Фотографија

Ноќта во ново светло:

Се радуваме на ноќните фотографии на Samsung Galaxy S22 Ultra

Ја славиме уметноста што оживува дури откако ќе падне мрак. И можеме да ја доловиме нејзината недостижна убавина со иновативната опција Nightography на Galaxy S22 Ultra.

Гледај го градот како оживува додека неверојатниот уметник Fat Cap Sprays излегува на улиците на Лондон откако ќе падне мрак за „Ноќта во ново светло“. Биди сведок на светлечките уметнички дела кои светат во темнината, користејќи ја неверојатната опција Nightography на Galaxy S22 Ultra.

Ноќта во ново светло

Samsung Galaxy S22 Ultra X Fat Cap Sprays ја буди својата креативност - кога паѓа мрак.

Често, уличната уметност никнува преку ноќ - што значи дека се создава во мрак. Но, може да ѕирнеш во сенките и да видиш како ноќната мајсторија на Fat Cap Spray се развива од идеја до реализација на еден ѕид во East London. Ноќната креативност никогаш не изгледала подобро - само со опцијата Nightography на Galaxy S22 Ultra.

Обожаватели на сите страни

Уличниот уметник Fat Cap Sprays допира до сите свои обожаватели благодарение на камерата на Samsung Galaxy S22 Ultra

Во улична уметност не спаѓаат само графитите - таа е многу повеќе. Незаборавните мурали и живописните слики ги претставуваат разните супкултури во општеството. Со неверојатно изострените слики што ги прави камерата на Galaxy S22 Ultra, Fat Cap Sprays го споделува позитивниот ефект што неговата уметност го има во секое маало во градот.

Од минливо во трајно

Galaxy S22 Ultra ја доловува ноќната уметност во нејзиното најдобро светло

Уличната уметност не е секогаш трајна и, ако се слика врз неа, може да се изгуби засекогаш. Но, благодарение на можностите на камерата на Galaxy S22 Ultra за сликање на слаба светлина, може да ги доловиш деловите што ја освоиле твојата имагинација и да ги зачуваш за навек.

Слики што траат засекогаш

Патот кон дигиталните иновации е можен благодарение само на Galaxy S22 Ultra.

Од снимање улична уметност во текот на ноќта до снимање на сопствениот живот на интернет, Galaxy S22 Ultra соработува со Fat Cap Sprays на полето на нови креативни форми. Напредната технологија во камерата на Galaxy S22 Ultra овозможува едно минливо уметничко дело да може да се споделува и зачува онлајн и во неговото најдобро издание.

Релевантните локални власти ги обезбедија сите потребни дозволи и овластувања во врска со снимањето на овие филмови.

Следно, прочитајте ги овие приказни