Уживајте во омилените серии и незаборавна ТВ забава! Затоа што веруваме во врвниот квалитет на нашите телевизори, ви даваме гаранција за 5 години безгрижно уживање за сите Neo QLED, QLED и Lifestyle телевизори од 2021 година, како и за одредени QLED и Lifestyle модели од 2020 година*.

Телевизорите Neo QLED демонстрираат квалитет и овозможуваат целосно доживување, така што со нив имате можност да потонете во секоја сцена уште подлабоко и пореално. Благодарение на технологијата Quantum Matrix Pro, вашиот дом ќе оживее како вистински совршено осветлување на концертна сала или театар. Технологијата Quantum Matrix Pro има значително помало затемнување на сликата, благодарение на прецизноста на иновативните Quantum Mini LED диоди при праќањето светлина, со што се добива длабока и остра црна боја. Дополнително, технологијата Quantum dot овозможува максимален, 100 % тродимензионален опсег на боите. Тука е и технологијата OTS+ (Object Tracking Sound+), благодарение на којашто до вас стигнува звукот точно од местото од каде што и потекнува—дури и кога дејството вклучува движење, звукот се движи во иста насока. Нурнете уште подлабоко во богатиот звук што доаѓа од сите агли на телевизорот и од средината. На крај, 8K серијата Neo QLED телевизори е препознатлива по преубавиот Infinity One екран. Црните рабови на телевизорот се значително намалени, а ултратенката рамка ви овозможува без никакви пречки да уживате во гледањето.

За оние кои бараат посебна естетска атмосфера, тука се телевизорите од Lifestyle серијата. Овие телевизори ви овозможуваат квалитетна слика, како и можност совршено да се приспособат на вашиот животен простор.

Телевизорот The Frame, исклучен, на својот екран оживува вистинско уметничко дело. Врвниот квалитет на сликата во комбинација со уметничкиот режим навистина го прават уникатен додаток во вашиот дом.

The Serif, дизајниран за секаков простор и за секој момент, се карактеризира со истенчен дизајн. Има поден држач што се одвојува, па дури и ако имате строги критериуми во врска со дизајнот, лесно ќе го вклопите во секој простор.

Телевизорот The Sero се приспособува и го овозможува вистинскиот агол на гледање. The Sero се свртува за да се приспособи на вашата содржина, и тоа, хоризонтално за гледање телевизиска содржина и филмови или вертикално, кога се во прашање содржина и апликации од мобилниот.

Телевизорот The Terrace ви ги носи сите можности на технологијата QLED, сега на отворено! The Terrace е причина за забава на отворено во секое годишно време. Неговиот сертификат IP55 е доказ за сигурноста на перформансите и заштита од влага, прашина и топлина во различни временски услови. Со телевизорот The Terrace, нема потреба од грижа за временската прогноза.

 

И на крај, The Premiere - Smart 4K UHD ласерски проектор со ултракраток домет. The Premiere користи ласерски извор на светлина за да го направи гледањето дома исто како да гледате во кино. Ќе добиете прецизни бои со супериорен опсег, но и исклучителна осветленост на максимални 120 инчи проектирана површина. На него можете да гледате дури и HDR10+ содржина.

Изберете еден од врвните Samsung телевизори што најмногу одговараат на вашиот животен стил и со 5 години гаранција уживајте во максималните перформанси.

Промоцијата трае од 1.4. до 30.6.2021 г. За повеќе информации, листата на сите модели вклучени во промоцијата и пријавата за остварување право на 5 години гаранција, посетете го сајтот samsung5godinigarancija.mk. Условите на промоцијата може да ги најдете тука.

 *Важи за сите Neo QLED, QLED и Lifestyle телевизори од 2021 година The Frame, The Serif, The Sero, The Terrace, The Premiere и модели од 2020 година: The Serif - освен моделите од 49’’, The Sero, The Terrace, The Premiere, The Frame со димензии 32’’ и QLED QE55/65Q95TC.

Продолжено чувство на безгрижност. Загарантирано!

NEO QLED ТВ

Откријте ги скриените детали и нагласениот контраст

Откријте ги деталите на најдлабоко ниво во омилениот филм.
Тешко е да се долови баш секој детаљ на сликата, особено ако во сцената има и светли и темни области. Технологијата Quantum HDR 64x има супериорни црни и светли перформанси и затоа ќе го видите и најмалиот детаљ што треба да се види.

Lifestyle ТВ

Телевизори како уметнички дела: The Frame, The Serif, The Sero, The Terrace, The Premiere

Оваа серија Samsung телевизори е навистина посебна. Дизајнирани се за лесно да се приспособат на вашиот животен простор и да го стилизираат на начинот што најмногу ви одговара. Со тоа, ви овозможуваат и уживање во неверојатен квалитет на слика. Благодарение на технологијата Samsung Quantum Dot, боите имаат 100 % тродимензионален опсег, а технологијата Dual LED го зголемува контрастот врз основа на температурата на заднинското осветлување за да постигне впечатлив тон.