Изберете ја вашата локација и јазик.
Локални вести

Новото ажурирање на One UI 6.1 ја носи Galaxy AI на повеќе Galaxy уреди

Samsung ја забрзува глобалната експанзија на мобилната вештачка интелигенција и им овозможува на корисниците да искусат Galaxy AI на претходните модели

26/02/2024

Скопје, 22 февруари 2024 г. – Samsung Electronics денес ја најави достапноста на карактеристиките на функциите Galaxy AI1 на повеќе Galaxy уреди преку новото ажурирање One UI 6.1 дизајнирано да ја продолжи демократизацијата на мобилната вештачка интелигенција (AI). Ажурирањето ќе биде достапно на серијата Galaxy S23, S23 FE, Z Fold5, Z Flip5 и на серијата Tab S9 од крајот на март. Усогласувајќи се со неодамна лансираната серија Galaxy S242, ова ажурирање го подигнува стандардот на искуството на мобилната вештачка интелигенција преку хибриден пристап кој комбинира вештачка интелигенција на уредот и на облак.

„Нашата цел со Galaxy AI не е само да бидеме пионери во новата ера на мобилна вештачка интелигенција, туку и да ги збогатиме корисниците со тоа што ќе ја направиме вештачката интелигенција подостапна“, рече Т.М. Рох, претседател и раководител на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Ова е само почеток на Galaxy AI, бидејќи планираме да им го донесеме искуството на над 100 милиони корисници на Galaxy во 2024 година и да продолжиме да иновираме начини за искористување на неограничените можности на мобилната вештачка интелигенција“.

 

Комуникација што ги надминува бариерите

Уште повеќе корисници на Galaxy сега ќе можат да ги искористат предностите на функциите Galaxy AI кои ја подобруваат комуникацијата и се достапни на моделите поддржани со вештачка интелигенција. Функциите вклучуваат можност за прилагодување на тонот на пораките и преведување пораки на 13 различни јазици со помош на функцијата Помош за разговор (Chat Assist)3. Корисниците на Galaxy можат да ја искусат моќта на интеракциите во реално време преку функцијата Превод во живо (Live Translate)4, која обезбедува гласовни и текстуални преводи на телефонски повици. Со функцијата Interpreter, корисниците можат да се вклучат и во спонтани разговори со локалното население додека патуваат, бидејќи функцијата која го дели екранот генерира текстуален превод на разговорот во живо.

 

Неприкосновена продуктивност

Пошироката интеграција на функциите Galaxy AI низ екосистемот на Galaxy, исто така, овозможува беспрекорно корисничко искуство во секојдневните задачи на моделите поддржани со вештачка интелигенција, поттикнувајќи нови нивоа на ефикасност. Функциите за пребарување се подобрени преку функцијата Пребарување со заокружување на Google (Circle to Search with Google)5, која генерира интуитивни резултати од пребарувањето со брзо заокружување. Организациските функции што го подобруваат животот, како што е Помош за белешки (Note Assist)6, им овозможуваат на корисниците да креираат формати, да генерираат записници и да преведуваат белешки,додека функцијата Помош за пребарување (Browsing Assist)7 им овозможува на корисниците побрзо генерирање на сеопфатни резимеа на новинарски статии. Функцијата Помош за транскрипција (Transcript Assist) може лесно да ги транскрибира снимките од состаноците и да генерира резимеа и преводи.

 

Незапирлива креативност за уметникот во вас

Со Galaxy AI, Samsung ја удвојува својата улога во отклучувањето на креативниот потенцијал на корисниците. Најновото ажурирање на Galaxy обезбедува пакет алатки Galaxy AI, кои ја поттикнуваат креативната слобода дури и по фотографирањето. Со помош на функцијата Генеративно уредување (Generative Edit)8, уредите поддржани со вештачка интелигенција лесно можат да ја менуваат големината и позицијата на објектите што се фотографираат или да ги подредат објектите за да добијат перфектна слика. Корисниците, исто така, можат да ја исполираат секоја фотографија побрзо и полесно од кога било со функцијата Предлог за уредување (Edit Suggestion)9. Нема потреба од повеќекратно повторливо фотографирање, бидејќи функцијата Instant Slow-mo10 може да генерира дополнителни кадри за забавени видео записи за да се доловат моменти исполнети со акција.

Креативноста и персонализацијата не застануваат тука. Приспособувањето на Galaxy уредите е уште полесно со помош на позадините генерирани со вештачка интелигенција, овозможувајќи им на уредите поддржани со вештачка интелигенција да ја оживеат креативноста на корисниците.

За повеќе информации за Galaxy AI, одете на: Samsung Newsroom, www.samsungmobilepress.com и www.samsung.com.

 

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, лиените и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com.

  • 1 Samsung не дава никакви ветувања или гаранции за точноста, комплетноста или доверливоста на резултатот од функциите за вештачка интелигенција. Можеби ќе биде потребно најавување на сметката Samsung за да се користат одредени функции на Samsung AI. Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно најрано до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.
  • 2 Некои функции за вештачка интелигенција од серијата Galaxy S24 може да не бидат достапни кај моделите од претходната генерација.
  • 3 Функцијата за преведување во Chat Assist може да бара најавување на сметката Samsung. Некои апликации за разговор може да не ја поддржуваат оваа функција. Одредени јазици може да бараат преземање јазичен пакет. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Оваа функција се активира кога ќе се открие јазик што може да се преведе. Точноста на резултатите не е загарантирана.
  • [4] Samsung Daily+ ќе се применува на DU7000↑ и ќе биде 4 Функцијата Live Translate бара мрежна врска и најавување на сметката Samsung. Оваа функција е достапна само на претходно инсталираната апликација Samsung Phone. Повиците мора да се вршат со матичниот бирач на Samsung. Одредени јазици може да бараат преземање јазичен пакет. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана.достапен ширум светот.
  • 5 Резултатите може да варираат во зависност од визуелните совпаѓања. Потребна е интернет врска. Корисниците можеби ќе треба да го ажурираат својот Android на најновата верзија. Функционалноста на производот може да зависи од поставките на апликацијата и уредот. Некои функции можеби не се компатибилни со одредени апликации. Достапноста на услугата варира во зависност од земјата и јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана. Времето за ажурирање може да варира во зависност од моделите
  • 6 Само за текст во Samsung Notes; бара најавување на сметката на Samsung и интернет врска.
  • 7 Достапно само преку Интернет апликацијата на Samsung.
  • 8 Функцијата Generative Edit бара мрежна врска и најавување на сметката на Samsung. Уредувањето со оваа функција резултира со промена на големината на фотографијата до 12 MP. По зачувувањето се појавува видлив воден жиг на добиената фотографија со цел да се покаже дека таа е генерирана од вештачка интелигенција. Точноста и веродостојноста на генерираниот резултат не се загарантирани.
  • 9 Функцијата Edit Suggestion е компатибилна со форматите: JPG, PNG, GIF и MP4. Резултатите и квалитетот на уредувањето може да се разликуваат во зависност од условите на фотографијата или снимањето. Точноста на резултатите не е загарантирана.
  • 10 Функцијата Instant Slow-mo е достапна на серијата Galaxy S23, Z Fold5, Z Flip5 и на серијата Tab S9.