Изберете ја вашата локација и јазик.
Локални вести

[Водич за квантни точки] 10 години иновации на Samsung што ги редефинираат стандардите за квалитет на сликата

04.03.2025

Скопје, 4 март 2025 г. – Квантните точки се клучен материјал од следната генерација, кој наоѓа широка примена кај екраните, медицинските уреди и соларните ќелии. Уште во 2015 година, Samsung Electronics успешно ја комерцијализираше првата во светот технологија на квантни точки без кадмиум кај своите SUHD телевизори. По овој пробив, Samsung продолжи да ги унапредува своите иновации и во 2017 година ја зацврсти својата лидерска позиција во технологијата на квантни точки со лансирањето на QLED телевизорите. Во оваа прилика, Samsung Newsroom се осврнува на изминатите десет години напредок и истражува како квантните точки ги подигнуваат екраните на Samsung на следното ниво.

 

Квантни точки: Нова генерација на иновации кај екраните

 

Квантните точки се ултра-фини полуспроводнички честички, десетици илјади пати потенки од човечкото влакно. Благодарение на нивните уникатни физички својства – кои овозможуваат врвна прецизност на боите и извонредна осветленост – тие претставуваат технологија што ќе ја револуционизира индустријата на екраните.

Кога се користат кај екраните, квантните точки обезбедуваат широк спектар на бои, кој најпрецизно одговара на начинот на кој човечкото око ги перципира боите. Тие, исто така, овозможуваат прецизна контрола на светлината на ниво на пиксел, што резултира со подлабоки црни тонови. Благодарение на својството да емитуваат светлина во сите насоки, квантните точки испорачуваат рамномерна осветленост и конзистентни бои од секој агол на гледање, додека истовремено го минимизираат изложувањето на сина светлина, создавајќи поудобно визуелно искуство.

По што се издвојуваат QD телевизорите на Samsung: Содржина, квалитет на филмот и технологија без кадмиум

 

ТВ индустријата продолжува со истражување и развој за комерцијализација на квантните точки, бидејќи овој материјал станува револуционерен фактор во технологијата на екрани. Поради тоа, на пазарот во последно време се појавија различни телевизори со екрани со квантни точки, кои нудат широк спектар на опции за потрошувачите.

Сепак, клучните разлики кај овие телевизори лежат во начинот на имплементација на технологијата и вкупниот квалитет на екранот. За да се обезбеди премиум искуство при гледање, мора да се земат предвид фактори како што се концентрација на квантните точки, квалитетот на филмскиот слој и иновативната употреба на материјали без кадмиум.

Концентрација на квантни точки

 

Вистинскиот квалитет на телевизорот со квантни точки се дефинира според количината на квантни толки. За да се постигне живописен, богат квалитет на сликата и изразување на боите по кои се познати QLED екраните, потребни се високи концентрации на квантни точки во QD слојот.

 

Филм со квантни точки

 

Екраните со квантни точки имаат поедноставна и поефикасна структура во споредба со LCD екраните. Samsung QLED технологијата го елиминира потребниот фосфорен слој, бидејќи QD слојот заедно со сината позадинска светлина ја зголемува осветленоста и овозможува поинтензивни бои.

OLED (QD-OLED) со квантни точки, кој се состои од слој на транзистор со тенок филм (TFT)1, самоемитирачки извор на светлина и филм со квантни точки што ја користи емитираната светлина од изворот, оди чекор понатаму во подобрувањето на квалитетот на сликата. Во секој случај, наменскиот филм со квантни точки кој содржи доволно квантни точки е клучен за обезбедување врвен квалитет на сликата и долготрајност на екранот.

Без кадмиум

 

Во раните фази на развој на телевизорите со квантни точки, кадмиумот се сметаше за најефикасниот материјал за производство на квантни точки и беше клучен за постигнување на главните предности на оваа технологија, како што се прецизната репродукција на бои и подобрениот контраст.

Сепак, токсичноста на кадмиумот и неговото влијание врз животната средина претставуваа значителна пречка за комерцијализација на технологијата на квантни точки. Иако употребата на кадмиум во потрошувачката електроника е дозволена, таа е подложна на строги регулативи, бидејќи овој материјал е ограничен според законите на ЕУ2 – што ја отежнува неговата широка примена, и покрај тоа што е најсоодветен за имплементација на технологијата на квантни точки.

 

Како одговор на овој предизвик, Samsung во 2014 година ја разви и патентираше првата во светот технологија на квантни точки без кадмиум и успешно ја комерцијализираше со своите SUHD телевизори во 2015 година, отворајќи нова ера на телевизори со квантни точки. (До ден-денес, Samsung останува единствениот водечки ТВ бренд што ја донесе оваа технологија на пазарот.)

 

10 години иновации и лидерство во технологијата на квантни точки

 

Samsung беше меѓу првите што го препозна потенцијалот на технологијата на квантнти точки и во изминатата деценија предводеше со иновации на глобалниот пазар на екрани, преку континуирани истражувања и инвестиции.

Samsung започна со истражување и развој на технологијата на квантни точки во 2001 година – во време кога истражувањата за материјалите без кадмиум беа многу ограничени. За да се постигнат живописни бои, беше неопходно да се создадат нано-честички со униформна големина, но недостатокот на технологија и истражувања го правеше масовното производство исклучително тешко.

 

И покрај овие предизвици, Samsung во 2014 година успеа да создаде нанокристален материјал без кадмиум. Од тогаш, компанијата стекна огромно знаење, регистрирајќи повеќе од 150 патенти, и постојано работеше на усовршување на технологијата. Како што беше споменато погоре, Samsung испорача уште една револуционерна иновација во 2015 година, кога ги претстави првите SUHD телевизори во светот со технологија на квантни точки без кадмиум.

Без намера да застане, Samsung дополнително ја усоврши технологија на квантни точки со лансирањето на својата прва QLED серија во 2017 година, поставувајќи нов стандард за премиум телевизори. Со примена на технологијата на метални квантни точки, Samsung успеа да го постигне DCI-P3 стандардот за бои според Digital Cinema Initiative и за првпат во индустријата да постигне 100% волумен на боја – овозможувајќи неприкосновена експресија на бои.3 Особено значајно е тоа што употребата на неорганска технологија на квантни точки ги заштити екраните од „burn-in“4 ефект, осигурувајќи конзистентен квалитет на сликата со текот на времето.

По успешниот развој на елемент кој емитува црвена светлина за екраните во 2019 година, Samsung ја зголеми ефикасноста на QLED диодите кои сами емитираат сина светлина – кои се сметаат за најпредизвикувачки за имплементација меѓу трите основни QLED бои5 – достигнувајќи водечки 20,2%6 во индустријата.

 

„Откривањето на син материјал за QLED кои сами емитуваат светлина и демонстрирањето на водечки перформанси на ниво на уред беа значајни достигнувања на ова истражување,“ изјави д-р Еунџу Чанг (Eunjoo Chang), научен соработник во Напредниот институт за технологија на Samsung. „Уникатната технологија на квантни точки на Samsung повторно ги надмина техничките бариери.“

Овие револуционерни технолошки подобрувања не застанаа тука. Тие доведоа до претставување на QD-OLED телевизорите, кои направија историја на саемот CES 2022, освојувајќи ја наградата Best of Innovation за интеграција на технологијата на квантни точки кај OLED екраните.

Нашите најнови Neo QLED модели одат чекор подалеку заменувајќи ги стандардните LED диоди со поголем број мини LED диоди, овозможувајќи уште поголема деталност, осветленост и живописни бои – а достапни се дури и со 8K резолуција. Се подразбира дека оваа моќна хардверска технологија е надополнета со најновите софтверски решенија, вклучувајќи AI Upscaling и оптимизација, како и Vision AI. 7

 

Samsung останува посветен на унапредувањето на технологијата на квантни точки преку континуирани иновации. Компанијата продолжува да инвестира во водечки технологии за екрани – од QLED и QD-OLED до Neo QLED, овозможувајќи висока осветленост, прецизност на боите и подобрена фреквенција.

Поттикната од ненадминатите иновации со квантни точки на Samsung, иднината на технологијата на екраните никогаш не изгледала посветла.

 

За Samsung Electronics 

 

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com.

Check for inlineJS path ------ clientlib

js path is correct or not

js path is correct or not