Изберете ја вашата локација и јазик.
Глобални вести

Серијата слушалки Galaxy Buds3 нуди уште поголема удобност со серијата Galaxy S25

Серијата Galaxy S25 повторно го дефинира начинот на кој ги користиме нашите телефони и комуницираме со светот околу нас, подигнувајќи ја моќта на Galaxy AI на уште повисоко ниво.

28.02.2025

Серијата Galaxy S25 повторно го дефинира начинот на кој ги користиме нашите телефони и комуницираме со светот околу нас, подигнувајќи ја моќта на Galaxy AI[1] на уште повисоко ниво. Ова поприродно и персонализирано мобилно искуство, кое води грижа за опкружувањето, носи нови можности за целиот екосистем на уреди на Samsung, вклучувајќи ја и серијата слушалки Galaxy Buds3.

 

А сега, со One UI 7, можете да уживате во најинтелигентниот звук на начин кој најмногу ви одговара со Galaxy Buds3 и Buds3 Pro, едноставно менувајќи ги аудио поставките на панелот за брзи поставки и применувајќи го вашиот избор на одбрани апликации. Дополнително, корисниците можат да уживаат во подостапно и персонализирано аудио искуство благодарение на функцијата за Приспособи го звукот (Adapt sound).

Да погледнеме како серијата слушалки Galaxy Buds3 може да го подобри и промени вашиот секојдневен звучен пејзаж.

 

 

Нови функции за подобрено прилагодување и лесна контрола

 

Полесно приспособување на аудио поставките

Финото подесување на звукот треба да биде брзо и едноставно, за да можете да уживате во содржината што ја слушате во секој момент и на секое место. Серијата слушалки Galaxy Buds3 значително го олеснува овој процес со One UI 7, бидејќи веќе нема потреба секојпат да ја отворате апликацијата Galaxy Wearable на вашиот паметен телефон за да ги приспособите поставките. Сега, за првпат, можете едноставно да ја приспособите јачината на звукот, контролата на бучавата и аудио поставките директно од панелот за брзи поставки на вашиот уред и да имате удобно искуство при слушањето.

 

Како да ги приспособите поставките на слушалките во панелот за брзи поставки

  1. Отворете го панелот за брзи поставки на поврзаниот паметен телефон.
  2. Притиснете и задржете го лизгачот за јачина на звукот.
  3. Допрете ја поставката што сакате да ја промените.

Персонализирајте ги аудио поставките за одбрани апликации

 

Изборот на аудио поставките често зависи од апликацијата што ја користите. На пример, кога слушате музика, можеби сакате засилен бас, но кога гледате филм, претпочитате поимерсивно и покомплетно аудио искуство. Со функцијата за приспособување на аудио поставките во апликацијата, повеќе нема потреба секојпат да ги менувате аудио поставките кога отворате одредена апликација[1]. Доволно е само еднаш да го поставите вашиот избор за одредена апликација преку панелот за брзи поставки, а серијата Galaxy Buds3 автоматски ќе ги применува тие поставки секојпат кога ќе ја отворите апликацијата. Оваа функција, прва од ваков тип, овозможува подобра и поприспособена секојдневна аудио рутина според вашите преференции.

 

Како да ја користите функцијата за приспособување на аудио поставките во апликација

 

  1. Отворете го панелот за брзи поставки на поврзаниот паметен телефон.
  2. Допрете ја иконата за слушалки во медиумскиот панел или притиснете и задржете го лизгачот за јачина на звукот над медиумскиот панел.
  3. Допрете ја аудио поставката што сакате да ја прилагодите за апликацијата што моментално ја користите.

Посебно приспособен звук за персонализирано слушање

 

One UI 7 дополнително ги проширува можностите за амбиентален звук со подобрената функција за Приспособи го звукот (Adapt sound)[1], овозможувајќи ви да изберете персонализирано аудио искуство. Со оваа функција, ќе имате појасен и попрецизен звук при телефонски повици или гледање видеа, за да не пропуштите ништо важно. Напредниот тест за слух ви помага да креирате сопствен звучен профил, прилагоден токму за вас. Доколку немате време за тестирање, можете едноставно да изберете еден од трите однапред дефинирани профили според вашата возрасна група.

 

Како да ја вклучите функцијата Приспособи го звукот (Adapt sound) 

 

  1. Отворете ја апликацијата Galaxy Wearable на поврзаниот паметен телефон.
  2. Допрете на Поставки за слушалките.
  3. Изберете Пристапност.
  4. Допрете на Приспособи го звукот (Adapt sound).
  5. Изберете еден од трите однапред дефинирани профили или направете тест за слух.

 

Како да ја вклучите функцијата Приспособи го звукот (Adapt sound).

 

  1. Отворете ја апликацијата Galaxy Wearable на поврзаниот паметен телефон.
  2. Допрете на Квалитет на звук и звучни ефекти.
  3. Допрете на Приспособи го звукот (Adapt sound).
  4. Изберете еден од трите однапред дефинирани профили или направете тест за слух.

Интелигентно аудио искуство за сите

 

Благодарение на моќта на Galaxy AI, серијата слушалки Galaxy Buds3 не само што нуди поголема удобност, туку и овозможува подобра комуникација со функции што ги бришат јазичните бариери и го збогатуваат звукот, без разлика на начинот на кој ги носите слушалките или без разлика на вашата околина. Ова резултира со попаметни и подобро прилагодени моменти во секојдневието

.

Совршена комуникација на 20 јазици

 

Со функцијата Преведувач (Interpreter )[1] во режим на слушање, јазичните бариери веќе не се пречка. Без разлика дали слушате предавање на странски јазик или разговарате со некого кој зборува друг јазик, функцијата Преведувач (Interpreter) во режим на слушање ви овозможува да го слушнете преводот директно преку вашите Galaxy Buds3 слушалки, без потреба да гледате во вашиот паметен телефон. Сега можете да се фокусирате исклучиво на разговорот и да комуницирате лице в лице без прекини.

 

Како да ја користите функцијата Преведувач (Interpreter) во режим на слушање

 

  1. Отворете ја апликацијата Преведувач (Interpreter) на поврзаниот паметен телефон.
  2. Ставете ги слушалките во вашите уши.
  3. Притиснете режим на слушање од левата страна.
  4. Изберете го посакуваниот јазик.
  5. Допрете ја иконата за микрофон за да започнете со преведување.
  6. Повторно допрете ја иконата за микрофон за да го запрете преведувањето.
  7. Користете ја функцијата за контрола на слушалките преку „штипнување“  за паузирање и продолжување на преведувањето

Интелигентно подобрен звук во секој момент и на секое место

 

Без разлика на начинот на кој ги носите слушалките, микрофоните на серијата Galaxy Buds3 во реално време го анализираат и внатрешниот и надворешниот звук за да овозможат најдобар квалитет на звук и активно поништување на бучавата (ANC) преку Adaptive EQ и Adaptive ANC, прилагодени за секој корисник.

Дополнително, Galaxy Buds3 Pro слушалките интелигентно го подобруваат звукот во која било околина. Без разлика дали слушате музика додека шетате низ парк, функцијата за Адаптивна контрола на бучацата постојано го анализира околниот звук и автоматски го прилагодува најсоодветното ниво на бучава, така што нема потреба рачно да го правите тоа. Функциите Siren Detect и Voice Detect[1] автоматски ги препознаваат сирените на итните служби или вашиот глас, по што го зголемуваат амбиенталниот звук за да останете свесни за вашата околина или да се фокусирате на разговорот.

 

Како да ја вклучите функцијата Адаптивна контрола на бучавата

 

  1. Отворете ја апликацијата Galaxy Wearable на поврзаниот паметен телефон.
  2. Допрете на Адаптивна

 

Како да ја вклучите функцијата Siren Detect

 

  1. Отворете ја апликацијата Galaxy Wearable на поврзаниот паметен телефон.
  2. Допрете на Автоматски префрли на амбиентален звук
  3. Изберете Siren detect

 

Како да ја вклучите функцијата Voice Detect

 

  1. Отворете ја апликацијата Galaxy Wearable на поврзаниот паметен телефон.
  2. Допрете на Автоматски префрли на амбиентален звук
  3. Изберете Voice detect

 

Иновации во звукот за сите

 

Со лансирањето на Galaxy S25 серијата, Samsung постави нов стандард во мобилната вештачка интелигенција (AI), воведувајќи вистински AI асистент што овозможува природна и интуитивна интеракција со светот околу вас. Овие интелигентни можности се шират низ целиот Galaxy екосистем, а серијата Galaxy Buds3 останува предводник во иновативниот звук, нудејќи имерсивно и удобно аудио искуство за сите.

Check for inlineJS path ------ clientlib

js path is correct or not

js path is correct or not