Монитори
Најди го најдобриот монитор за тебе
Разгледај го богатиот асортиман на монитори Samsung
Најди го идеалниот монитор за твојот простор
Ултраширок


Заоблен


4K UHD


1080P Full HD


Избери ја вистинската големина на монитор за твоите потреби
20 до 29-инчен монитор


30 до 39-инчен монитор


40 до 49-инчен монитор


50 инчи или поголем








Често поставувани прашања
-
Која е функцијата на мониторите и какви видови монитори има?
Мониторите ја прикажуваат визуелната содржина од твојот компјутер, за подобро искуство со сите разни задачи. Видовите монитори се разликуваат во зависност од намената.
Гејминг монитори: Овие монитори се дизајнирани за гејмери и нудат големи брзини на освежување (120 Hz, 144 Hz, 240 Hz итн.) за непречен визуелен приказ и кратко време на реакција* (1 ms, 0,1 ms, 0,03 ms итн.) за минимално доцнење. Технологиите како G-Sync и FreeSync спречуваат сецкање и кочење на екранот.
Ултрашироки монитори: Со поголем сооднос на аспект (21:9 или 32:9), ултрашироките монитори овозможуваат повеќе простор на екранот за мултитаскинг, гејминг и филмови, создавајќи пореалистично искуство.
Заоблени монитори: Заоблените монитори нудат природно гледање со намалување на напрегањето на очите и поживописен екран. Идеални се за гејминг, филмови и професионални задачи и рабовите на екранот се поконзистентни со полето на гледање.
Монитори со висока резолуција: Мониторите со резолуција како 4K или 5K UHD даваат изострени и детални слики, совршени за графички дизајн, монтирање видеа и уредување фотографии.
Паметен монитор: Нуди напредни функции како поврзување на интернет, вградени услуги за стриминг, поддршка за гласовни команди и интеграција на IoT за подобрена практичност и продуктивност.**
*Времето на реакција може да се разликува во зависност од моделот и начинот на мерење.
** За пристап до сите паметни функции потребна е најава на Samsung Account. -
Како се мери големината на екранот на мониторот и која големина да ја купам?Големината на компјутерски монитор вообичаено се мери во инчи, што се означуваат со наводници ("), како на пример 24", 27", 32" и така натаму. Ова мерење се врши од еден крај до друг долж дијагоналата на екранот.
Кога се бира големина на монитор, треба да се земе предвид неговата намена, дали е за гејминг, работа, гледање итн. На пример, некои гејмери често претпочитаат поголеми монитори во зависност од игрите што ги играат, од 34" до 49", па дури и 57" со ултрашироки екрани за пореалистичен гејминг.
Други важни фактори се и оддалеченоста од која се гледа и расположливиот простор на бирото. Ако просторот е ограничен се препорачува монитор од 24" или 27" за користењето да биде поудобно во поограничен простор. -
Што значи резолуцијата на екранот и колкава треба да биде?Резолуцијата на екранот се однесува на бројот на пиксели што може да ги прикаже еден екран и вообичаено се изразува во однос на ширината и висината. Повисока резолуција значи повеќе пиксели и почиста и поизострена слика.
Full HD (1920x1080) е популарен избор за општа употреба, како прелистување на интернет и гледање мултимедијални содржини.
QHD (2560x1440) нуди повисока резолуција, со поизострена слика и поголем простор на екранот, што е погодно за задачи како создавање содржини и гејминг.
UHD (3840x2160) обезбедува врвна и јасна слика со изразени детали, испорачувајќи неверојатни визуелни прикази и остри графики, особено за професионалци кои работат со содржини со висока резолуција и уживаат во поживописни и пореалистични слики.
Сепак, која е најдобра резолуција за тебе зависи од повеќе фактори, како големината на екранот, растојанието од кое ќе гледаш и задачите што ќе ги извршуваш најчесто. -
Дали компјутерските монитори имаат звучници?Сите монитори не доаѓаат со вградени звучници. Тоа често зависи од производителот и од конкретниот модел. Овие монитори со звучници се идеални за уредно биро без нередот што се создава од каблите и надворешните звучници, овозможувајќи во исто време да уживаш и да ги слушаш сите содржини со леснотија.
Ако аудиото е клучен фактор за твојот работен простор, на пример, при професионална монтажа на видеа, можеби ќе сакаш да ги провериш спецификациите на нашиот асортиман на монитори на Samsung {Северна Македонија}. -
Која е брзината на освежување на монитор и колку херци треба да има еден монитор?
Брзината на освежување на мониторот означува колку пати во секунда тој може да повлече нова слика, измерено во херци (Hz).
На пример, онитор од 144 Hz ја освежува сликата 144 пати во секунда, нудејќи понепречен визуелен приказ од стандардните екрани со 60 Hz. Иако постојат и појаки опции, како монитори со 240 Hz, бирањето на вистинската брзина на освежување зависи од индивидуалните потреби и желби. За општи задачи, како уредување документ или прелистување на интернет, доволен е монитор со 60 Hz или 75 HZ, додека искусни гејмери би претпочитале 144 Hz или повеќе за понепречена игра. Гејмерите што се натпреваруваат, или е-спортистите, често бираат монитори со 240 Hz за највисоко ниво на перформанси.
Идеалната брзина на освежување за монитор треба да одговара и на перформансите на компјутерот на корисникот и на потребите за гејминг, за да овозможи непречено и реалистично визуелно искуство.
-
Дали заоблените монитори се подобри?Заоблените монитори имаат предности во одредени случаи, но дали се „подобри“ зависи од индивидуалните потреби и од предвидената намена. Заоблените екрани може да ја подобрат живописноста и да обезбедат поприродно гледање со намалување на искривеноста на рабовите и создавање чувство на длабочина. Ова е особено корисно за гејминг и за гледање мултимедијални содржини, нудејќи пошироко поле за гледање и пореалистично чувство. Заоблените монитори се корисни и за работници и за професионалци, проширувајќи го полето за гледање, што помага за одржување на концентрацијата, зголемување на продуктивноста и намалување на напрегањето на очите.
-
Што е IPS и VA монитор и кој да го изберам, IPS или VA?Мониторот IPS (In-Plane Switching) е вид екран за приказ познат по својата одлична прецизност на боите, широки агли на гледање и конзистентни нивоа на осветленост во споредба со VA панелите. IPS мониторите се идеални за задачи како уредување фотографии, графички дизајн и создавање содржини, каде што прецизноста на бојата е од клучно значење.
Панелите VA (вертикално порамнување) се вид технологија на екран позната по тоа што обезбедува длабоки црни тонови и подобар сооднос на контраст. Овие панели се препорачливи за задачи како гледање филмови или гејминг, каде што длабочината на сликата и контрастот се многу важни. На крај, изборот помеѓу IPS и VA монитори зависи од твоите приоритети. -
Што е HDR монитор и кои се неговите придобивки?HDR (висок динамички опсег) мониторот ги подобрува контрастот, осветленоста и точноста на боите, овозможувајќи живописни и реалистични слики. Овие монитори поддржуваат HDR технологија и со тоа може да прикажуваат поширока палета на бои и нивоа на осветленост, што резултира со неверојатен квалитет на сликата. HDR содржините, како филмови, игри и мултимедијални содржини, имаат голема придобивка од подобрениот реализам и длабочина, со што секоја сцена е пореалистична.
Сѐ на сѐ, HDR мониторот е идеален за корисници што сакаат супериорен квалитет на сликата и реалистично гледање и гејминг. -
Може ли да поврзам USB-C на монитор?Да, може да поврзеш USB-C на твојот монитор. Приклучокот за USB-C е разновиден и поддржува неколку функции, вклучувајќи и излез за видео.
Меѓутоа, секој монитор има различни приклучоци. Некои екрани имаат HDMI, други имаат DisplayPort, а некои, пак, USB-C приклучоци. Провери дали имаш USB-C кабел што е компатибилен со приклучокот на екранот. Потоа, поврзи го едниот крај на USB-C кабелот со уредот, а другиот крај со екранот. Кога поврзуваш USB-C кабел со монитор, провери дали и уредот и мониторот го поддржуваат потребниот протокол, како DisplayPort over USB-C.
Поврзувањето USB-C кабел со мониторот ја зголемува едноставноста, намената и практичноста, поедноставувајќи го целиот работен простор.
* Спецификациите и карактеристиките на производот може да се разликуваат во зависност од моделот.