Време е за надградба. Ако го бараш совршениот фрижидер за твојата кујна, со разгледувањето на следните прашања ќе дојдеш до тоа што треба го бараш.
Колку голем фрижидер со замрзнувач ми треба?
Размисли колкав простор имаш на располагање
Ти треба нов фрижидер? Прво, размисли за тоа колкав простор имаш, или, ќе имаш на располагање во кујната (или, пак, онаму каде што планираш да го поставиш фрижидерот). Најчесто е доволно само да се измери просторот во кујната за да видиш која големина или кој тип на фрижидер со замрзнувач ти треба. Но, не заборавај да оставиш и малку дополнителен простор, бидејќи треба да се земе предвид и просторот околу фрижидерот којшто ни е потребен.
Размисли колкав простор
ти е потребен
Треба да бидеме реални кога станува збор за капацитетот на фрижидерот. Колку храна консумира целото семејство во текот на седмицата? Дали станува збор за замрзнати или свежи намирници? Добар начин да одлучиш колкав простор за складирање, а и каков тип на простор за складирање ти треба за целото семејство е да ја процениш просечната потрошувачка и какви намирници купувате.
- Колку членови брои семејството: Најочигледниот фактор за тоа колкав капацитет ти е потребен е тоа колку членови брои семејството, односно колку усти има за хранење.
- Навики за пазарење: Во зависност од тоа колку членови има, односно нема во едно семејство, постојат суштински разлики при пазарењето намирници, консумацијата на храна и навиките за складирање.
- Замрзната храна/свежи намирници: Во зависност од тоа како готвиш и кои намирници ги употребуваш, од големо значење е да го избереш правилниот тип и капацитет на фрижидер.
Во кои големини ги има фрижидерите со замрзнувач?
Голем фрижидер со замрзнувач
Ако имаш големо семејство со 4 или повеќе членови, тогаш нема потреба да се објаснува колку е важно да имаш голем фрижидер со замрзнувач. Почесто готвите и јадете, складирате повеќе храна одеднаш и пазарите повеќе разновидни намирници. Колку е поголемо семејството, толку поголем и поважен станува капацитетот на фрижидерот со замрзнувач. Ако имаш огромен простор во кујната, избери голем фрижидер со замрзнувач кој има повеќе прегради и функции што гарантираат дека целото семејство ќе јаде вкусни оброци секој ден. Големите фрижидери со замрзнувач изгледаат малку полуксузно, како на пример фрижидерите во американски стил и оние со француска врата. Големите типови обично имаат капацитет над 600 L, што е околу 30 торби за пазарење и имаат надворешна широчина од 90 cm или повеќе.
Мал фрижидер со замрзнувач
Малите фрижидери со замрзнувач (наречени и тенки фрижидери) се идеални за семејства кои бројат еден или два члена или, пак, за семејства кои имаат ограничен простор во кујната. Треба да најдеш фрижидер со замрзнувач кој совршено се вклопува во кујната, а сепак ги има карактеристиките потребни според потрошувачките навики на домаќинството. Ако бараш фрижидер со замрзнувач каде е максимално искористен просторот за складирање, тогаш ти ги препорачуваме нашите SpaceMaxTM модели, кои имаат потенки ѕидови што им овозможуваат поголем капацитет, а надворешните димензии остануваат исти, и тоа без никакво влијание врз изолацијата. Малите фрижидери со замрзнувач најчесто се оние со долен замрзнувач или со една врата и обично имаат капацитет до 489 L, што е околу 20 - 24 торби за пазарење, а надворешната широчина е до 65 cm. Два пати провери ги димензиите на фрижидерот со замрзнувач пред да го купиш за да бидеш сигурен дека ќе се вклопи.
Фрижидер со замрзнувач со широчина од 70 cm
За паровите или тричлените семејства, од суштинско значење е да гледаат долгорочно. Ова е моментот кога се менува важноста на фрижидерот со замрзнувач. Ќе бараш нешта на кои досега не си ни помислил, вклучувајќи заштеда на енергија, естетика и пространост која ќе ги собере новите членови на семејството, а притоа фрижидерот со замрзнувач да не биде преголем за во кујната. Не треба да бараш фрижидер со замрзнувач кој е помал од 70 cm и треба да ги имаш на ум разните функции кои ќе ти користат долгорочно. Фрижидерите со замрзнувач со широчина од 70 cm најчесто се оние со долен замрзнувач и имаат капацитет околу 458 L и надворешна широчина од околу 70 cm.
Bespoke модуларност за флексибилност во големината
Толку брзо снема место во фрижидерот? Ако често снемуваш место за складирање во фрижидерот со замрзнувач, тогаш запомни дека Bespoke фрижидерите со замрзнувач ти овозможуваат да ги задоволиш менливите потреби за капацитет. Bespoke фрижидерите имаат приспособливи бои и разновидни конфигурации кои се вклопуваат во секаков простор. Може да комбинираш 2 или повеќе Bespoke фрижидери со замрзнувач за поголем простор за складирање и секогаш може да додаваш повеќе единици во иднина како што ќе се зголемува семејството или кога ќе се преселиш во нов дом со поголем простор.
Како да се измери просторот за новиот фрижидер со замрзнувач?
Не си сигурен колку простор ти треба околу новиот фрижидер со замрзнувач? Секогаш проверувај дали фрижидерот ќе го собере во просторот што е на располагање така што внимателно ќе ги измериш димензиите на фрижидерот и на кујната.