Galaxy Z Flip4
![Два уреди Galaxy Z Flip4 во светловиолетова боја се ставени еден до друг. Едниот е отворен под агол од 90 степени, а на неговиот главен екран е прикажана виолетово-жолта заднина во вид на панделка. Другиот е затворен и на неговиот надворешен екран ја има истата заднина како на главниот екран на другиот уред.](http://images.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip4/images/galaxy-z-flip4_highlights_kv.jpg)
Избери боја што одговара на сè — но не е како ниедна друга. Заматениот финиш на стаклото создава суптилен контраст на сјајната полирана метална рамка. Избери од следниве четири нијанси: Светловиолетова, графитна, розово-златна и сина.1
Времето на планирање на гардеробата според телефонот заврши. Мал, но моќен и кога е преклопен, Galaxy Z Flip4 е компактен паметен телефон, во вистинската големина да се собере в џеб кога е време да се остави впечаток.2
Екранот од 6,7 инчи открива прекрасен поглед благодарение на ултратенкото стакло.4 Напредната издржливост го прави посилен од кога било – издржува повеќе од 200.000 преклопувања.5, 6
Galaxy Z Flip4 е направен да биде издржлив, и одвнатре и однадвор. Ова е нашиот најцврст телефон на преклоп досега со ексклузивното стакло Corning® Gorilla® Glass Victus®+. Рамката е заштитена со Armor алуминиум — нашата најцврста алуминиумска рамка.
За што се грижиш? Ова се првите водоотпорни паметни телефон на преклоп во светот.6 Може да издржи потопен во вода длабока 1,5 метар, во временски период до 30 минути без проблем.
Ноќта станува посветла со Nightography на задната камера. Деталите се истакнуваат дури и во темница со поголемите пиксели на широкоаголната камера. Кажи „птичка“!
Nightography не е само за фотографии, туку и за видеа. Кога ќе започне акцијата, видеото се снима непречено, нема тресење, а OIS и VDIS се подобрени. Моќното обработување ѝ овозможува на опцијата Super Night Solution да го намали шумот, така што снимките од екипата ќе бидат јасни, дури и ноќе.
Ја претставуваме FlexCam. За многу нови доживувања на камерата, без да користите раце. Искористи ги подвижните агли на телефонот за да направиш групни фотки, селфи фотографии и видеа од неверојатни перспективи и со впечатливи живописни детали — дури и во апликациите за друштвените мрежи.7
Без да го отворате телефонот, правете селфи со задната камера додека насловниот екран ви дава преглед во реално време. Проверете се оддалеку со визир на цел екран или допрете за да го видите оригиналниот сооднос за да бидете сигурни дека сите се во рамката. А со новите надградби на софтверот, Quick Shot може приспособливо да се отвора сѐ додека FlexCam не ја преземе контролата, за да може да снимате фотографии без раце при високи и ниски агли.9
Разговарајте преку видеоповик на Google Meet.10 Можеби дури и имајте филмска вечер од вашиот телефон, гледајќи видео со висок квалитет со вашите пријатели преку споделување во живо. Со синхронизираните видеа, видете ги реакциите на дејството што другите ги имаат во реално време.11
Создавањето содржина веќе стана полесно. FlexCam успешно ви овозможува да ја проширите вашата режисерска гледна точка, овозможувајќи ви да се снимате себеси, вашите пријатели или вашите актери од нови агли.9 А штом вашиот филм ќе биде подготвен за премиера, едноставно поставете го на вашите социјални медиуми за да ги добиете заслужените пофалби.
Со толку моќна батерија, може да разговараш колку сакаш. Надградениот процесор од 4 nm работи со долготрајната (типична) батерија од 3700 mAh за да работи со часови.10,11
Кога батеријата е празна, вклучи го на супербрзо полнење или воопшто не користи го кабелот со брзото безжично полнење 2.0.12 Со толку енергија, може и да ја споделуваш со пријател или да ги наполниш слушалките со безжичниот PowerShare.13
Со приспособливиот надворешен екран од 1,9 инчи, добиваш уште едно платно на кое може да се изразиш.15 Менувај го како и колку сакаш со твоите видеа, фотографии или сопствен емотикон во AR за да го персонализираш лицето на часовникот. Со толку многу контрола лесно може да го ажурираш со твоето расположение, времето или да ти одговара на облеката.
Вашите дневни редовни дигиталци, директно на насловниот екран. Контролирајте го телефонот со допири и лизгање на насловниот екран од 1,9 инчи.17 Пристапувајте до Брзите поставки, одговарајте на текстуланите пораки и додавајте виџети за да ги имате апликациите на дофат на раката – не е потребен главен екран.
Сега е полесно да ги следиш своите навики. Следи ги навиките за спиење директно од раката со помош на Galaxy Watch5 кој ги бележи и нив и многу повеќе.16 Штом ќе те запознае, ќе го дознаеш твоето животно и ќе добиеш корисни совети во врска со спиењето.
*Galaxy Z Fold4, Galaxy Watch5 и Galaxy Buds2 Pro се продаваат одделно.
Smart Switch го олеснува префрлувањето од стариот телефон на Galaxy Z Flip4 — дури и ако досега не си имал Samsung Galaxy. Во само неколку чекори може да ги префрлиш фотографиите, пораките и многу повеќе.18
Играњето, извршувањето повеќе задачи истовремено или извршувањето повеќе задачи истовремено додека играте е непречено и беспрекорно. Galaxy Z Flip4 сега го има најмоќниот чип од Samsung Galaxy Foldables.21
Со надградена камера опремена со 65 % посјаен сензор*
овозможен од мобилната платформа Snapdragon® 8+ Gen 1,
фотографиите и видеата се појасни и постабилни – дење
или ноќе.
*Споредено со Galaxy Z Flip3 5G.
Каде и да сакате да го споделите моментот, однесете го брзо! 5G поврзувањето ви овозможува да пренесувате, преземате и објавувате содржини со хипербрзи брзини.22
Отсега може да снимате дење или ноќе, така што ви треба простор за да ја задржите вашата уметност при рака. Наполнете ја вашата Gallery со до 256 GB вграден простор за складирање.
Синхронизирајте ја Gallery со OneDrive и уживајте во 6 месеции со 100 GB простор за складирање во облакот на OneDrive со Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Flip4.*Применливи се правила и услови.
Samsung Knox е вграден во хардверот и софтверот на телефонот, штитејќи го секој слој на безбедност за да ги зачува твоите податоци и нивната приватност.
Главниот екран се отклучува брзо и прецизно со еден допир на скенерот за отпечаток од прст — скенерот го држи телефонот заклучен со отпечаток.
One UI ти помага да го направиш твојот Android телефон уникатен. Приспособи ги надворешниот и главниот екран да ти одговараат на вкусот и на начинот на кој сакаш да го користиш телефонот.
Продолжи на One UIGalaxy Z Flip4 доаѓа во светловиолетова, графитна, розово-златна и сина. Може да го приспособиш телефонот со предни и задни панели и рамки. Избери си комбинација на бои кога ќе нарачуваш преку Samsung.com.1,2
ПРОДОЛЖИ НА БОИПокомпактниот Galaxy Z Flip4 има поголема батерија, побрз процесор и поцврст дизајн од својот претходник. Надворешниот екран е поприспособлив од кога било досега. Galaxy Z Flip4 снима дури поквалитетни слики во слабо осветлени средини благодарение на подобрената широка камера. А сега има и повеќе апликации од трети страни оптимизирани за Flex режим, како и повеќе начини да се користат повеќе прозорци на еден екран.
Galaxy Z Flip4 е одличен за селфи слики и видеоповици поради неговиот дизајн на преклопување. Се преклопува и се претвора во сопствен статив за да може да вршиш повици без користење на рацете или може да го поставиш и да сликнеш оддалеку, така што никој нема да биде отсутен од групната фотографија. Може дури и да ги гледаш селфи сликите на надворешниот екран, без да го отвораш телефонот.2
ПРОДОЛЖИ НА КАМЕРАGalaxy Z Flip4 се напојува со интелигентна двојна батерија од 3.700 mAh (вообичаено).12, 13 Се полни побрзо од нејзиниот претходник кога е приклучена и сега поддржува Super Fast Charging и Fast Wireless Charging..14, 15
ОДИ НА БАТЕРИЈАОсмисли изглед на часовникот што ќе го изразува твојот стил или постави видео како тапет на надворешниот екран. Но, не е сè во изгледот. Може да додаваш виџети и да одговараш на известувања без да го отвориш телефонот.
ПРОДОЛЖИ НА ПРИСПОСОБИ ГОНАДВОРЕШНИОТ ЕКРАНGalaxy Z Flip4 е направен од цврсти материјали како што е Corning® Gorilla® Glass Victus®+, Armor алуминиум и ултратенко стакло што прават да биде еден многу отпорен уред. Плус, ова се првите водоотпорни паметни телефони на преклоп во светот.6
ПРОДОЛЖИ НА ИЗДРЖЛИВОСТ