Храбар нов дизајн за поголема персонализација
One UI 7 доаѓа со едноставен, впечатлив и емотивен дизајн, нудејќи им на корисниците на Galaxy уредите едноставно и усогласено корисничко искуство. Поедноставениот почетен екран, редизајнираните One UI виџети и екранот за заклучување им овозможуваат на корисниците интуитивно и лесно да ги прилагодуваат своите уреди.
За дополнителна удобност, функцијата Now Bar(1) обезбедува најнови податоци во реално време директно на екранот за заклучување. Така, додека корисниците се на утринско трчање, тие можат едноставно да ја проверат својата моментална активност или да видат која песна ја слушаат на нивните Galaxy Buds – сето тоа со едноставно повлекување со прстот, без отклучување на телефонот.
Паметни AI-функции за поинтуитивно искуство
One UI 7 носи напредни функции базирани на AI, кои им помагаат на корисниците да бидат попродуктивни и покреативни во секојдневната употреба.
Со Galaxy AI, корисниците можат да ги поедностават секојдневните задачи, минимизирајќи ја потребата од префрлање помеѓу апликации. Функцијата AI Select(2) интуитивно препорачува содржини според контекстот. На пример, корисникот може едноставно да повлече со прстот преку Edge панелот и да кликне на иконата „AI Select“ додека гледа видео, за да го зачува како GIF-датотека. Функцијата Помош при пишување (Writing Assist)(3) пак овозможува корисниците лесно да сумираат или автоматски да форматираат содржини во кои текстот може да биде избран.
One UI 7 овозможува и едноставно уредување што им дава поголема креативна контрола и слобода на корисниците. Функцијата Помош при цртање (Drawing Assist)(4) помага идеите полесно да се реализираат на повеќе различни начини на внесување содржина, вклучително комбинации од текстуални инструкции, слики или скици. Функцијата Audio Eraser(5) пак го прави напредното уредување достапно за сите, овозможувајќи изолација на одредени категории на звуци и лесно отстранување на несакана бучава од видеата.

