Што е Samsung Smart Switch?
Една од главните задачи на Samsung е да го олесни секојдневието. Токму затоа ја создадовме Samsung Smart Switch, апликација што ви овозможува да поврзете разни уреди кои се компатибилни со Samsung уреди.
Samsung Smart Switch е услуга што ви помага попрактично да преминете на Galaxy уред. Поддржани уреди се Galaxy, Android™, iPhone™ и Windows Mobile™ уреди.
Може брзо и лесно да префрлате податоци од претходниот уред на новиот Galaxy уред. Исто така, Smart Switch ви овозможува да направите резервни копии или да враќате податоци од Galaxy уредите на компјутер или мемориски SD-картички.
За да дознаете кои производи ги поддржува Smart Swith, погледнете го списоков:
- Опција за испраќање:
- Android™/Galaxy и таблети: Android™ OS 4.3 или понова верзија.
- iPhone™: iOS 5.0 или понова верзија (уред на кој е поддржано iCloud™).
- Windows Mobile™ телефон: Windows Mobile™ OS 10.
- Опција за примање:
- Сите Samsung паметни телефони и таблети (не се поддржани други уреди).
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window