Истечен

Промоција на Galaxy уреди: Гледајте YouTube непрекинато

Со Вашиот Galaxy уред добивате бесплатно користење на услугите на YouTube Premium, да уживате во гледање видео записи или слушање музика без реклами и надвор од мрежата.




*4 месеци бесплатно за сопствениците на уредите Galaxy S20, S20+, S20 Ultra, Galaxy Z Flip или Galaxy Tab S6 Lite.


*2 месеци бесплатно за корисниците на Galaxy чиишто уреди се нарачани и активирани по 9 февруари 2020 година.

Важи од 14/02/2020 до 05/03/2021

Забавувајте се и уживајте со Вашиот Galaxy уред и во овој период кога најголем дел од времето го поминувате дома. Користете ja до четири месеци бесплатно услугата YouTube Premium на Вашиот одговарачки Samsung Galaxy уред и уживајте во искуството на репродукција на видео-записи или слушање музика во заднина, без реклами и надвор од мрежата.


4 месеци бесплатно користење на содржините на YouTube Premium овозможено е за сопствениците на уредите од серијата Galaxy S20 (S20, S20+ или S20 Ultra) и за сопствениците на Galaxy Z Flip или Galaxy Tab S6 Lite уреди. 2 месеци бесплатно користење на содржините на YouTube Premium овозможено е за сите други корисници на Galaxy чии уреди се нарачани (купени) и активирани по 9 февруари 2020 година.

Серијата на телефони Galaxy S20 го менува светот на фотографијата. Со резолуција од 64 па дури до 108MP и снимање на 8К видео записи, се создаваат фантастични фотографии и видео-записи. Кога на тоа ќе се додаде и интелигентната долготрајна батерија, моќниот процесор и огромниот простор за чување податоци – серијата Galaxy S20 го внесува својот корисник во потполно нов свет на мобилноста.

Galaxy Z Flip е уред што ја обликува иднината. Тоа е телефон со голем екран што се преклопува и лесно го собира во џеб, со револуционерно флексибилно стакло на екранот, со камера дизајнирана да функционира независно и двојна батерија што трае цел ден.

Уредите Galaxy секогаш ве носат чекор пред сите, а со своите перформанси и модерниот дизајн, лесно ве поврзуваат со сите. Сега со Вашиот Galaxy уживајте и до 4 месеци со YouTube Premium – гледајте без реклами милиони видео-записи што ви се на располагање и може да работи и кога се вклучени други апликации или екранот е заклучен. Преземајте и чувајте видео-записи и гедајте ги кога најмногу Ви одговара. Префрлете музика на својот Galaxy и слушајте без прекини. Пуштете музика и слушајте додека користите други апликации или кога екранот е заклучен. Зачувајте видео-записи и плејлисти на уредот и пуштајте ги кога сте надвор од мрежата.

Со Galaxy ќе имате до 4 месеци бесплатно уживање во услугата YouTube Premium, и затоа искористете ја можноста за гледање видео-записи или слушање музика во заднина, преземањето и целосното искуство, без реклами, и кога сте надвор од мрежата!

Промоцијата трае од 14.02.2020 до 05.03.2021 година.

*Понудата е достапна само за корисници кои не се тековни претплатници на YouTube Premium, YouTube Music Premium или Google Play Music, кои не биле претплатници на YouTube Premium, YouTube Music Premium или Google Play Music и претходно не учествувале во пробен период на YouTube Premium, YouTube Music Premium или Google Play Music.

Висока резолуција

S20 Ultra - создаден за врвни фотографии

Galaxy S20 Ultra со неверојатно висока резолуција од 108 MP претставува револуција меѓу мобилните уреди и Ви обезбедува милиони пиксели со кои првпат можете да зумирате и да забележите детали кои досега биле невидливи, за Вашите врвно креирани фотографии.

Меморија што се памети

Galaxy S20+ со меморија што чува и памети многу нешта

Galaxy S20+ содржи моќна камера како и многу вградена меморија каде што можете да ги чувате сите свои фотографии и видео снимки во висока резолуција. Меморијата можете да ја проширите со microSD картичка за да добиете повеќе меморија за чување на стотици илјади фотографии.

Чекор подалеку

Galaxy S20 - ги следи Вашите навики

Galaxy S20 менува сè, додека интелигентната батерија се прилагодува кон Вашите навики и трае подолго, со моќен процесор и голем простор за меморија за податоци, видео записи и фотографии, S20 ве носи чекор подалеку во светот на мобилноста.

Нов концепт на телефон

Galaxy Z Flip - Се преклопува и го собира во џеб!

Новиот концепт и дизајн на телефон со минимални димензии за максимален ефект. Galaxy Z Flip е телефон со извонреден дизајн што се преклопува во изненадувачки мали димензии па лесно може да го собере во Вашиот џеб или ташна. Големиот екран Infinity Flex Dynamic AMOLED обезбедува неверојатен квалитет на боите. Со минимална рамка и без отвор за камерата, екранот обезбедува цели 6,7 инчи неверојатно визуелно доживување.

Galaxy Tab S6 Lite

Промени го начинот на бележење

Galaxy Tab S6 Lite е сопатник кој можеш да го носиш секаде со себе за да бележи. Доаѓа со огромен 10,4-инчен дисплеј на тенкa и лесна основа, One UI 2 на Android и пенкало S Pen во кутија кои се подготвени за акција. Без разлика дали црташ, учиш или играш видеоигри, ова е таблет кој е создаден да биде присутен во моментот.