Скопје, 20 февруари 2025 г. – Samsung Electronics објави дека ја обезбеди својата позиција како глобален лидер на ТВ пазарот 19-та година по ред.
Според компанијата за истражување на пазарот Omdia, Samsung во 2024 година постигна 28,3% пазарен удел на глобалниот ТВ пазар, задржувајќи го првото место што го држи уште од 2006 година. Овој континуиран успех е резултат на посветеноста на компанијата кон иновативни премиум и ултра-големи екрани, како и воведувањето на најсовремени телевизори со вештачка интелигенција.
„19-годишното владеење на Samsung на глобалниот ТВ пазар е овозможено благодарение на довербата и поддршката од нашите корисници,“ изјави Хун Ли (Hun Lee), извршен потпретседател на Visual Display Business во Samsung Electronics. „Ќе продолжиме да ја обликуваме иднината на ТВ индустријата со иновации како што се телевизорите со вештачка интелигенција, испорачувајќи производи и услуги што значајно го збогатуваат животот на луѓето.“