ФОТОГРАФИРАЊЕ

Снимајте неверојатни
фотографии од синиот час
со вашиот телефон

Сте слушнале за златниот час. Сега ајде да ги научиме
тајните на фотографирањето на синиот час.

Жена во јакна гледа лево, суптилно осветлена од црвено светло пред синото небо. Master it Creator classes. Снимено #withGalaxy S22 Ultra1 Жена во јакна гледа лево, суптилно осветлена од црвено светло пред синото небо. Master it Creator classes. Снимено #withGalaxy S22 Ultra1

Ако златниот час е најпопуларното дете во училиште, тогаш синиот час е неговиот кул уметнички братучед. Тоа е тој краток временски период кога небото добива длабоко сина нијанса, непосредно пред изгрејсонце или веднаш по зајдисонце, давајќи им на фотографиите уникатно мирна, мистериозна атмосфера. А кој ќе ви покаже како да го доловите? Фотографот за патување и начин на живот Karl Shakur(@karl_shakur). „Синиот час е волшебен за мене.“ – вели тој. „Боите се побогати, а композициите може да бидат многу пофилмски.“ Во оваа епизода на Master It, Karl ве води на фотосесија покрај лондонските пристаништа со Galaxy S22 Ultra и неговите вградени функции на камерата за Ноќна фотографија при слаба осветленост. Гледајте го неговото упатство, а потоа продолжете да читате за совети како да ги погодите вашите фотографии.

Жена фотографирана со Galaxy S22 Ultra за време на синиот час Жена фотографирана со Galaxy S22 Ultra за време на синиот час

Планирајте однапред за (многу) кратко снимање

Синиот „час“ навистина трае само околу 20 до 30 минути во зависност од вашата локација, така што ќе сакате да го искористите максимумот. Побарајте го времето на синиот час за вашата област. Составете детален список на снимки. Заклучете ги поставките за камерата на телефонот и организирајте ја вашата опрема. (Опремата на Karl за ова снимање: Galaxy S22 Ultra, LED светлосен панел, статив и призма.) Можеби најважно, истражете одлична локација – место со интригантна, убаво осветлен објект во преден план што ќе се истакне на прекрасната сина заднина.

Колаж од Karl користи статив за кадарот и женскиот модел кој гледа кон камерата пред заднина од синиот час. Снимено #withGalaxy S22 Ultra1 Колаж од Karl користи статив за кадарот и женскиот модел кој гледа кон камерата пред заднина од синиот час. Снимено #withGalaxy S22 Ultra1

Кадарот треба да ви биде стабилен

Ова време од денот е прилично темно, што значи дека ќе треба да ја намалите брзината на затворање (за да го зголемите времето на добивање светлина од сензорот), зголемувајќи го ризикот од тресење на камерата и замаглување. Стативот е од суштинско значење за добивање остра фотографија. За да ја отстраните најмалата можност од тресење на рацете, може исто така да го користите вградениот S Pen на Galaxy S22 Ultra како далечинска бленда и да фотографирате само со кликнување на копчето на пенкалото.

Жена во сива јакна и панталони осветлена од црвено светло седи покрај водата пред заднина од синиот час. Снимено #withGalaxy S22 Ultra1 Жена во сива јакна и панталони осветлена од црвено светло седи покрај водата пред заднина од синиот час. Снимено #withGalaxy S22 Ultra1

Знајте како да го искористите
ограниченото светло

Одличните фотографии на синиот час честопати прават контраст на студената сина заднина со интересен објект во преден план. Меѓутоа, во таков темен амбиент, тој објект треба малку да биде осветлен со извор на светлина. Уличните светла, фаровите или градежните светла ќе свршат работа, а белите, жолтите и црвените светла даваат одличен контраст со синото светло. Karl користеше LED светлосен панел за да направи неговиот модел суптилно да се издвојува од темнината. Но, внимавајте да не ја преекспонирате вашата слика и да не ја изгубите сината боја. Користете само мала осветленост колку да го направите вашиот објект видлив и снимајте во рачен режим за поголема контрола врз светлината.

Преден и заден приказ на Galaxy S22 Ultra во бордо боја Преден и заден приказ на Galaxy S22 Ultra во бордо боја
Камера од професионална класа
Приспособете ги ISO, брзината на затворање и друго за синиот час.

Земете ја контролата врз поставките во свои раце

Со Про режим на Galaxy S22 Ultra, може да ги приспособите поставките за камерата на телефонот за синиот час. Тие може да варираат во зависност од сцената што ја снимате (градски пејзаж, пејзаж, портрет итн.) но, генерално, треба да користите ISO под 800 за да ја минимизирате чувствителноста на светлина и шумот на сликата. Исто така, користете поголема брзина на затворање (за да избегнете замаглување, не побавно од 1/15 или 1/20) за снимање на ограничената осветленост на поставката. Конечно, направете го балансот на белата боја малку поладен (помеѓу 3400K и 4600K) за да го зголемите богатството на сината боја. Како што небото се осветлува или затемнува, ќе мора малку да ги приспособите овие поставки.

Дополнителни совети: Karl особено уживаше во функцијата за врвен фокус на Galaxy S22 Ultra, која му овозможува да снима во мрак додека сè уште може да види кои делови од неговата слика се во фокус. Исто така, обидете се да фотографирате со апликацијата² Expert RAW за да добиете 16-битни линеарни DNG RAW-датотеки што ви овозможуваат да ја дотерувате и да ја засилувате сината боја по потреба.

Забавувајте се

Откако ќе ги добиете сите слики од списокот на снимки, направете неколку експерименти. Karl постави призма на објективот на камерата на Galaxy S22 Ultra за да добие сјаен ефект на стакло од огледало. Може исто така да направите некои снимање со светло, страшно улично фотографирање или дури и да снимите видео со забрзано движење како во сон.

  • ¹Сликате е снимена со Galaxy S22 Ultra, а потоа уредена од фотографот. Резултатите може да се разликуваат според вистинската средина на снимање.
  • ²Апликацијата Expert RAW моментално е поддржана од Galaxy S22 Ultra, S22+, S22, S21 Ultra и Z Fold3 и е достапна на Galaxy Store.

Дали сте спремни за вашата снимка од синиот час?

Одете подалеку од златниот час со моќните функции на Ноќната фотографија на Galaxy S22 Ultra.

ВИ ГО ПРЕТСТАВУВАМЕ

Karl Shakur

Фотографот на патувања и начин на живот

Икона за Samsung Galaxy Икона за Samsung Galaxy

СПОДЕЛЕТЕ И ИСТРАЖЕТЕ

Вие сте на ред

Следете ја @SamsungwithGalaxy на Instagram за да најдете инспирација од нашата заедница креатори, а потоа споделете ги вашите креативни фотографии #withGalaxy

Следно, прочитајте ги овие приказни