Како да ја проверите вашата верзија на Samsung Health
Samsung Health е апликација што го следи вашето вежбање, ги управува вашите спортски навики и ви овозможува да го контролирате своето здравје со податоци за исхрана и совети како да останете во најдобра форма. Подолу дознајте повеќе за тоа како Samsung Health да ви биде според најновата верзија.
Верзијата на Samsung Health може да ја проверите на два начина:
- Отворете ги Поставките, одете до опцијата Апликации и пребарајте Samsung Health. Овде може да ја проверите верзијата на апликацијата во долниот дел на екранот. Може да допрете и на Детали за апликацијата за да ја проверите верзијата.
- Одете до главниот екран на Samsung Health, допрете на иконата повеќе, и кликнете „Поставки“. На крај изберете „За Samsung Health“.
Имајте предвид: Чекорите за да влезете во Поставките може да се разликуваат во зависност од уредот или верзијата на Samsung Health.
Ако сакате да ја ажурирате вашата апликација Samsung Health, тогаш пребарајте ја во Galaxy Store или во Google™ Play Store и допрете „Ажурирај“.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window