Дали може да се смени името на песната или албумот во Samsung Music?
Samsung Music ви дава можност да ја приспособувате содржината така што ќе ги преименувате песните или албумите онака како што сакате.
Доколку сакате да го смените името на песната или албумот, само следете ги овие чекори:
1
Отворете ја Samsung Music апликацијата на екранот од музичкиот плеер, изберете го копчето „Повеќе“ во горниот десен агол на екранот.
2
Изберете ја опцијата „Детали за песната“ и допрете „Уреди“.
3
Сега може да го измените името на изведувачот, на песната, итн.
Може да ја смените и насловната слика на албумот преку опцијата „Смени насловна слика“ во менито „Повеќе“ на страницата со детали за албумот.
Имајте предвид: Не е поддржано додавање текст. За некои песни, изменувањето на информациите и насловната слика може да не е поддржано.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window