Изберете ја вашата локација и јазик.
Локални вести

Samsung ја унапредува циркуларноста со нов процес за рециклирање на кобалт кај Galaxy S25

12.02.2025

Samsung Electronics ја зајакнува својата посветеност да прави повеќе со помалку од природните ресурси на планетата, продолжувајќи да го зголемува користењето на рециклирани материјали во уредите Galaxy, вклучувајќи го и кобалтот – клучниот материјал кај батериите. Минатата година, серијата Galaxy S24 беше првиот уред што вклучи рециклиран кобалт. Сега, Samsung оди чекор понатаму, обезбедувајќи кобалт од батериите на претходно користени уреди Galaxy и од батерии фрлени за време на производствениот процес. За да го постигне ова, Samsung воспостави нов синџир на снабдување со циркуларни батерии во соработка со партнери со иста визија, воведувајќи повеќефазен процес за обнова на кобалтот од старите Galaxy батерии, давајќи им втор живот за напојување на новиот Galaxy S251.

 

Процесот започнува со собирање на претходно користени паметни телефони Galaxy, како оние од програмите за замена на уреди. Батериите внимателно се демонтираат, празнат и дробат за безбедно извлекување на кобалтот. Потоа, издробените фрагменти се обработуваат во таканаречена „црна маса“ – прашкаста смеса што содржи кобалт и други метали. Црната маса потоа дополнително се обработува за да се извлече кобалтот, кој се користи за производство на катоден материјал – клучна компонента на батериите за паметни телефони. Преостанатиот кобалт поминува низ последната фаза на производствениот процес, станувајќи составен дел од батериите на новиот Galaxy S25, при што секоја батерија на Galaxy S25 содржи 50% рециклиран кобалт2.

 

Samsung ќе продолжи да го проширува користењето на нашите нови батерии со рециклиран кобалт во екосистемот со цел да ја забрза циркуларноста.

1 Вклученоста може да варира во зависност од пазарите..

2 Најмалку 25% од батеријата на Galaxy S25 е составена од кобалт според тежината, од кој 50% е рециклиран кобалт..

Check for inlineJS path ------ clientlib

js path is correct or not

js path is correct or not

js path is correct or not

js path is correct or not