The Frame е уметнички телевизор што може многу повеќе од прекрасно прикажување на она што е на екранот. Тој ти овозможува да се изразиш креативно, со големиот избор стилизирања и уметнички дела.


Што го прави The Frame ремек-дело
Дизајн


Го одразува твојот стил, се вклопува во твојот простор
The Frame е осмислен како тенка рамка за слика, поради што прекрасно се вклопува во твојата соба. Има еден невидлив кабел, а другите конекции се собрани во One Connect Box, па изгледа уредно кога е монтиран на ѕидот. За дополнителна хармонија, може да додадеш надворешна рамка во боја што одговара на просторот.
- * Приспособливата рамка се продава одделно.
- * Асортиманот на приспособливи рамки што се поддржани може да се разликува во зависност од земјата.


Cоздај го идеалниот телевизор за тебе во виртуелното студио за дизајн


The Frame на кој е прикажана сликата „Базил и Камиј“ од Клод Моне е закачена во голема дневна соба со бел ентериер. Се гледаат копчиња за бирање тема, бирање големина, приспособување на екранот, бирање рамка, преглед на собата и ресетирање. Се кликнува на копчето за бирање и се покажуваат опциите неутрален, шарен, природен, модерен, како и опцијата за бирање боја на ѕидот. Избрана е природната тема и амбиентот во дневната соба се менува, а The Frame сега ја прикажува сликата „Розов облак“ од Анри Едмон-Крос на темносив ѕид. Се бира бела за боја на ѕидот и тој станува бел. Следно, се кликнува на копчето за бирање големина, со што се појавуваат опциите за 32'', 43'', 50'', 55'', 65'', 75'' и 85''. The Frame се смалува на 65'', а потоа повторно се зголемува со бирање на 85''. Потоа се кликнува на опцијата за бирање рамка и се појавуваат опциите кафеава, песок жолта, тиково дрво и бела. Се бира кафеава и рамката на Тhe Frame станува кафеава. За крај, се кликнува на опцијата за приспособуваање на екранот и се отвораат опции за бирање уметничко дело, бирање мат опција и бирање мат боја. Уметничкото дело на The Frame се менува во делото „Автопортрет со ореол и змија“ на Пол Гоген. Се зголемува и мат ефектот со бирање на втората мат опција.
Уметност


Разубави го просторот со прекрасно уметничко дело
Најди уметничко дело за прикажување што ќе го избереш од нашата колекција од повеќе од 2600 дела во Samsung Art Store. Од култни ремек-дела до модерни дизајни, тука ќе ги најдеш делата што ги сакаш. Освен тоа, нашата технологија за заштеда на енергија помага во штедењето енергија додека уживаш во уметноста, па дури и го исклучува екранот кога ќе детектира дека не си дома.
- * За пристап до сите избрани дела потребна е претплата на Art Store. Претплатата подлежи на давачки.
- * Уметничките дела во Art Store подлежат на промена без претходно известување.
- * Art Store може да не биде достапна во некои земји.


Во нашата збирка на уметнички дела те очекува богата колекција


Многу познати слики се прикажани во неколку колони. Колоните може да се прелистуваат. „Веслање на Јер“ од Гистав Кајбот е избрана од помала селекција на шест слики. Уметничкото дело е прикажано на The Frame закачен на ѕид во дневна просторија.
Мат екран


Изгледа толку реално, како да си во музеј
Уживај во уменоста токму така како што е замислено, од богатите бои до деталите на текстурата. The Frame има мат екран што е UL-certified дека нема отсјај, така што сликата изгледа чисто дури и на силна светлина. Исто така, има потврда од PANTONE за прецизна репродукција на боите, за да можеш да гледаш разни нијанси како што се во оригинал.
The Frame, исклучен, ја одбива светлината од лустер што виси од плафонот. Под The Frame се дадени зборовите „екранот не е мат“. The Frame е вклучен за да ја прикаже сликата „The Bridal Path, White Mountains“ од Винслоу Хомер. Отсјајот од лустерот сѐ уште е видлив на екранот на телевизорот. Екранот на The Frame станува мат, а рефлексијата од лустерот повеќе не се гледа. Под The Frame се дадени зборовите „мат екран“. Без отсјај: Рефлективен отсјај UGR < 10, непријатен отсјај UGR < 22, отсјај што ја намалува видливоста UGR < 34, лого UL. Лого PANTONE Validated ArtfulColor.
- * Сликата прикажана погоре има за цел да го пренесе концептот за производот и вистинскиот производ може да се разликува.
- * Потврда дека нема отсјај од UL врз основа на начините на проверка што ги користи UL. За повеќе информации за начините на проверка што се користат, посети ја https://verify.ul.com/verifications/732.
Земи The Frame и неговата дополнителна опрема
The Frame


Приспособлива рамка


Автоматски ротирачки држач

