Многу нешта може да се случат во претстојните години, но едно нешто е сигурно - секогаш може да се потпрете на Samsung уредите за бела техника и малите уреди за домаќинство.
Ви даваме 5 години гаранција (2 години редовна + 3 години комерцијална гаранција) за одредени модели на Samsung фрижидери, машини за перење алишта, вградувачки кујнски уреди, купени од 13.1. до 31.12.2025. година, како и за одредени модели на машини за сушење и комбинирани машини за перење и сушење алишта купени во периодот од 13.1. до 31.3.2025. година.
За да остварите право на дополнителна комерцијална гаранција, треба да оставите рецензија и да се регистрирате на веб-локацијата samsungprodolzenagarancija.mk најдоцна 30 дена од датумот на купување.
Деталите за промоцијата и списокот со производите што се вклучени во промоцијата за 5 години гаранција побарајте ги тука.
Ви даваме 3 години гаранција (2 години редовна + 1 година дополнителна комерцијална гаранција) за одредени модели на Samsung правосмукалки купени од 13.1. до 31.12.2025. година.
За да остварите право на дополнителна комерцијална гаранција, треба да оставите рецензија и да се регистрирате на веб-локацијата samsungprodolzenagarancija.mk најдоцна 30 дена од датумот на купување.
Деталите за промоцијата и списокот со производите што се вклучени во промоцијата за 3 години гаранција побарајте ги тука
Број за корисничка поддршка: 00389 23 207 777 (по цена за локален повик за фиксна и мобилна мрежа).
Паметен сензор за оптимизирано перење
Samsung Bespoke AI All-in-One
Дизајнот „сѐ во едно“ беспрекорно комбинира машина за перење и сушење алишта во еден апарат, па не е потребно да ги префрлувате алиштата од еден во друг апарат.
Исперете ги и исушете ги алиштата темелно и ефикасно. AI Wash & Dry ја препознава тежината на полнењето и користи точна количина вода и детергент. Исто така, детектира каква е ткаенината и го следи нивото на нечистотија, па го приспособува процесот на сушење според тежината и ткаенината на алиштата. Дисплејот од 7 инчи служи како интуитивен контролен центар, персонализирајќи го перењето и предлагајќи циклуси што одговараат на вашите навики.


Подготвувањето на храната сега е уште позабавно
Рерна со Dual Cook и Dual Cook Flex систем
Направете го готвењето лесно и забавно и уживајте во професионалните резултати со помош на AI Pro Cooking. Можете да ја прегледувате внатрешноста и да ја контролирате рерната далечински, како и да направите временска снимка додека се готви јадењето. Препознава состојки, препорачува рецепти и ги оптимизира поставките.
Следете го готвењето и контролирајте ја рерната со помош на апликацијата SmartThings на паметен телефон. Внатрешната камера View Inside ви овозможува да проверите што се готви без да ја отворате вратата или кога не сте дома. Исто така, може да ја вклучувате/исклучувате рерната, да бирате функции, да поставите тајмер и да ги промените поставките.


Паметен фрижидер за целото семејство
Side by Side комбиниран фрижидер со Family Hub и SmartThings AI Energy режим
Со режимот AI Energy во склоп на апликацијата SmartThings ќе заштедите и до 10 % енергија, додека со екранот Family Hub со дијагонала од 21,5" ќе го збогатите семејниот живот со уште повеќе можности за управување и забава. Ќе ви овозможи едноставно и забавно споделување фотографии, видеа, пораки и списоци со задачи.


Bespoke Jet™ Complete
All-in-one станица за чистење
Уживајте во лесното празнење и полнење на правосмукалката. All-in-one станицата за чистење ефикасно го празни садот за прашина од нечистотии и влакна од милениците со помош на технологијата „Air Pulse“, додека истовремено ја полни батеријата. Лесната правосмукалка гарантира максимална искористеност и го намалува напорот на зглобовите за полесно движење низ домот.

