ФОТОГРАФИРАЊЕ

Што е тоа Ноќнографија?
Ваш водич за основните работи

Дознајте како да снимате прекрасни фотографии при слаба осветленост #withGalaxy.

Колаж од дрво ноќе, жена во синиот час и розов огномет околу облакодер ноќе.

Фотографии одлево-надесно: Lee Daegyu (@li__kyu), @karl_shakur, @nemoeglong

Од ултра затемнети фотографии од ресторани каде што не може да видите ничии лица до слики со преголема експозоција од ноќни клубови каде што ја гледате секоја пора, фотографирањето при слаба осветленост отсекогаш било озлогласена и тешка задача за камерите на паметните телефони. Тука е ред на Ноќнографијата. Тоа е искуството со камерата при слаба осветленост на телефоните Galaxy како што се Серија S и Серија Z¹ и како тие го прават фотографирањето при слаба осветленост полесно од кога било. Со овие моќни функции и совети, ќе бидете повеќе од подготвени да ги победите силите на темнината.

Направете го снимањето фотографии при слаба осветленост лесно со Ноќниот режим

Наједноставниот начин да направите подобри ноќни фотографии? Користете го претходно поставениот режим на камерата на телефонот за слаба осветленост. На телефоните Galaxy, тој се нарекува Ноќен режим и ви овозможува да снимате живописни слики при слаба осветленост без премногу светлиот блиц што има тенденција да ги избели сите слики. Вештачката интелигенција исто така помага, комбинирајќи повеќе кадри во најјасна слика. Ако сте излезени навечер и не сакате да трошите премногу време на чепкање во поставките на камерата, ова е вашиот потег.

Прва: жена покриена во портокалова светлина на екранот на уредот што се држи в рака. Втора: млада девојка со врзана коса удира високо со ногата пред Месечината.

Фотографија на телефон симулирана за илустративни цели. Фотографија на Месечината од Khaile Kim

Земете ја контролата врз поставките во свои раце

За ваков вид на фотографија, ќе сакате да ги приспособите поставките на камерата при слаба осветленост, што е лесно користејќи го Про режимот на камерите на телефоните од сериите Galaxy S и Z. Најважните поставки? ISO и брзина на затворање. ISO е чувствителноста на камерата на светлина. Во услови на слаба осветленост, без разлика кој тип камера го користите, најдобро е да го поставите вашиот ISO во среден до низок опсег. (Ова ќе го намали ризикот од гранулација на сликата.) Брзината на затворање е колку долго блендата останува отворена, што контролира колку светлина влегува во сликата. Пократка брзина на затворање значи помалку светлина. Подолга значи повеќе. При фотографирање во темница, поголемата брзина на затворање ќе ви помогне да снимите поголем дел од ограничената светлина. Се разбира, правилните поставки за Про режимот ќе се разликуваат, но ISO од среден опсег и поголемата брзина на затворање треба да функционираат добро за повеќето снимања при слаба осветленост.

Стабилизирајте ги вашите фотографии.
Најдете нови перспективи

Долгата брзина на затворање потребна за слаба осветленост го зголемува ризикот од заматување на сликата, што значи дека е задолжително да го држите телефонот стабилен. За ова ќе се погрижи статив или може да го користите Flex Mode² на Galaxy Z Flip4 и Z Fold4. Само расклопете го уредот до половина и потпрете ја долната страна на рамна површина за моментална стабилност. Но, Flex Mode може да направи повеќе од стабилизирање. Тој е исто така одличен начин за отворање креативни опции при слаба осветленост, од групни снимки и селфи без користење на рацете до неочекувани агли на фотографирање.

Снимајте во RAW за повеќе опции за уредување

Добивањето совршена фотографија при слаба осветленост е чин на одржување рамнотежа. По фотографирањето, можеби ќе сакате да ја зголемите осветленоста или да го намалите шумот или да го зајакнете балансот на белата боја за да се истакнат боите. Снимањето во форматот RAW ви овозможува да снимате некомпресирана слика, што ви дава многу поголема флексибилност при уредувањето. Со Апликација Expert RAW³ на Samsung, може да снимате дури и линеарни DNG RAW-датотеки од 16 бита кои имаат поголема јасност и поширок динамички опсег од обичните RAW-датотеки. Потоа, само извршете ги вашите задачи за уредување на моќен лаптоп, како оној од Galaxy Tab S со Adobe Lightroom Mobile⁴.

Спремни? Сега излезете и направете ноќ(нографија) за паметење.

  • ¹Серија Galaxy S22, Galaxy Z Fold4, Galaxy Z Flip4 и понови серии Galaxy S и Z.
  • ²Flex Mode е поддржан под агли меѓу 75° и 115°. Одржувањето на Flex mode може да биде тешко додека се движите поради тресење или друго движење. Се препорачува да го држите телефонот неподвижен додека е во Flex Mode.
  • ³Апликацијата Expert RAW е достапна во Galaxy Store само за Galaxy Z Fold4, Z Fold3, Z Fold2, Galaxy S22 series, S21 Ultra, S20 Ultra и Galaxy Note 20 Ultra.
  • ⁴Преземете од Galaxy Store за да добиете 2 дополнителни месеци на Adobe Photoshop Lightroom. Важи до 28.02.2023 г. Важи за сите земји, освен за Кина. Важат одредени услови. Одете на Adobe.com за да дознаете повеќе.

Запознајте ја вашата Ноќнографија
екипа за фотосесија

Соло или заедно, овие уреди Galaxy ќе ја осветлат вашата фотографија при слаба осветленост.

Икона за Samsung Galaxy Икона за Samsung Galaxy

СПОДЕЛЕТЕ И ИСТРАЖЕТЕ

Вие сте на ред

Следете ја @SamsungwithGalaxy на Instagram за да најдете инспирација од нашата заедница креатори, а потоа споделете ги вашите креативни фотографии #withGalaxy

Следно, прочитајте ги овие приказни