Изберете ја вашата локација и јазик.
Локални вести

Samsung Electronics ја престставува новата линија на Neo QLED, MICRO LED, OLED и Lifestyle телевизори за 2024 година за вовед во ерата на екрани со вештачка интелигенција и нов начин на живот

Neo QLED 8K го подига квалитетот на сликата и звукот на сосема ново ниво со новиот NQ8 AI Gen3 процесор

Посилните процесори Neo QLED 4K, посветлите OLED и стручно изработените MICRO LED диоди го подобруваат визуелното искуство

Во линијата Lifestyle се додадени приспособливите звучници Music Frame, но и The Premiere 8K, првиот безжичен 8K проектор во индустријата

21/02/2024

Скопје, 9 јануари 2024 г. – Samsung Electronics Co., Ltd. денес ги најави своите најнови модели на QLED, MICRO LED, OLED и Lifestyle екрани пред почетокот на саемот CES® 2024. Оваа најава, исто така, го означува почетокот на ерата на екраните со вештачка интелигенција (АI) преку воведување на следната генерација на процесори со вештачка интелегигенција подготвени да ја редефинираат перцепцијата на можностите на паметните екрани. Покрај тоа што несат поголем квалитет на сликата и звукот, новите линии им овозможуваат на потрошувачите АI-функции, обезбедени од Samsung Knox, чиј фокус е инспирација и зајакнување на индивидуалните начини на живот.

 

„Во оваа ера на хиперповрзаност, веќе не се работи само за обезбедување квалитетни визуелни искуства. Екраните треба да ги подобрат нашите животи, како на на екранот, така и надвор од него“, рече СВ Јонг, претседател и раководител на одделот за визуелни екрани во Samsung Electronics. „Екраните со вештачка интелигенција на Samsung, зајакнати со технологија за вештачка интелигенција на уредот, се осмислени да заземат централно место во домовите на корисниците, поврзувајќи ги сите компатибилни уреди за да им понудат на корисниците пофлексибилен и разновиден начин на живот“.

 

Двојни AI-перформанси за подобар квалитет на сликата на Neo QLED 8K

 

Најновите Neo QLED 8K и 4K телевизори на Samsung нудат целосно доживување, вклучувајќи слика со висок квалитет, врвна аудио технологија и богата палета на апликации и услуги. Во суштина, 2024 Neo QLED 8K е најновиот и најиновативен ТВ процесор на Samsung досега: NQ8 AI Gen3 има единица за невронска обработка (NPU), која е двојно побрза од онаа на неговиот претходник. Бројот на невронски мрежи е исто така зголемен за осум пати од 64 на 512, овозможувајќи приказ на јасни детали на екранот. Благодарение на овој напреден процесор, линијата за 2024 година е опремена со невидени унапредени перформанси. Линијата Neo QLED, исто така, има збир од функции за подобарт квалитет на сликата и дизајнот, вклучувајќи:

 

·         8K AI Upscaling Pro:[1] Користи NQ8 AI Gen3 за подобрено зголемување на 8K резолуцијата и изострување на содржината со ниска резолуција, така што таа се прикажува во ултра висока резолуција

·         AI Motion Enhancer Pro: Ги решава вообичаените проблеми во спортските содржини - како што е дисторзија на топката – емитирајќи спортски натпревари со висока резолуција преку оваа функција[2] која ја активира NQ8 AI Gen3. Функцијата автоматски го препознава видот на спортот и користи длабоко учење за да го примени правилниот модел за откривање топка.

·         Real Depth Enhancer Pro: Истакнува детали во брзите сцени користејќи вештачка интелигенција за прецизно управување со мини LED диодите. Со препознавање на делот од сцената на кој човечкото око природно би се фокусирало и ставајќи го во преден план, сликите изгледаат пореалистично и тридимензионално.

·         Infinity Air Design: Го надополнува беспрекорниот квалитет на сликата на Neo QLED 8K со длабочина[3] на екран од само 12,9 mm, што овозможува извонредно визуелно искуство, кое се фокусира на висока резолуција и извонреден квалитет на звукот. Исто така, нуди уникатен ефект на огледало при кој се чини дека телевизорот лебди во својата околина.

 

Перформансите на Neo QLED 8K се заокружуваат со беспрекорен квалитет на звукот, на исто ниво со неверојатниот квалитет на сликата од 8K на екранот.

 

·         2024 Q-Symphony: Им овозможува на корисниците да поврзат повеќе безжични и Soundbar-звучници со телевизор или проектор за совршена звучна синхронизација во тек на емисии, филмови и плејлисти. Тоа е технологија која совршено го синхронизира телевизорот со безжичните и Soundbar-звучниците.

·         Active Voice Amplifier Pro: Сопствен AI засилувач на дијалог што користи ексклузивна технологија на длабоко учење за значително подобрување на дијалогот и гласовите на екранот. Ги одвојува гласовите од мешаниот звук, подобрувајќи го звукот на гласот за корисниците да можат лесно да го следат разговорот на екранот при која било јачина на звујкот.

 

2024 Tizen OS го подобрува искуството на гледање телевизија во домот

 

Оперативниот систем Tizen во 2024 година ја носи содржината во центарот на линијата Neo QLED 8K. Нуди персонализирано искуство на содржина и услуги врз основа на различни сметки поставени на паметни телевизори. Сега, различни членови на секое домаќинство со паметен телевизор на Samsung можат да постават профил за персонализирани препораки и поприспособено целокупно искуство.

 

·         Samsung TV Plus: Ажурираниот кориснички интерфејс (UI) вклучува нов почетен екран со преглед на достапната содржина, со додадени категории за побрзо откривање на содржината. Услугата, исто така, ќе се поврзе со сметките на Samsung за полесен пристап на корисниците до своите омилени канали и содржини нудејќи персонализирани предлози за содржина врз основа на историјата на гледање.

 

·         „Designed for Samsung Gaming Hub“ контролер: Samsung соработува со добавувачот на гејминг додатоци Performance Designed Products (PDP) за да го развие првиот „Дизајниран за Samsung Gaming Hub“ контролер, кој треба да биде лансиран на саемот CES 2024. Новиот безжичен контролер на PDP вклучува вградена батерија, која обезбедува до 40 часа играње по полнење, безжичен Bluetooth пренос од 30 стапки со мала латентност, копче Samsung Gaming Hub за активирање на Gaming Hub, копче за контрола на јачината на звукот на телевизорот кое е лесно за користење и многу повеќе.

 

Поврзани, инклузивни искуства на екосистемот на Samsung

 

Со телевизорите на Samsung во центарот на домот, корисниците можат да ги искористат придобивките од најновите иновации и да уживаат во беспрекорна поврзаност помеѓу уредите секој ден. Во 2024 година, Samsung значително ќе го подобри своето поврзано искуство со Samsung Daily+[4], хаб за активности во домот, кој безбедува широк опсег на услуги и функции - од лични тренинзи и телездравство, до видео повици и решенија за далечинско управување со компјутер - во еден единствен интерфејс. Ова се новите функции:

 

·         Тракер за вежбање: оваа бесплатна услуга[5] ги прикажува податоците за вежбање во реално време - како на пример, времетраењето на тренингот и отчукувањата на срцето од носивите уреди - на врвот на содржината на екраните на Samsung за корисниците да се забавуваат и информираат додека вежбаат во домот.

·         TechnoGym: го подобрува вашето вежбање во домот со висококвалитетни фитнес и велнес видео записи од инструктори од светска класа во TechnoGym. Откријте ги овие избрани содржини за максимални перформанси само на телевизорите на Samsung.

·         F45: корисниците можат да вежбаат и да се придружат на интензивни тренинзи во студио во едно од над 3.000 студиа на F45 ширум светот

·         FlexIt: индивидуални сесии во живо со врвни фитнес и велнес професионалци

·         Dr.Tail: обезбедува видео консултации во реално време со ветеринар во удобноста на домот. Од основни совети за нега до напредни совети, Dr.Tail има одговори за низа прашања. Корисниците можат да се поврзат со ветеринарни експерти во реално време, кога и да имаат потреба.

·         Multi Control: овозможува поефикасна работа од дома давајќи им на корисниците контрола над сите нивни екрани — вклучувајќи телевизори, паметни телефони и монитори — со помош на Bluetooth тастатура или глувче. Корисниците можат да искусат поинаков начин на работа со копирање и лепење, читање документи и друго низ различни уреди.

 

Најновата линија на телевизори и екрани на Samsung за 2024 година, исто така, има поголема компатибилност со различни уреди во екосистемот, овозможувајќи поинтегрирана врска помеѓу телевизорите и паметните телефони или носивите уреди за поголемо ниво на приспособливост, пристапност и практичност.

 

·         Mobile Smart Connect: Сите нови истакнати апликации и услуги лесно се контролираат со SmartThings Mobile Plugin, кој го трансформира паметниот телефон во мултифункционален далечински управувач, кој им нуди на корисниците поголема контрола над нивните екрани. Со едноставен и приспособлив кориснички интерфејс, апликацијата обезбедува практичност и подобра пристапност

·         360 Audio: Аудио функцијата, која претходно беше достапна на уредите Galaxy, се прошири и на телевизорите на Samsung. Сега, Samsung Galaxy Buds беспрекорно се поврзуваат со телевизорите и се испорачува просторен звук за филмови, емисии, па дури и видео игри, така што корисниците можат вистински да уживаат во визуелните содржини.

·         Vibrary: Уживајте во висококвалитетните слики на вашиот омилен уметник преку големиот екран на вашиот телевизор. Со Ambient Mode, делото на вашиот омилен уметник може да ве пречекува секој ден. Исто така, вие можете да уживате во фотографии и музика на ТВ и мобилните уреди преку Casting со беспрекорно визулено доживување.

 

Најновата линија на телевизори и екрани може да се пофали и со подобрени можности за пристапност, овозможувајќи поголем број на корисници да уживаат во својата омилена содржина на Samsung Neo QLED.

·         Аудио титлови: Прва ТВ функција во светот која користи вештачка интелигенција и технологија за оптичко препознавање знаци (OCR) за да обезбеди гласовен водич за вградени титлови во реално време.

·         Remote for Barrier Free: Апликација наменета за корисници со пречки во видот и слухот или со други физичка попреченост, која овозможува повнимателно управување со телевизорот преку паметните телефони. Високо приспособливата апликација вклучува подобрувања на корисничкиот интерфејс, како на пример, интуитивен распоред на копчињата, различни бои и тактилни повратни информации, а истовремено ги интегрира најновите функции за пристапност на Samsung, како што е гласовниот водич за лесен пристап директно од паметниот телефон.

·         Relumino Together Mode: Relumino е функција која им овозможува на луѓето со слаб вид да уживаат во нивните омилени ТВ серии, филмови и видео игри без потреба од дополнителна опрема. Со технологијата за вештачка интелигенција која динамично ги истакнува рабовите на елементите на екранот и ги ребалансира боите, функцијата им овозможува на корисниците со слаб вид појасно да гледаат луѓе и предмети. Режимот Relumino Together нуди стандардни екрани и Relumino екрани во еден до друг, така што луѓето со слаб вид и нивните семејства можат заедно да гледаат ТВ.

 

MICRO LED: Поместување на границите на технологијата за екрани

 

Со новиот проѕирен MICRO LED екран, Samsung на корисниците им обезбедува бесконечни можности. Екранот, кој изгледа како парче проѕирно стакло, може да се пофали со исклучително мал MICRO LED чип и прецизен процес на производство, што ги елиминира споевите и прекршувањето на светлината. Ова му овозможува на проѕирниот MICRO LED екран да создаде јасна, непречена слика за различна примена, како во домовите така и во работните средини.

 

Нагласувајќи го модуларниот дизајн, кој им овозможува на корисниците да ги персонализираат обликот, големината и соодносот на екраните по потреба, MICRO LED навистина претставува иновативна технологија на екранот. Годините на истражување и развој во Samsung - кои произлегуваат од стручноста за полуспроводниците - доведоа до исклучително ефективен процес, дозволувајќи им на работните кругови на LED чипот директно да се стават на стакло и со тоа да ја ублажат загубата на светлината што корисниците може да ја искусат кај конвенционалните екрани.

 

Проширена понуда на линијата OLED во согласност со преференциите на потрошувачите

 

OLED телевизорите на Samsung за 2024 година ја продолжуваат традицијата на минатогодишните модели, при што S95D нуди ултра голем екран од 77 инчи за подетален, високофреквентен и извонредно живописен видео запис. Екранот е 20% посветол од претходните модели, со длабока и богата црна боја, а прецизноста на боите е подобрена со вештачка интелигенција и е Pantone Validated™. Samsung ги претстави и моделите S90D и S85D во различни големини, од 42 до 83 инчи.[6]

 

Новата технологија[7] „OLED без отсјај“ - посебно дизајнирана за екраните OLED за 2024 година - ја зачувува прецизноста на боите и ги намалува рефлексиите одржувајќи ја острината на сликата за да обезбеди извонредно доживување при гледањето, дури и на дневна светлина. Премазот за ниска рефлексија оптимизиран за OLED го надминува компромисот помеѓу сјајот и рефлексијата благодарение на новиот специјализиран слој со тврд премаз и примерок на површински премаз.

 

Екранот на моделто S95D ќе ја воодушеви публиката со своите напредни механизми за квалитет на сликата кои зачувуваат совршени бели, подлабоки црни и јасни бои. Покрај тоа што е најсветлиот OLED екран на Samsung досега, тој има и високи стапки на освежување до 144 Hz, така што љубителите на спортот и гејмерите можат да уживаат во непречено движење и кристално јасно дејство на нивните екрани.

 

Новите Lifestyle уреди испорачуваат Bespoke решенија за побогат начин на живот

 

Покрај наградуваната линија Lifestyle, која ги вклучува The Frame, The Serif и The Terrace, Samsung повторно ја потврдува својата посветеност на мотото „Екрани насекаде, екрани за сите“ со разните нови уреди во својата најнова линија Lifestyle. Овие нови додатоци обезбедуваат друго ниво на прилагодување и персонализација:

 

·         The Frame: Најпродаваниот Lifestyle телевизор The Frame доаѓа со нови подобрувања за поусовршено уметничкото искуство. Сега, со над 2.500 уметнички дела од светски познати музеи и галерии во Art Store, корисниците можат да уживаат во уште подобро искуство во Art Store. Новата функција за создавање уметност, на корисниците на телевизорот The Frame им овозможува увид во разновидна колекција од избрани бесплатни уметнички дела на месечно ниво. Покрај тоа, The Frame во 2024 година помага да се намалат трошоците за електрична енергија до 10% со прилагодувањето на променливата стапка на освежување достапно во Art Mode.[8]   

·         The Premiere 8K Projector: Premiere 8K е првиот проектор во светот кој нуди безжично поврзување. Отстранувајќи ја потребата од кабли, ова решение им овозможува на корисниците да го одржуваат својот простор за живеење уреден и организиран. Проекторот со ултра краток домет изобилува со паметни функции - како на пример, врвен звук при исклучен екран, гејминг во облак, секогаш вклучен глас со микрофон со далечно поле и четири поделени екрани - за проширена употребливост. Проекторот ја вклучува патентираната технологија на Samsung „Sound-on-Screen“, интегрирајќи го модулот за горни звучници и софтверски алгоритми за имерсивно звучно искуство.

·         The Freestyle  2 генерација: Унапредената верзија на пренослив проектор се одликува со Smart Edge Blending, кој поддржува беспрекорно спојување на проекции со два уреди The Freestyle за да се создаде голем екран за проекција на слики и видео записи. Овозможува двата уреди да проектираат слика со големина од 160 инчи, со сооднос на екранот 21:9, без потреба од рачно прилагодување.

 

Нови Soundbar звучници за имерсивно аудио искуство

 

Како надополнување на домашната забава, линијата за Soundbar звучници за 2024 година нуди нови ажурирани модели за уште подобри звучни искуства, кои се особено засилени со напредни AI-алгоритми.

 

·         Music Frame: Овој приспособлив звучник е компатибилен со платформата SmartThings и обезбедува просторен звук кога ќе се поврзе со телевизори на Samsung и Soundbar звучници. Music Frame може да работи како самостоен безжичен звучник или може да се спои со телевизор на Samsung и Soundbar звучник преку Q-Symphony за да го подобри басот и просторниот звук. Беспрекорно претопувајќи се во околината со камуфлирање во модерни рамки за слики, Music Frame обезбедува висококвалитетен звук без да ја загрози естетиката.

·         HW-Q990D: Овој Soundbar звучник се карактеризира со 11.1.4-канална конфигурација,  со имерсивен True Dolby Atmos звук и со 4K графика и стапка на освежување од 120 Hz. Го анализира звукот и користи вештачка интелигенција за да го оптимизира звукот за совршено искуство низ различни содржини.

·         HW-S800D: Овој ултра тенок Soundbar звучник со длабочина од 1,6 инчи е дизајниран да се вклопува беспрекорно во секој простор и обезбедува богат и имерсивен звук. Со дури 10 драјвери, вклучително и звучници над главата и централен канал за кристално чист вокал, S800D има само една третина од длабочината на конвенционалниот Soundbar звучник. Комбинацијата на сабвуфер со длабок бас и пасивен радијатор, исто така, го подобрува звучното искуство со длабок бас без дисторзија, во компактна форма.

Линијата на телевизори на Samsung за 2024 година ветува беспрекорна фузија на врвна технологија и дизајн фокусиран на корисникот, поставувајќи ја основата за персонализирани, возбудливи искуства кои го редефинираат начинот на кој луѓето живеат и комуницираат со своите уреди.

  • [1] Само QN900D. 8K AI-зголемување за други модели.
  • [2] Искуството при гледањето може да варира во зависност од типот на содржината и форматот. Зголемувањето на резолуцијата може да не е применливо за поврзување со компјутер и во Game Mode.
  • [3] Длабочината од 12.9 mm се применува само за 65’’ QN900D.
  • [4] Samsung Daily+ ќе се применува на DU7000↑ и ќе биде достапен ширум светот.
  • [5] Тракерот за вежбање е компатибилен со Galaxy Watch 4 и понова верзија, со YouTube и ТВ-програмска содржина. Подоцна во 2024 година, ќе биде компатибилен со разни уреди од трети страни.
  • [6] Големината и достапноста на моделите на OLED може да се разликуваат во зависност од земјата.
  • [7] UL го потврдува тврдењето „OLED без отсјај“ со оценување на производите според стандардот Unified Glare Rating (UGR) поставен од Меѓународната комисија за осветлување (CIE) и стандардот за тестирање поставен од Меѓународната организација за стандардизација.
  • [8] Оваа функција се однесува на екран од 55 инчи и повеќе.