Чекор 4. Ако е достапно ажурирање, допрете Ажурирај .
Прикажано е менито за ажурирање на софтверот

Како да го ажурирате фирмвер-от на ТВ

1 Чекор 1. Притиснете го копчето Почетна страница на далечинскиот управувач и одете до Поставки.
Поставки избрани  во менито Почетна страница на ТВ
2 Чекор 2. Изберете Поддршка > Ажурирање на софтвер.
Ажурирање на софтвер избрано во менито поставки на ТВ
3 Чекор 3 . Изберете Ажурирај сега.
Ажурирај сега избрано во менито Ажурирање на софтверот

Забелешка: 

  • Ако имате проблеми со паметниот ТВ Samsung, секогаш треба да проверувате дали има достапни софтверски ажурирања бидејќи тие може да содржат решение за вашиот проблем.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window