Што да се прави ако дојде до грешка во Samsung DeX
Ако пријавите некоја грешка што настанала додека користите Samsung Dex, ќе можеме да ја подобриме услугата со тоа што ќе ги поправиме грешките и ќе обезбедиме ажурирања. Имајте на ум дека пријавувањата на грешки содржат податоци за евиденција и може да вклучуваат некои лични податоци.
Како да се пријават грешки во Samsung DeX
Имајте предвид: Од голема помош за решавање на проблемот ќе биде и ако споделите екрански снимки што ја прикажуваат грешката.
Како да се пријават грешки преку веб-страницата за Samsung DeX
Испратете ги податоците за најава на компјутерот
- Автоматски се собираат податоците за најава
(Ако оставите коментар дека се испратени и податоците за најава на телефонот, врз основа на вашата сметка ќе ги добиеме податоците за најава на телефонот и на компјутерот и ќе ги анализираме).
Кога ќе заврши постапката, допрете на „Испрати“.
Испраќање на податоците за најава на телефонот
- Ако на телефонот се појави известување за пријавување грешка во DeX на компјутерот
- Ако на телефонот не се појави известување за пријавување грешка во DeX на компјутерот.
Откако ќе го поврзете телефонот со компјутерот, отворете ја апликацијата Samsung DeX за да го наведете проблемот.
- Ако телефонот и компјутерот не се поврзуваат
Екранот за Samsung DeX не се прикажува на мониторот или телевизорот. Што треба да направам?
Кабелско поврзување со монитор или телевизор
Ако екранот за Samsung DeX не се прикажува на мониторот или телевизорот што е поврзан преку кабел, проверете го следново:
Имајте предвид: Ако сакате да ја стартувате Samsung DeX секогаш кога ќе се поврзе монитор или телевизор, одете во „Напредни функции“ > „Samsung DeX“ во поставувањата на таблетот, а потоа овозможете „Автоматски старт кога е поврзан HDMI“.
Безжично поврзување со телевизор
Пребарувањето на уреди не го прикажува уредот во безжичното поврзување на Samsung DeX
Проверете дали екранот на телефонот правилно се прикажува на телевизорот и не ја прикажува само содржината прикажана на мобилниот уред. Списокот на телевизори достапни за поврзување може да се разликува од оној за Smart View.
Екранот за Samsung DeX не се прикажува на компјутерот. Што треба да направам?
Ако почетниот екран на Samsung DeX не се појави на компјутерот, следете ги упатствата дадени во продолжение.
Кабелско поврзување со компјутер
Имајте предвид: За компјутери со Windows, проверете дали статусот на ставката ss_conn_service2 е активна во Task Manager > Service list. Ако статусот е поставен на „Прекинување“, кликнете со десното копче на него и изберете „Старт“ за да го промените статусот.
Откако мобилниот уред ќе го препознае компјутерот, на екранот на компјутерот ќе се појави екран за вчитување. На мобилниот уред, притиснете го копчето „Започни сега“ во скок-пораката „Испрати екран на Samsung DeX“. Потоа, на екранот на компјутерот ќе се појави почетниот екран за Samsung DeX.
Проверете дали инсталираната апликација за компјутер е најновата верзија. Може да ја проверите верзијата со кликнување на копчето „Поставувања“ во горниот десен агол на насловната лента на прозорецот, па потоа кликнете на копчето „Ажурирај“ под „За Samsung DeX“.
Рестартирајте го компјутерот откако ќе ја ажурирате апликацијата или дури и ако таа веќе била ажурирана.
Имајте предвид: Ако Samsung DeX не работи правилно на компјутер што работи на платформата Snapdragon на Qualcomm (Windows на ARM), препорачуваме да го поврзете компјутерот преку USB-конектор наместо директно да го поврзувате со помош на USB-кабел.
Безжично поврзување со компјутер
Имајте предвид: Ако наместо опцијата за избор се појави „DeX на телевизор или монитор“, тогаш изберете ја иконата за повеќе опции во горниот десен дел на прозорчето и притиснете на „Префрли на компјутер“.
Пребарувањето на уреди не го прикажува компјутерот во безжичното поврзување
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window