Какви промени се внесуваат со Galaxy Themes?
Galaxy Themes ви овозможува да промените многу визуелни аспекти од телефонот. Зависно од избраната тема, секоја од нив може да има своја заднина, икони или фонтови.
Кога ќе изберете нова тема, може да се сменат следниве работи:
- Екранот за заклучување и заднината на почетниот екран.
- Иконите на апликациите.
- Визуелниот дизајн кога работат апликации овозможени од Samsung, како на пример телефонот, контактите, пораките и тастатурата.
- Звуковите како тонот на ѕвонење, допирот на екранот и друго.
- Фонтовите во некои делови.
- Целосниот изглед на уредот.
Имајте предвид: Не се менуваат сите претходно наведени ставки. Опсегот на промените може да се разликува во зависност од темата, така што деталите за секоја тема може да ги најдете во „Опис“.
Сакам да се вратам на стандардната тема
Ако сакате да ја вратите стандардната тема, следете ги следниве чекори:
Сакам поединечно да ја менувам заднината, иконите и AOD функцијата откако ќе поставам некоја тема
Откако ќе поставите некоја тема може слободно да ја менувате другата содржина како што е заднината, иконите или AOD функцијата.
- За да поставите друга заднина/икона/AOD функција на избраната тема, следете ги следниве чекори:
1
Отворете ја апликацијата Galaxy Themes и допрете на опцијата „Мени“.
2
Допрете на „Мои работи“ и изберете ја картичката за заднина, икони или AOD функција за содржината што сакате да ја поставите.
- За да ја поставите стандардната Samsung позадина откако сте поставиле тема, следете ги следниве чекори:
1
Отворете ја апликацијата Galaxy Themes и допрете на опцијата „Мени“.
2
Допрете на „Мои работи“ и отворете ја картичката „Заднини“.
3
Допрете „Однапред вчитани“ и изберете ја заднината што сакате да ја поставите.
- За да ги поставите стандардите Samsung икони откако сте поставиле тема, следете ги следниве чекори:
1
Отворете ја апликацијата Galaxy Themes и допрете на опцијата „Мени“.
2
Допрете на „Мои работи“ и отворете ја картичката „Икони“.
3
Изберете ја иконата „Стандардно“.
- За да поставите стандардна AOD функција, следете ги следниве чекори:
1
Отворете ја апликацијата Galaxy Themes и допрете на опцијата „Мени“.
2
На овој екран, допрете на „Мои работи“ и отворете ја картичката „AODs“.
3
Изберете „Стандардна“ AOD функција.
- За да поставите слика од Галерија како заднина откако сте поставиле тема, следете ги следниве чекори:
1
Отворете ја апликацијата Galaxy Themes и допрете на опцијата „Мени“.
2
На овој екран, допрете на „Мои работи“ и отворете ја картичката „Заднини“.
3
Изберете ја иконата „Галерија“ и изберете ја личната фотографија што ја сакате.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window