Збогати
го твоето
искуство
со QLED

На The Frame кој виси на ѕид е прикажан цвет во жива боја. На The Frame кој виси на ѕид е прикажан цвет во жива боја.

Уживај во тоа што е на екранот,
заборави на рефлексии

Мат екран

Уживај во прекрасните уметнички дела со Мат екранот кој драстично ги намалува рефлексиите на светлината, така што јасно се гледа што е на екранот.

* Конвенционалниот производ се однесува на претходниот модел на The Frame.

Истото уметничко дело е прикажано и на конвенционален и на мат екран. Конвенционалниот дисплеј има рефлексии на светлина во близина на светилка додека Мат дисплејот не. Изложено е и логото Glare Free кое е сертифицирано Reflection Glare UGR<10, Discomfort Glare UGR<22, Disability Glare UGR<34. Истото уметничко дело е прикажано и на конвенционален и на мат екран. Конвенционалниот дисплеј има рефлексии на светлина во близина на светилка додека Мат дисплејот не. Изложено е и логото Glare Free кое е сертифицирано Reflection Glare UGR<10, Discomfort Glare UGR<22, Disability Glare UGR<34.

Милијарда нијанси од точна боја

100% волумен на боја со Quantum Dot

Гледај ја секоја боја, сенка и тон на уметничките дела исто толку реално како во галерија. Технологијата Quantum Dot ја трансформира светлината во преку милијарда нијанси на бои за да ја оживее сликата.

* 100% волумен на боја измерен според стандардот DCI P3, сертифициран од VDE.

Интелегенцијата позади
славната слика и звук

Процесор Quantum 4K

Прроцесорот Quantum 4K ги придвижува сите перформанси. Интелигентно ги оптимизира сликата, звукот и повеќе за да овозможи навистина неверојатно доживување при гледањето.

* Искуството за гледање може да се разликува во зависност од типот на содржина и формат. Зголемувањето на резолуцијата може да не важи за поврзување со компјутер и режим на игра.

Заматената слика од библиотеката веднаш станува јасна откако ќе трепка чипот со 4K Quantum Processor AI. Заматената слика од библиотеката веднаш станува јасна откако ќе трепка чипот со 4K Quantum Processor AI.

Слика оптимизирана
за твоите очи

Режим EyeComfort

Уникатниот режим EyeComfort на Samsung автоматски го прилагодува твојот екран по локално време на изгрејсонце и зајдисонце.

Нивото на осветленост на уметничкото дело што се прикажува на The Frame се прилагодува кога сонцето заоѓа надвор. Тестиран е од VDE Германија и Тестиран за нега на очите. Нивото на осветленост на уметничкото дело што се прикажува на The Frame се прилагодува кога сонцето заоѓа надвор. Тестиран е од VDE Германија и Тестиран за нега на очите.

Телевизор и soundbar
во совршена хармонија

Q-Symphony

Q-Symphony им овозможува на The Frame и soundbar-звучниците да работат истовремено за да постигнат подобар сараунд ефект, без да мора да се исклучат звучниците на ТВ.

  • * Soundbar-звучникот се продава одделно. Сликата може да се разликува во зависност од моделот на soundbar-звучникот.
  • * Q-Symphony е достапна само со компатибилен soundbar-звучник. Компатибилноста за Q-Symphony може да се провери во спецификациите за soundbar-звучникот.

Звук што се движи
со дејството

Звук што го следи предметот (Dolby Atmos®)

Следи го звукот од сите агли на телевизорот со помош на OTS технологијата. Звучниците со повеќе канали околу екранот го следат секое движење што те вовлекува поблиску до акцијата.

  • * Звукот што излегува одгоре е достапен само за The Frame 85/75/65/55".
  • * The Frame 50/43/32" : OTS Lite
Моторен чамец кружи во водата. Звукот ја следи акцијата онаму каде што се движи моторниот чамец.  Моторен чамец кружи во водата. Звукот ја следи акцијата онаму каде што се движи моторниот чамец.

Најди ја омилената содржина

Smart Hub (Провери ја точната слика за твојот регион)

Со леснотија пристапувај до омилените апликации за стриминг и содржини со помош на новиот Smart Hub што ги става курирањето и откривањето на содржината напред и во центар.

* Услугите за содржини и препораки може да се разликуваат во зависност од регионот. Пред употреба, потребна е согласност со Условите за користење и Политиката за приватност на Smart Hub.

Работи попаметно од дома

Работен простор

Далечински пристапувај на канцеларискиот компјутер преку The Frame и користи го неговиот голем екран за со леснотија да работиш од удобноста на својот дом.

  • * Далечинското поврзување со персонален компјутер е поддржано за Windows 10 Professional или понови верзии, како и Mac OS 10.5 или понови верзии.
  • * За да поврзете паметен телефон со Samsung Dex потребен е компатибилен мобилен уред.
  • * Потребно е поврзување на интернет на телевизорот и на компјутерот.

Пресликај го екранот на мобилниот уред

Пресликување на екранот на мобилниот

Пресликувај содржина за поголемо и подобро искуство од твоите мобилни уреди преку SmartThings, или спари ги со Apple уредите и споделувај преку AirPlay.

  • * Оваа услуга функционира само кога се вклучени и телевизорот и мобилниот телефон.
  • * Потребно е да се преземе и инсталира апликацијата SmartThings.
  • * Apple и AirPlay се трговски марки на Apple Inc., регистрирани во САД и други земји. За AirPlay е потребен iOS 12.3 или подоцнежна верзија или macOS 10.14.5 или подоцнежна верзија.
  • * Apple AirPlay може да не е поддржана во зависност од моделот или географскиот регион.

Гледај сè на еден екран

Multi View

Гледај ја омилената серија, како и себеси како вежбаш, на еден екран, и тоа истовремено. Врши мултитаскинг со до 4 екрани и приспособи ги конфигурациите според своите потреби.

* Поддржува паметни телефони кои функционираат со Android OS и iOS.

Добивај одговори на The Frame

Повеќе гласовни асистенти (Провери ја точната слика за твојот регион)

Избери го омилениот гласовен асистент од Samsung Bixby, Amazon Alexa или Google Assistant за да откриваш и да ја контролираш забавата, домот и многу повеќе.

  • * Гласовната команда Bixby препознава англиски (US/UK/IN), француски, шпански, германски, италијански, португалски (BR), кинески (само во Кина) и корејски јазик. Не ги препознава сите акценти, дијалекти и изрази.
  • * Amazon, Alexa и сите поврзани ознаки се трговски марки на Amazon.com, Inc. или нејзините поврзани компании.
  • * Google е трговска марка на компанијата Google LLC.

Полесна контрола, позелена иднина

SolarCell Remote

Кажи им збогум на батериите за еднократна употреба со SolarCell Remote далечинскиот управувач што се полни преку сончева светлина и внатрешно осветлување.

  • * За да го наполните далечинскиот управувач преку соларна енергија, поставете го далечинскиот управувач свртен надолу, така што соларниот панел ќе биде свртен нагоре.
  • * Со The Frame од 32 инчи доаѓа црн SolarCell remote.

Најди ја идеалната големина за твојот простор