Што е Samsung Flow?
Samsung Flow е софтверски производ кој овозможува беспрекорно, безбедно, поврзано искуство на вашите уреди.
Со Samsung Flow може да го автентицирате својот таблет/компјутер со паметниот телефон, да споделувате содржина помеѓу уредите и да ги синхронизирате известувањата или да гледате содржини од паметниот телефон на таблет/компјутер. Може да ја вклучите мобилната точка на пристап на паметниот телефон за да го одржувате таблетот/компјутерот поврзан.
Имајте предвид: Автоматското поврзување со точка на пристап не е достапно за Android™ 11(R) OS.
Следниве уреди поддржуваат Samsung Flow
- Windows™ таблет/компјутер: Windows™ 10 OS ажурирање (V1703) и безбедносни печови од јуни (15063.413).
- Android™ таблет: Android™ N OS или понова верзија.
- Android™ телефон: Android™ N OS или понова верзија.
Имајте предвид: Некои модели може да не поддржуваат Samsung Flow, во зависност од спецификациите на паметниот телефон. Samsung Flow работи само на официјален софтвер објавен од Samsung Electronics. Windows™: Bluetooth (Bluetooth LE - незадолжително) или Wi-Fi/LAN, директно Wi-Fi.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window