Види што е ново со One UI 7
One UI 7 ти дава моќ да правиш сѐ што сакаш со леснотија, сега повеќе од кога било порано, со Galaxy AI. Подобри ја комуникацијата, ослободи ја креативноста и заврши ги сите обврски. Сѐ е под твоја контрола.


Galaxy AI
Веднаш побарај што било на твојот екран
Galaxy AI нека ти помогне во пишувањето, така што ќе допреш на иконата со 4 ѕвезди што се појавува секогаш кога ќе селектираш текст. Може да коригираш правопис и граматика, да го менуваш тонот, да резимираш или да применуваш форматирање. Дури, може да почнеш со краток дел, па AI да продолжи со пишување наместо тебе.1
Транскрибирај и резимирај снимени повици
Сега е полесно од кога било досега да ги прегледуваш содржините на снимените повици во апликацијата Samsung Phone. Може да го видиш целиот разговор како транскрибиран текст на екранот Recents или да го резимираш транскриптот за брз преглед.2, 3, 4, 5
Отстранувај ги или приспособувај ги звуците во видеата
Функцијата Audio Eraser ти помага да го поправиш звукот на видеата. Може да ги отстраниш несаканите звуци, како ветар или бучава од гужва.6, 7
Создавај слики со леснотија
Со функцијата Drawing Assist сега е полесно од кога било досега да создаваш забавни слики. Започни со едноставна скица, додај слика или напиши што сакаш да креираш. Може да генерираш слики во многу разни стилови.8
Чита истакнати делови од веб-страници на глас
Слушај ги истакнатите делови од написи и веб-локации додека прелистуваш или стави ги најважните вести од портали за вести за непречено слушање во Samsung Internet. 9
Добивај корисни предлози со AI Select
Кога селектираш дел од екранот со AI Select, ќе добиеш предлози за корисни дејствија врз основа на тоа што е селектирано. Ако дел од селектираното се детали за настан, ќе имаш опција да го додадеш во својот календар. Ако селектираш слика, ќе добиеш предлози за уредување на сликата.
Пребарувај попаметно во Поставки
Полесно е да го најдеш тоа што ти треба пребарувајќи на природен јазик, овозможено со AI. Кога пребаруваш во Поставки, добиваш попрецизни и порелевантни резултати, дури и ако не го знаеш точното име на поставката што се обидуваш да ја најдеш. 10
Брз пристап до AI функциите
Функциите Galaxy AI сега се достапни со брзо повлекување, без разлика која апликација ја користиш. Кога повлекуваш навнатре од работ на екранот за да го отвориш панелот за апликации, функциите Galaxy AI ќе се појават најгоре на панелот.
Пристапи до корисни информации со помош од Google
Притисни и задржи го страничното копче за да пристапиш до Google Gemini
Притисни долго на страничното копче како начин за пристап до Google Gemini без да одиш преку апликацијата. Може да го приспособиш начинот на кој пристапуваш до AI асистентите преку Поставки.11
*Не е достапно во Кина, Русија, Белорусија, Хонгконг и Макао.
Имај предвид дека ова одрекување од одговорност не важи за земјите каде што не е поддржан Google Gemini.
Завршувај повеќе задачи со едно прашање
Google Gemini сега е интегриран во апликациите на Samsung, како Calendar, Notes, Reminder и Clock. Може да завршуваш задачи во овие апликации користејќи информации од Gemini со една едноставна команда. Прашај го Google Gemini за некое видео на YouTube и зачувај го резултатот во Samsung Notes или, пак, побарај од Google Gemini да го најде распоредот на твојата омилена спортска екипа и да ги додаде натпреварите во календарот.11
Заокружи, пронајди. Слушни, пронајди
Функцијата Заокружи за пребарување со Google ти овозможува да пребараш што било од екранот и побрзо да добиеш информации со AI Overviews. Само заокружи нешто—на пример, слики, видеа или текст—и веднаш ќе добиеш резултати. Можеш дури да пребараш и песна што ја слушаш во моментот без да се префрлаш од една на друга апликација.12
Нов смел изглед
Визуелни подобрувања
Уживај во пософистициран и уникатен изглед. One UI 7 доаѓа со извонреден редизајн на клучните елементи, вклучувајќи ги копчињата, менијата, известувањата и контролните ленти, нудејќи поусогласено визуелно искуство со заоблени форми и кругови. Прекрасните нови бои, нежните анимации и иновативниот ефект на заматување што ги има само One UI, овозможуваат појасна хиерархија на информациите и ти помагаат полесно да се фокусираш на она што е важно.
Преосмислен почетен екран
Освежените икони на апликациите ќе изгледаат одлично на почетниот екран, со нови визуелни метафори и шеми на бои што овозможуваат полесно препознавање на апликацијата што ти треба. Помошните апликации се целосно редизајнирани со пошарени слики и поусогласен изглед. Исто така, папките на почетниот екран може да се зголемат за да можеш да пристапуваш до апликациите без да мораш прво да ја отвориш папката.
Поедноставен изглед на почетниот екран
Почетниот екран сега изгледа подобро од кога и да било досега. Новиот стандарден изглед во вид на мрежа ја задржува симетријата на нештата и го олеснува користењето на помошните апликации на One UI во стандардни големини.
Подобрен приказ во хоризонтален режим на почетниот екран
Добиј поусогласен изглед на почетниот екран, дури и кога го користиш телефонот во хоризонтална насока. Помошните апликации сега имаат сличен сооднос на аспект во хоризонтален режим, а текстуалните ознаки се појавуваат под иконите наместо покрај нив.13
Приспособување на стилот на апликациите и помошните програми
Направи го почетниот екран да изгледа баш како што сакаш. Сега може да ја приспособиш големината на иконите на апликациите и да избереш дали да се прикажуваат текстуалните ознаки под иконите на апликациите и помошните програми. Исто така, може да им ја приспособуваш формата, заднинската боја и проѕирноста во поставките на секоја програма.
Заклучување на екранот и опција Always on Display
Важните задачи нека бидат на прво место со Now Bar
Провери ги информациите што ти требаат за миг и стартувај важни функции без да го отклучуваш телефонот. Тековните задачи ќе се појават во Now Bar најдолу на заклучениот екран за да можеш брзо да ги проверуваш информациите. Информациите вклучуваат медиумски контроли, Stopwatch, Timer, Voice Recorder, Samsung Health и други.14
Направи го часовникот да изгледа баш како што сакаш
Откриј многу нови изгледи на часовникот за заклучениот екран. Може да ја приспособуваш дебелината на линиите во стандардниот изглед на часовникот или да испробаш некој од анимираните часовници ако ти одговара повеќе на стилот. Исто така, може да ја менуваш големината на часовникот како што сакаш и да го повлечеш на посакуваната позиција на екранот.
Повеќе помошни програми и кратенки
Сега може да гледаш повеќе и да правиш повеќе дури и кога телефонот ти е заклучен. Додај помошна програма за приказ на слики и приказни од Gallery или направи кратенка што го отвора скенерот за QR code со брзо повлекување.
Брз панел и известувања
Посебни панели за известувања и брз панел
Веднаш пристапи до панелот што ти треба со повеќе простор за брзи поставки. Повлечи надолу од горниот десен агол на екранот за да го отвориш Брзиот панел со поставки. Повлечи надолу од каде било од горниот крај на екранот за да го отвориш панелот со известувања.
Персонализирај го брзиот панел
Уреди го изгледот на брзиот панел како што ти одговара најмногу. Може да допреш на иконата молив најгоре во брзиот панел за да влезеш во режим на уредување, потоа помести ги копчињата и контролите нагоре и надолу како што ти одговара.
Известувања во живо
Биди во тек со сѐ што се случува моментално. Известувањата во живо го покажуваат напредокот на тековните активности, како тајмери, гласовни снимки, вежби и друго, за да можеш брзо да реагираш во врска со нив. Известувањата во живо ќе се појават во Now Вar на заклучениот екран, на статусната лента и најгоре во панелот со известувања.
Нов изглед на известувањата
Иконите за известувањата сега се исти како иконите што се појавуваат на почетниот екран, со што лесно може да се препознае која апликација го праќа известувањето. Групните известувања се појавуваат како шпил карти. Допри на шпил за да се прикажат сите известувања во групата.
Снимај слики со леснотија
Нов изглед на камерата
Копчињата, контролите и режимите на камерата се реорганизирани за да ти биде полесно да ги најдеш потребните функции и да имаш почист преглед на сликата или видеото што го снимаш.
Подобрување на бирањето режим
Менито More modes (Повеќе режими) е редизајнирано. Наместо да го исполнува целиот екран и да го блокира погледот на камерата, сега може да избереш режим од мал скок-прозорец што го покрива само долниот дел на екранот.
Подобрена контрола на зумот
Сега е полесно да го бираш степенот на зумирање. Копче за 2х зум сега е стандардно достапно, а дополнителни опции за зум се појавуваат откако ќе избереш објектив.
Надградени филтри
Филтрите на камерата се целосно преправени. Достапни се нови филтри, а постоечките се подобрени. Секој филтер овозможува фини приспособувања на интензитетот, топлината на боите, контрастот и сатурацијата, со што полесно ќе го добиеш посакуваниот изглед. Исто така, може да создадеш персонализирани филтри врз основа на стилот и амбиентот на сликите што ќе ги избереш.
Зачувај ги поставките за експозиција за секој режим
Контролирај колку светли или темни да бидат сликите со опцијата за експозиција и брзите контроли на камерата. Откако ќе ја поставиш експозицијата во некој режим, таа ќе остане поставена во тој режим дури и ако се префрлиш на други режим и се вратиш.
Подобрени Pro/Pro video режими
Режимите Pro и Pro Video имаат поедноставен изглед за да ти биде полесно да се фокусираш на сликата или на видеото што го снимаш. Достапна е нова контрола на зумот кога снимаш во режим Pro Video којашто ти овозможува да ја контролираш брзината на зумот за непречени транзиции. Контролите на микрофонот во режимот Pro Video се преместени во брзи контроли.
Добиј совршено осветлување со мониторите за експозиција
Новиот монитор за експозиција за режимите Pro и Pro Video ти помага да ја постигнеш вистинската експозиција во сликите и видеата. Избери шаблон Zebra за да се покажат ленти на областите што се во премала или преголема експозиција или избери False color за да доделиш боја на сѐ врз основа на нивото на експозиција.15
Напредно монтирање видеа со Log Video
Добиј професионална контрола врз градацијата на боите на видеото со снимање во log-формат. Само вклучи Log во поставките на камерата и во прегледот, па почни со снимање. Работи во режимите Video и Pro Video. 15
Репродуцирај звук додека снимаш видеа
Сега може да снимаш видеа без да ја прекинуваш музиката, поткастите или други аудиосодржини што ги слушаш. Само вклучи ја опцијата Audio playback во напредните опции за видео.
Намести го совршениот кадар
Добиј помош при приспособување на позицијата на камерата со помош на мрежи и нивоа. Мрежите сега може да се вклучуваат и исклучуваат одделно од хоризонталното ниво. Додадена е и нова опција за прикажување на вертикално ниво.
Уживај во посебните моменти
Колажи во слободна форма
Покрај готовите колажи, сега имаш и колажи во слободна форма во Gallery. Може да ја приспособуваш големината, позицијата и ротацијата на сликите во колажот за да создадеш твој уникатен изглед.
Уредувај колажи во приказни
Уреди ја приказната во колаж баш каков што сакаш. Сега имаш целосна контрола врз уредувањето на колажите што ги создаваш во приказните. Заменувај, отстранувај или додавај слики или, пак, приспособувај им ја позицијата и големината.
Истакни го твојот најдобар израз на лицето
Замени го лицето на кое си со затворени очи или чуден израз со лице кое ти се допаѓа повеќе. Кога снимаш видео, секој кадар се анализира за да ти предложи лица што можеби ќе сакаш да ги избереш.16, 17, 18 ,19
Ефекти на Motion Photo
Додавај забавни ефекти на видеата, како забавено движење или бумеранг. Откако ќе примениш некој ефект, веднаш може да го споделиш резултатот како видео.16
Моќно монтирање видеа
Лесно поништи ги уредувањата
Не грижи се дека ќе погрешиш. Опциите Undo (Поништи) и Redo (Повтори) сега се достапни додека ги уредуваш видеата за дејствија како трансформации, филтри и промена на тонот.
Автоматско сечење на видеото
Заштеди време и избегни го комплицираното монтирање на видеата. Опцијата Auto Trim ги наоѓа најдобрите делови од видеото и автоматски ги исекува непотребните делови, така што видеото е спремно за споделување или за понатамошно уредување.
Додај анимации на видеата
Додавај забавни анимирани ефекти со налепници и текст во видеата со опцијата Studio. Избери од избледување навнатре, избледување нанадвор, прелевање, ротирање и многу повеќе.
Управувај со своето здравје
Грижи се за својата ментална рамнотежа
Новата функција Mindfulness во Samsung Health може да ти помогне да управуваш со стресот и анксиозноста во секојдневниот живот. Следи ги своите расположенија и емоции, вежбај дишење и медитација и многу повеќе.20
Нови значки Samsung Health
Задржи ја мотивацијата и работи на своите здравствени цели додека заработуваш нови значки во Samsung Health. Постави си предизвик да освоиш нови значки за секој енергетски резултат, вежба, активност, храна, вода, состав на телото и многу други.20
Зголеми ја продуктивноста
Прегледи на минимизирани апликации
Кога повеќе скок-прозорци од иста апликација се минимизирани, тие ќе се спојат во една икона. Со допирање на иконата ќе се прикаже преглед на сите отворени прозорци од апликацијата, со што лесно ќе можеш да го избереш оној што ти треба.
Групирај ги алармите
Создај групи аларми што сакаш да ги контролираш заедно во апликацијата Clock. Може да ги исклучиш сите аларми во една група со еден допир.
Сите аларми може да бидат со иста јачина
За поедноставно поставување, сите аларми ќе ја користат истата јачина стандардно. Ако претпочиташ да има различна јачина за секој аларм, тоа може да го избереш во поставките на апликацијата Clock.
Подобрено бирање датотеки
Со новата опција File Picker можеш лесно да прикачуваш и бираш датотеки во неколку апликации. Лесно може да се префрлаш од една до друга локација за складирање и категорија, а се прикажуваат и прегледи за да ги избереш точните датотеки со сигурност.
Напредни опции за рутини
Програмирај го телефонот да прави речиси сѐ што сакаш. Рутините се помоќни од кога било досега со If-Else логика и можноста да се добиваат податоци како променливи.
Планирај задачи и настани
Лесно презакажувај ги настаните во календарот
За да смениш датум на некој настан, само повлечи го и спушти го настанот од еден датум на друг во календарот во месечниот преглед.
Покажи одделни календари на помошните програми
Сега имаш повеќе контрола врз тоа кои календари се појавуваат на помошните програми за календар. Може да избереш само еден календар и да прикажеш само настани од него на почетниот екран или да создадеш 2 посебни календари.
Број ги деновите до следниот важен настан
Сега е полесно од кога било досега да создадеш помошна програма за одбројување за настан во календарот. Оди на деталите за настанот, па избери Add countdown widget (Додај помошна програма за одбројување) од менито за повеќе опции. На почетниот екран ќе се појави помошна програма покажувајќи го бројот на денови до твојот роденден, годишнина, одмор или друг настан..
Премести ги сите настани од еден на друг календар
Не губи време да ги преместуваш настаните еден по еден. Сега може да ги преместиш сите настани од еден на друг календар, како на пример преместување на сите настани од календарот на телефонот во календар на облак.
Повеќе опции за повторувачки потсетници
Кога создаваш повторувачки потсетник, може да избереш повеќе датуми на кои ќе се повторува наместо само еден.
Подобрено мени за брзо додавање
Сега е полесно и побрзо да создаваш потсетници. Менито за брзо додавање сега нуди однапред поставени опции според време и локација.
Управувај со завршените потсетници
Сега е полесно да го исчистиш претрупаниот список со потсетници. Нова поставка ти овозможува автоматски да ги избришеш завршените потсетници по одредено време. Исто така, може да ги дуплираш потсетниците за да ги употребиш повторно, без да мора одново да ги внесуваш сите информации.
Поврзи се и споделувај
Лесно поврзи се со уредите во близина
Сега е полесно да се поврзеш со други уреди Samsung, како телевизори, таблети, PC, часовници, слушалки и друго. Допри на опцијата Nearby devices во брзиот панел за да ги видиш достапните уреди во твоја близина, потоа повлечи уред во телефонот за веднаш да го поврзеш. Исто така, може да допреш на уред за да ги видиш достапните функции кога се поврзани на телефонот. На пример, кога ќе допреш на телевизорот, ќе видиш опција да ја стартуваш Smart View.21, 22, 23, 24
Препорачани уреди за Quick Share
Не губи време барајќи го вистинскиот уред со кој можеш да споделуваш. Уредите што се најавени на твојата Samsung Account и уредите со коишто имаш споделувано порано ќе се појават најгоре на списокот за да можеш лесно да ги најдеш.
Продолжи да споделуваш преку интернет
Нема потреба да се грижиш за неуспешните пренесувања датотеки. Кога споделуваш датотеки со Quick Share, ако уредите премногу се оддалечат еден од друг и не може да се продолжи со директно пренесување, тоа ќе продолжи непречено преку интернет користејќи Wi-Fi мрежа или мобилен интернет.
Заштити ја твојата безбедност
Заштити ги твоите податоци во случај да ти го украдат телефонот
Новите функции за заштита од кражба ги заштитуваат апликациите и податоците во случај да ти го украдат телефонот. Екранот ќе се заклучи автоматски ако се детектира кражба или ако се изгуби мрежното поврзување или, пак, може рачно да го заклучиш екранот преку android.com/lock. Исто така, може да побараш биометриска верификација пред да менуваш чувствителни поставки.
Провери го безбедносниот статус на твоите уреди
Дознај кои се безбедносните ризици и реши ги брзо. Мониторите Knox Matrix поддржуваат уреди што се најавени на твојата Samsung Account и ти овозможуваат да ги решиш безбедносните ризици ако има.
*Не е поддржана во Кина.
Заштити се од безбедносни закани
Auto Blocker те штити од кибер-напади кога е вклучена опцијата за максимални ограничувања, Maximum restrictions. 2G мрежите сега се блокирани, а телефонот нема повторно автоматски да се поврзе на небезбедни Wi-Fi мрежи. Овие ограничувања може да помогнат во спречување некој напаѓач да го пресретне твојот сообраќај на мрежата.
Батерија и полнење
Повеќе опции за заштеда на енергија
Сега имаш повеќе контрола врз она што се случува кога телефонот е во режим за заштеда на енергија. Избери точно кои функции сакаш да ги ограничиш за да заштедиш батерија. Овие опции може да се сменат додека е вклучен режимот за заштеда на енергија.
Повеќе контрола врз заштитата на батеријата
Кога ќе вклучиш опција за заштита на батеријата, може да го поставиш максималното ниво на полнење помеѓу 80 % и 95 %.
Нов ефект на полнење
Кога ќе приклучиш полнач, потврдата за полнење е помала и се појавува на дното од екранот наместо во средината, за да не те прекинува, а и лесно да ја проверуваш состојбата на полнење.
Пристапна за сите
Зумирај и одзумирај со само еден прст
Зумирањето сега е полесно. За луѓето што имаат тешкотии да зумираат со штипнување, сега може да се активира зум со 1 прст од менито Assistant. Повлечи нагоре или надесно за да зумираш. Повлечи надолу или налево за да одзумираш
Подобрена контрола на екранот
Со менито Assistant сега можеш уште полесно да управуваш со екранот. Сега, со допирање на едно копче можеш да извршиш двојно допирање или допир и задржување. Новите контроли за лизгање овозможуваат движење по екранот на одредена далечина со допирање на почетната и крајната точка на екранот.
Приспособи ги интеракциите со допир
Добиј помош при изборот на поставки што ти се најудобни. Достапни се нови тестови за одложувањето на допир и задржување, времетраење на допирот и игнорирањето на повторени допири. Тестот ќе покаже дали твоите тековни поставки се соодветни или се потребни приспособувања.
Уште повеќе подобрувања
Повторно гледај видеа
Во видеоплеерот, ќе се појави копче на крајот на секое видео со кое ќе можеш повторно да го пуштиш видеото од почеток.
Подобрен список на контакти
За поголема усогласеност, истиот список на контакти сега се појавува и во апликацијата Phone и во апликацијата Contacts. Менијата и опциите се исти и на двете локации, така што секогаш ќе можеш да го најдеш тоа што го бараш. Кога пребаруваш контакти, тие контакти што се пребарувани ќе се појавуваат често најгоре во резултатите од пребарување, со што брзо ќе може да ја најдеш личноста која ти треба.
Брзо додавај авионски билети на Samsung Wallet
Кога ќе прегледуваш веб-страница на поддржана авиокомпанија или патничка компанија што содржи билет во Samsung Internet, ќе се појави копче за брзо и лесно додавање во Samsung Wallet.
Прогнози за активности
Сега е лесно да провериш дали времето ќе биде соодветно за активности на отворено, како трчање, градинарство, кампување и друго. Може да избереш до 3 активности во апликацијата Weather.
*Не е поддржана во Кина.
Приспособени ознаки за локации
Сега е полесно да следиш повеќе локации во апликацијата Weather. Може да поставиш сопствени ознаки за локациите што ги додаваш, како Дом, Канцеларија, Училиште или кое било друго место каде што сакаш да ја провериш временската прогноза.
Подобри го гејмингот
Панелот во рамките на игра на Game Booster апликацијата е редизајниран, овозможувајќи побрзо и полесно менување на поставките без напуштање на играта.25
Види ги перформансите за секоја игра
Game Booster апликацијата сега ти овозможува да ги приспособуваш перформансите за секоја игра одделно. Може да поставиш некои игри на високи перформанси, а други да штедат батерија за да играш подолго време. Најди ги поставките што ти одговараат.
- Описот на горенаведените ставки се базира на подобрувања направени во тековната верзија во споредба со претходните верзии.
- Функциите подлежат на промена.
- Достапните функции и/или содржини може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот, земјата/регионот и операторот.
- Може да биде потребна најава на Samsung Account за да се користат одредени функции.
- Може да биде потребно поврзување на мрежа за да се користат одредени функции.
- Функциите Galaxy AI ќе бидат бесплатни најмалку до крајот на 2025 година на поддржани уреди Samsung Galaxy. Условите може да се разликуваат за AI функции обезбедени од трети страни.
- Samsung не дава ветувања, уверувања или гаранции за точноста, комплетноста или веродостојноста на резултатите добиени со Galaxy AI-функциите.
- Услугата Galaxy AI може да е ограничена за малолетни лица во одредени региони со ограничувања на возраста во однос на употребата на AI.
- Достапноста на услугата Galaxy AI може да се разликува во зависност од јазикот. За одредени јазици може да биде потребно да се преземе јазичен пакет.
1. Мора да бидат исполнети условите за должина на текст за да се активира функцијата.
2. За функцијата Call Transcript може да биде потребно поврзување на мрежа за примање повици и резимирање. Мора да се почитуваат локалните закони во врска со снимањето повици.
3. За функцијата за резимирање за Call Transcript, транскриптот може да се споделува со Samsung и операторите за да се направи резиме, но снимките и транскриптите може да се зачуваат на телефонот откако ќе се постави.
4. Функцијата за резимирање е достапна кога ќе се исполни условот за одреден број јазични знаци од транскрипција и тој број е под ограничувањето за знаци. Во моментов е достапна на телефони Samsung и со инсталирана апликација Voice Record.
5. Достапноста на оваа функција може да се разликува во зависност од земјата, регионот или јазикот.
6. Резултатите може да се разликуваат од видео до видео, во зависност од тоа како се претставени звуците во видеото.
7. Може да се детектираат одредени видови звуци, како гласови, музика, ветер, природа, толпа и бучава. Детектирањето на точниот звук може да се разликува во зависност од изворот на звукот и од условите на видеото.
8. Видлив воден жиг е ставен на слика по зачувување за да се означи дека сликата е генерирана од AI.
9. Некои веб-локации може да не бидат поддржани.
10. Поддржани јазици: корејски, англиски (САД, Обединетото Кралство, Индија), шпански (Шпанија, Мексико), португалски (Бразил), германски, италијански, јапонски, француски и кинески.
11. Gemini е трговска марка на компанијата Google LLC. Потребно е поврзување на мрежа и најава на Google Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот или моделот на уред. Работи со компатибилни апликации. Функциите може да се разликуваат во зависност од претплатата и резултатите може да се разликуваат. За одредени функции или апликации можеби ќе биде потребно поставување. Точноста на резултатите не е загарантирана.
12. Заокружи за пребарување е трговска марка на компанијата Google LLC. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот или моделот на уред. Потребно е поврзување на интернет. Корисниците можеби ќе треба да ги ажурираат својот Android и апликацијата Google на најновата верзија. Резултатите може да се разликуваат во зависност од визуелните или аудио совпаѓањата. Точноста на резултатите не е загарантирана. Нема да препознае ако е исклучен звукот на телефонот. Резултатите може да се разликуваат во зависност од совпаѓањата на аудиозаписите. AI Overviews и други може да се разликуваат во зависност од земјата и јазикот. Може да зависи од апликацијата и поставките на уредот.
13. Не е достапно на Galaxy Tablets и на серијата Galaxy Z Fold.
14. За некои функционални помошни апликации може да биде потребно поврзување на мрежа и/или најава на Samsung Account.
15. Достапно на сериите Galaxy S25 и Galaxy S24.
16. Функцијата за уредување Motion Photo е достапна на Photo Editor.
17. Функцијата Best Face е достапна само за фотографии направени со вклучена Motion Photo. Функцијата не создава нови лица, туку бира од кадрите на видеото со Motion Photo.
18. Може да препознае до пет лица по слика и предлага до три алтернативи по лице.
19. Во моментов е достапно на серијата Galaxy S25 и S25 FE|FE+, серијата S24 и S24 FE|FE+, Galaxy S23, Galaxy S23 Plus и Ultra, Galaxy Z Fold6|Flip6 и Z Fold5|Flip5, Galaxy A56, Galaxy Tab S10 Plus, Tab S10 Ultra и Tab S10 FE|FE+ и Galaxy Tab S9, Tab S9 Plus и Tab S9 Ultra.
20. Наменето само за следење на општа добросостојба.
21. За користење на функцијата Nearby devices, треба да бидат исполнети следниве услови.
22. Достапност на функцијата: Твоите телефон, таблет или PC мора да бидат најавени на истата Samsung Account и мора да им бидат вклучени и Wi-Fi и Bluetooth. Galaxy Books со апликацијата Nearby devices треба да се инсталира од Microsoft Store, а потребна е верзијата на софтвер дадена подолу. Samsung Settings 6.0 или понова верзија (Arm), Samsung Continuity Service 1.13 или понова верзија
23. Уреди што може да се откријат: Уреди што ги исполнуваат долунаведените услови ќе се појават кога ќе допреш на копчето Nearby devices во брзиот панел. Телефони и таблети Galaxy: Мора да бидат најавени на истата Samsung Account и Bluetooth мора да биде вклучен. Достапни се ограничени функции ако телефонот или таблетот има One UI 4.1.1 или понова верзија и Continuity Service 1.2.27 или понова верзија.
24. Galaxy Book мора да биде најавен на истата Samsung Account и Bluetooth мора да биде вклучен. Исто така, потребни се Samsung Settings 6.0 или понова верзија (Arm), Samsung Continuity Service 1.13 или понова верзија. Телевизори Samsung, паметни монитори и проектори мора да бидат вклучени и мора да биле поврзани на овој телефон/таблет најмалку еднаш со помош на Smart View или DeX. Поддржани се само телевизори пуштени во продажба во 2016 година или подоцна. Не може да се откријат на Galaxy Books. Galaxy Buds, часовници, алки за фитнес и прстени мора да бидат спарени со овој телефон со помош на Bluetooth. Bluetooth мора да биде вклучен. Galaxy Buds мора да бидат извадени од футролата или футролата мора да биде отворена. Поддржани се Galaxy Watch4 и понови серии. Часовниците, алките и прстените не може да се откриваат на Galaxy Books или на таблет.
25. Компатибилноста со Game Booster апликацијата може да се разликува во зависност од играта.