Што е SmartThings Find (Find My Mobile)?
Find My Mobile сега е дел од SmartThings Find. SmartThings Find не само што ви помага полесно да ги најдете уредите Galaxy, вклучувајќи ги Galaxy Watch, Galaxy Buds и паметните ознаки со активиран SmartThings, туку ви овозможува и да споделувате локации со вашите контакти и да добивате известувања кога уредот е присутен или ќе напушти одредена локација со помош на софтверот за геооградување. Ако го загубите уредот, како на пример мобилниот телефон, таблетот или уред за носење Samsung, може да овозможите Find My Mobile за да го следите уредот и да ги заштитите своите податоци.
Како функционира SmartThings Find
Со SmartThings Find може да наоѓате мобилни телефони, таблети и уреди за носење (часовник, слушалки итн. со регистрираните сметки на Samsung.
Ако користите повеќе уреди, може да го најдете и да го проверите списокот на регистрирани уреди кога пристапувате на сметката на Samsung од веб-локацијата на SmartThings Find.
SmartThings Find има карактеристики како што се: следење загубени уреди, активирање звуци за ѕвонење, заклучување уреди, бришење/правење резервна копија од податоците за да ви помогне да ги најдете и да управувате со своите уреди и да ги заштитите вашите информации. Ако имате повеќе од еден уред, може да ги проверите преку SmartThings Find на другите уреди.
Имајте предвид: треба да имате податочна мрежа (интернет-врска како мобилни податоци или Wi-Fi) за да ја активирате оваа функција.
Уреди што поддржуваат SmartThings Find (Find My Mobile)
- Мобилни телефони, таблети и некои уреди за носење Samsung како што се Galaxy Watch, Galaxy Buds итн. (SmartTag и уреди компатибилни со SmartTag од трета страна што може да се регистрираат на SmartThings).
Имајте предвид: поставката Find My Mobile мора да биде овозможена на уредот. (Поставки на уредот > сметка на Samsung > Find My Mobile).
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window