Како да испланираш
совршен состанок
Дозволи твојот виртуелен личен помошник да ја заврши целата работа.
Зошто планирањето е потешко отколку што треба да биде? Од пронаоѓање термин во вашиот распоред [линк до: 5 едноставни совети за заштеда на време], па сѐ до одредување место за средбата, виртуелниот помошник Samsung Bixby може да се погрижи за сите здодевни детали. Погледни како може да го испланираш наредниот состанок со помош на виртуелниот личен помошник.
Samsung Bixby за приказ на календарот
Договарање состаноци
Верувал или не, имаш слободно време. Само ти треба помош да го најдеш. Виртуелниот личен помошник може да ти помогне околу тоа. Благодарение на Bixby, може да ги видиш достапните термини за секој ден, како и да резервираш одреден термин со едноставна гласовна наредба.
Samsung Bixby како водич за ресторани
Твојот водич за ресторани
Не може да се одлучиш во кој ресторан да одиш? Вообичаен проблем. Виртуелниот помошник е тука да ти препорача неколку ресторани во твојата област, вклучувајќи и такви што се совпаѓаат со твоите барања за резервација и нудат одредени термини со попуст за гостите.
Bixby Vision за предлози за вино
Користи го како личен советник за вино
Дома си и подготвуваш вечера? Искористи го виртуелниот помошник за да добиеш препораки за вино. Единствено што треба да направиш е да ја насочиш камерата од твојот Samsung Galaxy кон етикетата на виното, да ја притиснеш иконата Vision и да ги избереш опциите за вино. Bixby Vision прикажува информации за виното, како и храна што е соодветна со ова вино.
Остани во рамките на пристојноста, дури и кога доцниш
Дури и кога доцниш, помошникот е тука да му испрати порака со локацијата на твојот пријател или да ти повика Uber. Доволна е само една гласовна наредба, а ти ќе имаш доволно време да се фокусираш на поважни работи.
Samsung Bixby за следење на претстојните активности
Потсетници за закажани состаноци
Искористи ги потсетниците за поедноставено следење на состаноците што се повторуваат. По секој состанок, со само една гласовна наредба може да го закажеш следниот.