Дали се чувствувате поуморно кога часовникот се поместува нанапред со летното сметање на времето (ЛСВ)? Не сте единствени. Иако губењето на еден час таа ноќ кога се преминува на ЛСВ може да изгледа безначајно, анализата на навиките за спиење на корисниците[i] на Samsung Health од САД, Канада и повеќе од 40 европски земји открива брановиден ефект, кој предизвикува нарушувања на сонот во текот на неколку недели, при што најмногу се погодени помладите возрасни групи.
Летното сметање на времето го нарушува сонот, најмногу кај помладите генерации
Кога се анализира влијанието на летното сметање на времето (ЛСВ) врз луѓето следното утро, една работа е јасна – сите имаат нарушен ритам на спиење. Всушност, луѓето трошат премногу време „броејќи овци“ во ноќта на промената на времето и заспиваат во просек 33 минути подоцна од претходната вечер, а се будат 19 минути порано. Иако губењето на сон не е лесно на која било возраст, најмногу тоа го чувствуваат оние во своите 20-ти години, поради екстремно доцното легнување и очигледната неможност да се наспијат подолго.
[i] Наодите се засноваат на анализата на податоците за спиење од корисниците на Samsung Health преку серијата часовници Galaxy Watch за време на летното сметање на времето (ЛСВ) во пролетта 2024 година..

