Пред да избрзаш и да ја купиш машината за перење што ја меркаш, дали си размислил за тоа колкава машина за перење ти треба? Од бројот на полнења што ги пушташ на седмично ниво, до бројот на членови во домаќинството, еве еден лесен водич што треба да го следиш за да го набавиш правилниот апарат од прв обид.
Која е стандардната големина на една
машина за перење?
Кога ќе бидеш подготвен да купиш нова машина за перење, првото нешто што треба да го имаш предвид е тоа колкава машина ти треба. Големината се заснова врз капацитетот на машината за перење или врз максималната количина на облека што машината може ефикасно да ја испере во едно полнење. Кај повеќето машини за перење, мерките за висина и широчина се исти, додека мерката за длабочина се менува зависно од капацитетот. Но, за некои екстра големи машини за перење со капацитет од над 13 kg, сите три мерки ќе се променат, па ќе треба да провериш дали имаш доволно простор за монтажа. Измерено во килограми, овој капацитет обично се движи од 6-18 kg и секогаш се мери во однос на сува облека, никогаш влажна. Капацитетот што ти треба се заснова на тоа колку алишта переш во едно полнење — дали се тоа неколку маици или, пак, голем јорган? Пронаоѓањето на вистинскиот капацитет е важно, но ако се мислиш помеѓу две големини, подобро е да го избереш поголемиот капацитет. Зошто? Поради тоа што ако ја преоптовариш машината за перење, можеби ќе биде преполна и нема да ги исчисти алиштата, затоа што облеката и детергентот нема да имаат простор за движење. Или уште полошо, може да ја оштетиш машината поради разликата во тежината кога алиштата ќе бидат влажни. Ајде да ги разгледаме различните големини.
Мали машини за перење
Малите машини за перење (или тенките машини за перење) обично се машини за перење со капацитет од 6 kg, но овде спаѓаат и машини за перење со капацитет од 7 kg. Благодарение на нивната длабочина до 480 mm, лесно може да ги сместиш во помали, потесни простори, така што се одлични ако живееш во мал стан или гарсониера. Овие мали машини за перење собираат 9-10 крпи за бањање во секое полнење1 — совршено за домаќинства со еден или два члена. Собери ги насобраните валкани алишта во текот на седмицата и пушти ги во едно полнење, а не во неколку полнења.
Средни машини за перење алишта
Средните машини за перење обично се машини за перење со капацитет од 8 kg, но овде спаѓаат и машини за перење со капацитет од 9 kg и 10 kg, а имаат длабочина од 550-600 mm. Ако семејството брои два или три члена, тогаш овој капацитет може да ги испере сите алишта што се собираат на седмично ниво, истовремено собирајќи и поголеми предмети како што се јорганите. Може да испереш полнење што е еднакво на 11-14 крпи за бањање1. Од деца кои сакаат да си играат надвор до наоѓање дамки од храна на облеката, овие машини за перење се во чекор со начинот на живот на твоето семејство.
Големи машини за перење
Големите машини за перење обично се машини за перење со капацитет од 11 kg, но овде спаѓаат и машини за перење со капацитет од 12 kg, а имаат длабочина од 600-650 mm и се осмислени за семејства со четири членови или повеќе. Дури има и екстра големи машини за перење со капацитет поголем од 13 kg, кои не може да се монтираат под пулт бидејќи ги надминуваат стандардната широчина и висина — задолжително треба да се проверат димензиите и просторот пред купување. Како и најголемите достапни големини, во овие машини за перење лесно се вклопува големо полнење, од собраните алишта на седмично ниво, до омилениот јорган, така што нема веќе проблеми во текот на неделата кога животот е и онака презафатен. Пери алишта еднакви на 16-17 крпи за бањање1, бидејќи сега е уште полесно да држиш чекор со секојдневието.
Иста надорешност, а собира повеќе со SpaceMax
Се прашуваш дали некоја голема машина за перење е преголема за твојот простор? Испробај ја новата Bespoke AI™ машина за перење на Samsung што се одликува со SpaceMax™. Може да имаш машина за перење со иста големина, но со барабан кој собира дополнителни 2 kg! Благодарение на комплетниот редизајн на внатрешноста, Samsung Bespoke AI™ машината за перење може да собере голем барабан кој издржува капацитет до 11 kg, а притоа, димензиите остануваат исти — за машина за перење со пристојна големина и огромен капацитет.
Како да го извршам мерењето за новата
машина за перење?
Не си сигурен од каде да почнеш? Не грижи се, има само неколку нешта што треба да ги направиш за да се погрижиш дека ќе ја избереш правилната големина на машината за перење за твојот простор.
Одреди ги широчината, длабочината и висината
Повеќето машини за перење имаат стандардни димензии за широчина и висина, затоа фокусирај се на тоа да ги измериш точните мерки за длабочината, бидејќи тие може многу да се разликуваат во зависност од произвоителот, моделот и капацитетот.
Монтажа под пулт
Без разлика дали станува збор за машина за перење со стандардна големина или комбинација од мала машина за перење и машина за сушење алишта, ако избереш да се вгради под пулт, треба да има најмалку 25 mm растојание од двете страни, како и барем 50 mm растојание кај задниот дел за цревата и вентилацијата.
Монтажа едно врз друго
Кај монтажите едно врз друго, мора многу да се внимава на мерките. Погрижи се да има најмалку 25 mm растојание над горниот дел и страните, 50 mm растојание зад задниот дел, како и 550 mm за вратите на машината за перење и за сушење алишта. И не заборавај на висината на таванот или на тоа дали можеш да ги достигнеш контролите!
Монтажа едно до друго
Сакаш да ги поставиш големата машина за перење и за сушење една до друга? Имај ги на ум мерките за широчина. Треба да имаш доволно простор, најмалку 550 mm, за да може целосно да се отвораат вратите. Покрај тоа, треба да има и растојание од 25 mm помеѓу ѕидовите, како и помеѓу и над апаратите.
Комбинација од машина за перење и сушење за помали простори
Живееш во помал дом, стан или гарсониера? Тогаш, комбинацијата од машина за перење и сушење алишта е одличен начин да го извлечеш максимумот од својот простор. Наместо да имаш посебна машина за перење и машина за сушење што ќе заземат двојно повеќе простор, може да ги имаш двата апарати во еден — што ти помага и да заштедиш на време.
Како треба да ги намонтираш машината за перење и машината за сушење?
Без разлика дали ќе бидат една врз друга или една до друга, совршената инсталација зависи од тебе и твојот простор.
Монтажа едно врз друго
Ставањето на машината за сушење врз машината за перење е одлична опција за оние со мали машини за перење и сушење, како и висок таван. При монтажата, двојно провери дали двете машини се нивелирани и фиксирани, како и тоа дали машината за сушење е врз машината за перење. Дури и тенките машини за перење се тешки кога се наполнети со вода!
Монтажа едно до друго
За оние кои имаат доволно простор, идеално е машината за перење и машината за сушење да бидат поставени една до друга, што овозможува лесно полнење и празнење — а ова е важно кога треба да испереш повеќе полнења седмично! Едноставно постави машина за сушење до машината за перење и уживај.
1. Извор: www.which.co.uk/reviews/washing-machines/article/which-washing-machine-should-you-buy. Вистинската количина на облека по полнење може да се разликува во зависност од ткаенината, нивото на нечистотија, детергентот и други фактори.