Поврзување на уреди со Bluetooth со вашиот телефон со SmartThings
Уредите со Bluetooth се удобни и полесни за користење со SmartThings и компатибилни уреди, како што се слушалките и звучниците што можат беспрекорно да се поврзат со апликацијата SmartThings на Bашиот телефон.
За полесно користење, спарените уреди остануваат поврзани со Bашиот телефон дури и ако излезете од SmartThings.
Со апликацијата SmartThings, можете да ги следите и контролирате Bашите паметни уреди или апарати директно од Bашиот телефон. Без разлика дали сте заборавиле да го исклучите телевизорот пред да излезете од дома наутро или сакате светилките автоматски да се вклучуваат навечер кога ќе пристигнете од работа, тука е SmartThings. За да се поставите и да започнете да уживате во сите поволности на поврзаниот дом, следете ги овие чекори:
На Bашиот телефон Galaxy
На вашиот iPhone
Поврзаните уреди со Bluetooth може да се најдат во Листа на уреди.
На Bашиот телефон Galaxy
Само повлечете надолу од горниот дел на екранот со два прста за да го отворите изборникот за брзи поставки, а потоа допрете Контрола на уред. Допрете го саканиот уред со Bluetooth за да ги видите неговите достапни поставки или повторно да го поврзете ако моментално не е спарен. Овој изборник е достапен само на телефони со Android 10 или понова верзија.
На Bашиот iPhone
Навигирајте до и отворете Поставки, а потоа допрете Bluetooth. Уредите што се моментално спарени или претходно биле спарени ќе се појават на оваа страница. Ако уредот моментално не е спарен, проверете дали Bluetooth е вклучен и потоа допрете го саканиот уред за да се поврзете со него. Може да ја допрете и иконата info десно од уредот за дополнителни информации.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window