Летото носи нови задоволства во кујната! Купете еден или повеќе кујнски апарати со минимална вредност од MKD 31,000 и добивате подарок WMF сет садови во вредност од MKD 7,500* .
*Приближна малопродажна вредност
Ова лето, Вашите омилени специјалитети во кујната ќе ги подготвите уште полесно и побрзо! Со модерните Samsung вградени кујнски уреди Вашите кулинарски способности ќе станат уште поизразени. Кога ќе се спојат технологиите на новата генерација, современиот дизајн на уредите, вкусните продукти и Вашите вештини во подготовката на храна, се добива незаборавно уживање во храната со Вашето семејство или пријателите. Samsung вградените кујнски уреди Ви овозможуваат иновативен начин на подготовка на храната, полесен и попријатен престој во кујната и револуционерен начин на одржување.
Паметното готвење сега Ви овозможува нова димензија на подготовка на храната!
Со помош на Dual Cook Flex технологијата која ја поседуваат Samsung вградените рерни сега можете да имате два нивоа на печење на храната независно од нивото на температура. Oвој иновативен начин на технологијата Ви овозможува да подготвите повеќе различни јадења одеднаш во зависност од поинаквите потреби за рецептури. Вашата рерна нека блесне во полн сјај!
Samsung вградените плочи ја носат Virtual Flame технологијата, која овозможува полесна и интуитивна контрола на температурата. На тој начин побезбедно ја чуваат Вашата храна во текот на готвењето. LED диодите кои светат како вистински гасен пламен јасно го означуваат нивото на топлина.
За да биде процесот на готвење во Вашата кујна до крај ефективен ќе се погрижи аспираторот NK7000MM со моќен систем за вентилација. Овој уред обезбедува здрави услови за готвење со прецизна и моќна вентилација. Сите непријатни мириси ќе исчезнат и Вашиот простор ќе го освежи во секунда речиси нечујно!
Складирањето на храната во соодветни садови и служењето на масата се последниот чин пред хедонистичкото задоволство. Многу е важно подготвената храна да биде во садови кои ќе го чуваат нејзиниот квалитет до конзумацијата. Затоа за Вас ги подготвивме WMF сетовите садови кои совршено ќе ги сочуваат мирисот и вкусот на храната до сервирањето.
Промоцијата трае од 10 јули дo 31 август 2020, или до истекот на залихи. За да остварите право на подарок, потребно е да се регистрирате најдоцна 30 дена од датумот на издавање на сметка со испраќање на следните податоци на е-адреса ce.promo@samsung.com: име, презиме, е-адреса, домашна адреса (поради испорака на подарокот), приказ (скен) од фискалната сметка од продажното место, модел и сериски број на уредот.
Деталите и условите за промоцијата можете да ги најдете тука
За лесна подготовка на храната
Dual Cook Flex рернa NV75N7677RS
Oдржувањето на внатрешноста на рерната со пиролитичко чистење никогаш не било полесно!
Системот за пиролитичко чистење ја загрева рерната и ги согорува сите остатоци од храна заостанати по печењето. Целата површина останува сосема чиста, освен малку пепел што можете да го отстраните со бришење.
A+ енергетската ефикасност ги штеди Вашите пари! Намалете ги сметките за струја. Со флексибилно користење на горната или долната зона на рерната се спречува губењето на топлина во внатрешноста на рерната.
Паметно готвење
Chef Collection плоча за готвење со Virtual Flame технологија NZ9770
Со иновативната Virtual Flame технологија полесно визуелно ќе ја воочите топлината на ринглата со помош на LED сијалиците кои светат во зависност од температурата на секоја грејна површина.
Голема отворена површина на ринглата Ви носи Wide Flex Zone која служи за готвење на повеќе јадења одеднаш. Доволно е широка за да ги прифати садовите и тавите со различни форми и големини.
Со копчето Keep Warm Вашата храна секогаш ќе биде топла и свежа за сервирање без оглед на тоа кога сте ја подготвиле!
Свеж кујнски воздух (воздух во кујната)
Aспиратор со моќен систем за вентилација NK7000MM
Tивкиот и моќен систем за вентилација вшмукува неверојатни 737 кубни метри на час. Тоа Ви овозможува исклучително брзо и речиси нечујно отстранување на непријатните мириси од храна и пареа од просотрот во кујнатa.
Aлуминиумскиот филтер кој ги фаќа маслените капки и прашината многу лесно се одржува. Tреба да се чисти на секои 3-4 недели. Едноставно се мие, а доволно е мал за да може да влезе во машина за садови.