За SmartThings за Galaxy часовник
Апликацијата SmartThings сега може да се користи од вашиот Galaxy часовник. Со оваа апликација, можете да го користите вашиот Galaxy часовник за да гледате и контролирате различни IoT уреди.
Клучни карактеристики
- Погледнете го статусот на уредите регистрирани под ¨Омилени¨ на вашиот паметен телефон.
- Сцените додадени во ¨Омилени¨ на вашиот паметен телефон може да се гледаат и да се прикажуваат на вашиот часовник.
- За некои уреди е можна подетална контрола.
Забелешка: Поддржани уреди: Телевизори, звучници, клима уреди, роботски правосмукалки, осветлување (5 типа).
1) ТВ: Променете го каналот, прилагодете ја јачината на звукот, поставете го на тивко, одете на претходниот канал.
2) Звучник: Прилагодете ја јачината на звукот, поставете го на тивко, контрола на репродукција на музика (старт/стоп, претходна песна/следна песна).
3) Клима уред: Поставување на температурата, внатрешна температура.
4) Робот правосмукалка: Прилагодете ја насоката (напред, вртење лево, десно вртење), започнете со чистење/пауза, започнете со полнење
5) Осветлување: Прилагодување на осветленоста, мешавина на бои.
- Не може да се додадат нови уреди преку апликацијата SmartThings за Galaxy часовник.
За да поврзете нов уред, користете ја апликацијата SmartThings инсталирана на вашиот мобилен телефон.
Модели на Galaxy часовник кои ја поддржуваат апликацијата SmartThings
Апликацијата SmartThings може да се инсталира и користи на сите модели на Galaxy часовник4 и Galaxy часвоник4 класик, како и на сите модели што ќе бидат лансирани потоа.
Како да ја инсталирам апликацијата SmartThings
- Преземете ја апликацијата од продавницата на Google Play.
2. Најдете ја апликацијата во апликацијата Google Play на вашиот паметен телефон и изберете „Инсталирај на друг уред“.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window