Зголеми ја
Продуктивноста со
Galaxy Power и
Microsoft Tools
Како да си го организираш времето и да завршиш сè што треба
Сите си имаме свои брзи начини на организација: филтри за електронската пошта во боја, при рака секогаш имаме бележник и пенкало или дури и едноставен кујнски тајмер кој ѕвони да ги означи паузите во денот.
Но, зошто да застанеме тука? Секогаш постои начин како да ја зголемиме својата продуктивност на уште поинтересен начин. Прочитај неколку начини како Microsoft tools, заедно со иновациите на Galaxy, може да внесат малку повеќе дигитална организација во твоето секојдневие.
Следи сè што се случува
Кога седиш зад биро или пулт цел ден, лесно е во близина да чуваш бележник и пенкало за да ја запишуваш секоја задача што треба да се заврши, но тоа е многу посложено кога си во движење. Со паметна стратегија, фаќањето белешки во текот на денот може да биде многу едноставно.
Користи го S Pen пенкалото на твојот Galaxy Note20 или Tab S7 за набрзинка да си запишеш некој потсетник за себе, потоа претвори го во текст кој може да се уредува во Samsung Notes и кој ќе можеш да го отвориш подоцна. Можеш дури и да ја поврзеш Samsung Notes со Microsoft OneNote и така ќе добиеш речиси непречено пренесување од телефонот на PC, при што твоите белешки автоматски се праќаат до OneNote за да можеш друг пат да ги прочиташ на компјутерот.*
Биди во тек со сè
Можеби имаш колега чијашто работа е да управува со текот на работата на твојот тим. Кога за нешто треба да се нафрлаат идеи, да се прегледува, уредува или презентира, постои еден член во тимот кој се грижи сите календари да бидат ажурирани и сите распореди да бидат усогласени. Но кога мора да одиш на закажаниот лекарски преглед или да го однесеш миленичето на ветеринар, да купиш намирници или да наминеш до мајка ти—или ако тој член на тимот кој е задолжен за правењето распореди е болен и отсутен—мораш сè да направиш ти.
Се обидуваш да запамтиш сè, но тоа е загарантирано најдобар начин да пропуштиш некоја закажана средба или состанок. Во деновите кога имаш набиен распоред, синхронизирај ја апликацијата Reminder на твојот Galaxy со твојата корисничка сметка на Microsoft, па ставките од категоријата „To Do“ ќе се појават во Microsoft Teams, To Do и Outlook (исто така, се прават и ажурирања преку синхронизацијата на тие апликации до апликацијата Reminder) и така ќе имаш пристап до истата листа и на десктоп и на мобилен.**
Сè на едно место
Понекогаш, можеби ќе сакаш брзо да пристапиш до информациите во твојот телефон додека работиш на компјутерот. За да не прекинуваш и да не се дефокусираш, користи ја Link to Windows на твојот Galaxy. Се поврзува со апликацијата Your Phone на твојот Windows компјутер за лесно да повлечеш неколку телефонски апликации на твојот десктоп онака како што се подредени и во твојот телефон.*** Ова можеби изгледа како мала промена, но може да направи голема разлика во твојата продуктивност.
'*Услугата е достапна на OneNote, OneNote for the web, OneNote for Windows 10 и Outlook for the web. Потребно е мрежно или Wi-Fi поврзување. Сите уреди мора да бидат најавени на истата корисничка сметка на Samsung и Microsoft.
**Услугата е достапна во Microsoft To Do, Teams и Outlook за Windows 10 и for the web. Потребно е мрежно или Wi-Fi поврзување. Сите уреди мора да бидат најавени на истата корисничка сметка на Microsoft.
**Корисниците мора да ги поврзат своите Galaxy уреди со нивните Windows PC преку Link to Windows на телефоните и апликацијата Your Phone на нивните PC, да ги следат упатствата за поставување, како и да бидат најавени на истата Microsoft корисничка сметка. Link to Windows е претходно вчитана на одредени Galaxy уреди. За апликацијата Your Phone е потребeн последниот Windows 10 Update на PC. За функциите на апликацијата, Galaxy уредот мора да биде вклучен и поврзан на истата Wi-Fi мрежа како PC. Некои мобилни апликации може да го ограничат споделувањето на содржината на други екрани или може да има потреба од екран на допир за да може да има интеракција помеѓу нив. Истовремено може да се активираат повеќе апликации за Android на Windows 10 PC, најмногу 5 одеднаш.