Разубави го просторот со прекрасно уметничко дело

The Frame закачен на ѕид совршено се вклопува со други помали слики закачени околу него. The Frame закачен на ѕид совршено се вклопува со други помали слики закачени околу него.

Прелистај ги уметничките дела што ги сакаш

Уметничка збира на The Frame (повеќе од 2600 дела)

Сортирај според
Прегледај
Не се најдени резултати
Alternative Text Alternative Text
Alternative Text Alternative Text
Alternative Text Alternative Text
Alternative Text Alternative Text

* Описи на уметничките дела се достапни само на јазиците обезбедени од нашите партнери за да се осигуриме дека намерите на уметниците ќе бидат точно пренесени.

Курирај своја уметничка галерија и изложи ја дома. Со избор од повеќе од 2600 дела од светски познати уметници и институции на Art Store, лесно може да ги најдеш вистинските дела што одговараат на твојот стил.

Претвори ја твојата соба во лична уметничка изложба

Истражи избран пренос на уметност бесплатно

Преноси од Art Store

Нурни во светот на уметноста и откриј нови омилени дела преку твојот телевизор. Со The Frame имаш пристап до колекција од уметнички дела што редовно се ажурира, создадена од познати уметници и институции.

Претплати се за членство на Art Store

ЧПП

До Samsung Art Store може да пристапиш од The Frame ако имаш мрежно поврзување.
Samsung Art Store е платформа што ти овозможува да прелистуваш и да бираш уметнички дела што сакаш да се прикажуваат на The Frame. Може да уживаш во курирана низа бесплатна уметност што редовно се ажурира. Или, пак, може да се претплатиш за да добиеш пристап до сите достапни уметнички дела и да избереш што сакаш да се прикажува. За користење на Samsung Art Store, мора да се согласиш со условите за користење на Smart Hub и со договорот за собирање лични податоци, како и со условите на користење на услугата Samsung Art Store.

Уметничкиот режим е специјален режим на приказ за The Frame, во кој се прикажува уметност кога е исклучен, наместо празен, црн екран. Тој овозможува телевизорот да се вклопи во ентериерот кога не се користи.
Може да го вклучиш The Frame и да уживаш во омилените серии, игри и спорт, како и на секој друг телевизор. Потоа, кога ќе го исклучиш, екранот прикажува прекрасни уметнички дела.
Види како The Frame изгледа во твојот дом. (https://www.samsung.com/mk/lifestyle-tvs/the-frame/design/)

Услугата Art Streams во Samsung Art Store обезбедува бесплатен пренос на уметнички дела што се прикажуваат на The Frame. Оваа услуга е достапна за сите што го имаат The frame, без оглед на тоа дали се претплатени на Art Store.
Со неа, за пренос има 20 уметнички дела секој месец, курирани од повеќе од 2600 достапни уметнички дела во Art Store. Секое уметничко дело се прикажува на екранот 5 минути пред да почне да се прикажува друго. Преносот се ажурира секој месец врз основа на различни теми, за да можеш секогаш да откриваш нова уметност и да уживаш во неа.

* Достапноста може да се разликува во зависност од земјата.

Функцијата „Прикажи ги сите“ во The Frame ги става сите уметнички дела во слајдшоу. Ја менува сликата на секоја една минута, стандардно, но може времето на прикажување да се промени во поставките. Оваа функција е достапна само за членови на Samsung Art Store што имаат претплата.

Да, достапните дела може да се прелистуваат во Samsung Art Store во разни категории, што вклучуваат „Популарни“, „Ремек-дела“, „Избрани“, „Партнери“, „Тема“, „Медиум“, „Боја“ и „Уметник“. Едноставно движи се до дното на почениот екран на Art Store за да ги најдеш овие категории.

Опцијата за пребарување уметници во Samsung Art Store се наоѓа десно во редицата „Уметник“.

Ако имаш какви било проблеми или прашања во врска со плаќањата или членството, пополни го формуларот General CS и испрати го на адресата а е-пошта што се наоѓа најдолу на почетниот екран на Art Store. Вклучи го ID-бројот на твојата Samsung Account и сите други релевантни информации.

Купонот можеш да го искористиш така што ќе го регистрираш во Samsung Art Store на телевизорот.
Ако веќе си претплатник на Art Store, оди во „Информации за плаќање“ во редицата My Art Store на почетниот екран на Art Store. Кликни на „Промотивни кодови“, внеси го кодот од купонот и кликни на „Искористи“. Штом информациите од купонот ќе се појават на телевизорот, кликни на „Примени“ за да го искористиш купонот.
Ако немаш претплата на Art Store, оди во „Членство“ во редицата My Art Store на почетниот екран на Art Store и избери пакет за членство. Имај предвид дека за да искористиш купон, мора да го избереш тој пакет за членство што одговара на тој од купонот (т.е. ако купонот е за месечен пакет, мора да се регистрираш за месечен пакет).
Потоа, скенирај го QR code со мобилниот уред или оди на www.samsungcheckout.com и внеси го кодот за авторизација што е прикажан на телевизорот. На страницата за плаќање на Samsung, ќе го видиш пакетот за членство што го избра. Регистрирај ја кредитната картичка и кликни на „Додај купон“ за да го искористиш купонот за плаќање. На крај, внеси го кодот од купонот и кликни на „Плати веднаш“.

Имај предвид дека мора да имаш членство во Art Store и регистрирана кредитна картичка за да ги користиш купоните за Art Store.
Ако ги избришеш податоците за кредитната картичка пред да истече периодот на регистрираниот купон, тој ќе стане неважечки.

Може да ја инсталираш апликацијата Samsung Promotion така што ќе ја најдеш во картичката „Апликации“, во редот „Овозможено од Samsung“ на почетниот екран на The Frame.
Ако не можеш да ја најдеш во „Апликации“, може да ја побараш така што ќе впишеш „Samsung Promotion“ директно во полето за пребарување.

Земи The Frame и неговата дополнителна опрема