Изберете ја вашата локација и јазик.
Локални вести

Samsung го проширува портфолиото на носиви уреди за напредно искуство на следење на здравјето на сите корисници

Galaxy Watch7 и Galaxy Watch Ultra на Samsung овозможуваат нови, интелигентни искуства на следење на здравјето давајќи дополнителни увиди за благосостојбата секој ден

10/07/2024

Скопје, 10 јули 2024 г. – Samsung Electronics денеска ги претстави новите носиви уреди Galaxy Watch7 и Galaxy Watch Ultrai. Со новите паметни часовници, компанијата ја проширува достапноста на Galaxy AIii и обезбедува комплетни велнес искустваiii на уште поголем број заинтересирани корисници.

 

Новите членови на семејството на носиви уреди се клучни за визијата на Samsung во која Galaxy AI поддржува подобрување на дигиталното здравје, обезбедува персонализирани увиди и прилагодени здравствени искуства, за посеопфатно разбирање на корисниците преку холистички пристап кон секојдневната благосостојба .

 

Добивањето точни, детални и напредни информации за личното здравје е клучен фактор во овој процес, а иновациите на сензорите на Samsung на новите Galaxy Watch7 и Galaxy Watch Ultra помагаат да се реализира оваа визија. Galaxy Watch7 ја подобрува дневната благосостојба со високо персонализирани вежби како и со интелигентни и превентивни можности за следење на здравјето. Од друга страна, Galaxy Watch Ultra, најновиот додаток на линијата Galaxy Watch, е најспособниот паметен часовник на Samsung досега, дизајниран да ги поддржува корисниците во постигнувањето извонредни спортски резултати.

 

„Новитетите во нашето портфолио на носиви уреди ги спојуваат најновите технологии и иновации на Samsung и им овозможуваат на корисниците детален увид во здравјето и благосостојбата, па дури и спречување на потенцијални заболувања“, рече Т.М. Рох (TM Roh), претседател и раководител на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Интелигенцијата, увидите и насоките што ги нудиме во Galaxy Watch7 и Galaxy Watch Ultra ќе им помогнат на корисниците да ги претворат податоците во функционални увиди и да отворат сосема нова ера на проширени, интелигентни здравствени искуства“.

 

Galaxy Watch7 – Детално разбирање на секојдневната благосостојба

 

Galaxy Watch7iv е дизајниран со цел да му помогне на корисникот да стекне целосно разбирање за себе. Уредот ги поддржува корисниците да создаваат поздрави денови со повеќе начини за поддршка на секојдневното здравје. Тој овозможува детално следење на повеќе од 100 вежби и градење рутини со комбинирање на различни вежби со функцијата Workout Routine, со цел да ги постигнете вашите цели. Со функцијата Тркаv, може да се споредат тековните и минатите изведби на вежбите во реално време за полесно да се следи напредокот и да останете мотивирани. Дополнително, функцијата Состав на телото (Body Composition)vi нуди детална „снимка“ на телото и физичката кондиција за сеопфатно разбирање на телото.

 

Засилен со најмоќниот чип во семејството Galaxy Watch, Galaxy Watch7 за прв пат користи процесор направен со 3-нанометарска технологија, кој нуди беспрекорно искуство со три пати побрза централна процесорска единицаvii и 30% подобрена енергетска ефикасностviii на процесорот за апликации . Покрај тоа, Galaxy Watch7 е првиот Galaxy паметен часовник со двофреквентен GPS системix, кој овозможува попрецизно следење на локацијата на корисникотx, дури и во густо населени урбани области.

 

Со култниот кружен дизајн, Galaxy Watch7 им овозможува на корисниците да го приспособат уредот според нивниот личен стил со нови ремчињаxi, вклучувајќи ги и оние со ребрест дизајн со истакнати бои на рабовите, како и различни прикази на бројачи. Galaxy Watch7 носи интуитивно и беспрекорно искуство помеѓу поврзаните Galaxy уреди. Корисниците можат лесно да одговорат на порака, користејќи интелигентни предложени одговориxii, кои го прилагодуваат тонот на пораката со анализа на претходните разговори со помош на Galaxy AI. Со помош на гестикулациите со двојно „штипкање“xiii лесно се управува со Galaxy Watch и поврзаниот паметен телефон, дури и кога корисниците имаат полни раце работа.

 

Galaxy Watch7 ќе биде достапен во две големини, со дијаметар од 40 и 44 милиметри, соодветно. Корисниците ќе ја добијат 40-милиметарската верзија во зелена или кремаста боја, додека 44-милиметарската верзија ќе биде достапна во зелена или сребрена боја.

 

Galaxy Watch Ultra – најдобар за страсни перформанси

 

Дизајниран врз основа на напредни способности за следење на здравјето, како и на моќниот хардвер на Galaxy Watch7, новиот Galaxy Watch Ultra, најновиот и најмоќниот додаток на семејството на уреди Galaxy Watch, открива унапредени фитнес искуства на ново ниво на спортски достигнувања. Уредот го следи наследството на кружниот дизајн на Galaxy Watch, со нов „јастучест“ дизајн кој додава на робусноста и на визуелниот впечаток на уредот. Во исто време, составот на динамични копчиња и круната на часовникот ги инспирира корисниците да бидат најдобрата верзија од себе, беше истакнато за време на презентацијата. 

 

Премиум можностите се карактеризираат со екстремна издржливост и ги придружуваат корисниците кои ги поместуваат своите граници со куќиште од титаниум од 4-ти степен на цврстинаxiv и водоотпорност од 10 ATMxv. Исто така, треба да се спомене дека Galaxy Watch Ultra работи на поширок опсег надморски височини, од 500 метри под нивото на морето до 9.000 метри надморска височина, за следење на напредни спортски искуства како што се пливање во океан или возење велосипед во екстремни срединиxvi.

 

Уредот може да следи активности на повеќе нивоа, како што е триатлонот, каде што се следи пливање, возење велосипед и трчање, користејќи нова Multi-sports tile. Дополнително, новиот Функционален праг на моќност (FTP - Functional Threshold Power) за возење велосипед прецизно ја мери максималната моќност на возење велосипед за само четири минути користејќи FTP метрика засилена со вештачка интелигенција, дозволувајќи им на страстните велосипедисти да го откријат својот уникатен потенцијал. Galaxy Watch Ultra нуди и напредна персонализирана зона на срцевите отчукувањаxvii, така што секој корисник ќе може да го прилагоди интензитетот на вежбањето, врз основа на сопствените физички можности.  

 

Новина е и копчето Брзо копче (Quick Button) со кое е можно моментално да се стартуваат и контролираат вежбите, како и да се мапираат други карактеристики кои одговараат на моменталните потреби. Дополнително, може да се активира Сирена за итни случаиxviii. По вежбањето, уредот прикажува статистика на прв поглед со наменски бројачи за Galaxy Watch Ultra, кој може автоматски да се префрли во Ноќен режим на работаxix за најдобро читање во мрак. Покрај тоа, со максимална осветленост од 3000 нити, Galaxy Watch обезбедува читливост, дури и при директна сончева светлина. За безгрижност при долготрајни авантури Galaxy Watch обезбедува надолго траење на батеријата во семејството Galaxy Watch, нудејќи до 100 часа во Режимот за заштеда на енергијаxx или 48 часа во Режимот за заштеда на енергија при вежбањеxxi. 

 

Galaxy Watch Ultraxxii е достапен исклучиво во големина со дијаметар од 47 мм, а корисниците ќе можат да избираат меѓу титаниум сива, титаниум бела и титаниум сребрена.

 

Galaxy Watch7 и Galaxy Watch Ultra се првите паметни Android часовници засилени со оперативниот систем Wear OS 5, најмоќното издание на Wear OS досега. Новиот оперативен систем нуди напредни перформанси и енергетска ефикасност и гарантира дека корисниците можат да уживаат во беспрекорна и течна интеракција и да го користат својот Galaxy Watch подолго. Плус, тие можат максимално да уживаат во нивното искуство со носив уред со пристап до многу популарни апликации директно од нивниот зглоб, вклучувајќи ги услугите на Galaxy, апликациите на Google, како и нивните омилени апликации од трети страни.

 

Достапност

 

Galaxy Watch7 и Galaxy Watch Ultra ќе бидат достапни за пред-нарачка во Северна Македонија од 10-ти јули, а во малопродажба ќе бидат достапни од 24-ти јули. Galaxy Watch7 во 40-милиметарската верзија ќе биде достапен по препорачана малопродажна цена од 19,999 или од 22,999 МКД за Bluetooth односно LTE конфигурација, а верзијата од 44 милиметри ќе биде достапна од 21,499 или од 24,999 МКД во верзијата Bluetooth односно LTE. Galaxy Watch Ultra е достапен по препорачана малопродажна цена од 42,899 МКД, исклучиво во верзијата LTE.

 

За Samsung Electronics 

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Galaxy Watch7

 

 

 

 

Galaxy Watch Ultra

 

 

 

 

Боја

 

 

 

 

- 44 mm: Зелена, Сребрена 

 

 

- 40 mm: Зелена, Кремаста

 

 

 

 

- 47 mm: Титаниум сребрена, Титаниум сива, Титаниум бела

 

 

 

 

Димензииxxv 
& Тежинаxxvi

 

 

 

 

- 44 mm: 44.4 x 44.4 x 9.7 mm, 33.8 g

 

 

- 40 mm: 40.4 x 40.4 x 9.7 mm, 28.8 g

 

 

 

 

- 47 mm: 47.1 x 47.4 x 12.1 mm, 60.5 g

 

 

 

 

Екран

 

 

 

 

Сафир кристал

 

 

- 44 mm: 1.5-инчи (37.3 mm) 480x480 Super AMOLED, Полна боја секогаш на екранот

 

 

- 40 mm: 1.3-инчи (33.3 mm) 432x432 Super AMOLED, Полна боја секогаш на екранот

 

 

 

 

Сафир кристал

 

 

- 47 mm: 1.5- инчи (37.3 mm) 480x480 Super AMOLED, Полна боја секогаш на екранот

 

 

 

 

Процесор

 

 

 

 

Exynos W1000 (5-јадрен, 3 nm)

 

 

 

 

Меморија  
и складирање

 

 

 

 

2 GB меморија + 32 GB складирање

 

 

 

 

Батеријаxxvii (типична) 

 

 

 

 

 

 

 

- 44 mm: 425 mAh

 

 

- 40 mm: 300 mAh

 

 

 

 

590 mAh

 

 

 

 

Полнењеxxviii

 

 

 

 

Брзо полнење (безжично полнење базирано на WPC)

 

 

 

 

Оперативен системxxix

 

 

 

 

Wear OS напојуван од Samsung (Wear OS 5)

 

 

 

 

Кориснички интерфејс

 

 

 

 

One UI 6 Watch

 

 

 

 

Сензори

 

 

 

 

Samsung сензор BioActive (Оптички биосигнален сензор + Електричен срцев сигнал + анализа на биоелектрична импеданса), температурен сензор, акцелерометар, барометар, жироскопски сензор, геомагнетен сензор, светлински сензор 

 

 

 

 

Samsung сензор BioActive (Оптички биосигнален сензор + Електричен срцев сигнал + анализа на биоелектрична импеданса), температурен сензор, акцелерометар, барометар, жироскопски сензор, геомагнетен сензор, светлински сензор

 

 

 

 

Поврзаност

 

 

 

 

LTExxx, Bluetooth 5.3, Wi-Fi 2.4+5 GHz, NFC, GPS (L1+L5)/Glonass/Beidou/Galileo

 

 

 

 

Издржливостxxxi

 

 

 

 

5 ATM + IP68 / MIL-STD-810H

 

 

 

 

10 ATM41+IP68xxxii / MIL-STD-810H / Пливање во океан, загарантирана работна температура/ надморска височина

 

 

 

 

Компатибилност

 

 

 

 

Android 11 или понова верзија и со повеќе од 1,5 GB меморија xxxiii