Трикови за креирање распоред
Со помош на таблет
Кралицата за водење дневник Аманда Рач Ли ти покажува како да си го организираш животот и да го подобриш учењето.
'Со помош на Galaxy Tab S6 Lite создај повеќе „Време за себе“
Водењето дневник го преплави интернетот изминатите неколку години и сѐ уште е актуелно . Но, не мора да одзема многу време. Членот на #TeamGalaxy и експертот за водење дневник, Аманда Рач Ли, ти покажува како да водиш дневник на дигитален начин—така што конечно можеш да оставиш простор во распоредот за да научиш нешто ново.
'Стилски заврши сѐ од распоредот со Samsung Notes
Креирај распоред кој ги отсликува твоите приоритети
Но прво, што е всушност днeвник? Гледај на тоа како да е планер и дневник во едно, дизајниран да ти помогне да создадеш попродуктивни навики. Направи список од идните планови за неделата или месецот и види кој изглед на шаблон најдобро ќе ги придвижи. Аманда предлага да се запрашаш, „Што треба да направам оваа недела и како овој распоред ќе ми помогне?“, а потоа да направиш соодветен дизајн на таблет како што е Galaxy Tab S6 Lite. „Месечниот распоред е одличен начин да имаш преглед на целиот месец каде што ќе бидат означени сите настани, тестови или специјални датуми,“ вели Аманда, додека „неделниот распоред е одличен за дневни списоци за задачи.“ Или, уште подобро, може да ги користиш заедно за да си ја подобриш ефикасноста.
'Приспособи ги поставките на S Pen како што е боја на мастило и дебелина, а потоа зачувај ги оние што ти се омилени
Намали го за половина времето за дизајнирање со помош на напредни карактеристики
Најде распоред кој ти одговара? Зачувај го како свој шаблон и употребувај го секоја недела со помош на омилената апликација на Аманда, Samsung Notes. Плус, апликацијата нуди спектар од четки од кои може да бираш за да го уредиш својот распоред во дневникот со помош на пенкалото S Pen, дури и во движење. Омилени поставки на Аманда на S Pen пенкалото? „Дефинитивно четката за водено боење со која се додаваат слатки декорации“, вели таа. „Сакам да бојам со пастелни бои и да создавам големи декорации. А, за обично пишување или бележење сакам да го користам тенкото пенкало во црна боја.“
Напредувај со учењето и постигни ги целите со помош на приспособените календари за следење
Колку често целиш да прочиташ уште една книга или да посетиш онлајн курс, а не си можел поради распоредот? Те разбираме како ти е. Додавај календари за следење на навиките во својот дневник за да ги следиш активностите за личен развој кои сакаш да ги одржиш помеѓу работата и учењето. Добиваш бонус поени ако ги користиш заедно со отскокнувачките предупредувања на Samsung Calendar кои те потсетуваат да ги исполниш задачите.
'*Потребна е претплата на Spotify.