Совети

Здрави утрински навики за
луѓе што не ги сакаат утрата

Раскини му на копчето „snooze“ со овие интересни навики за будење.

6:30 наутро е. Конечно успеа да излезеш од под прекривките по два неуспешни обиди—поспано, мрзеливо и со желба за едно јако кафе. Да бидеме реални: утрата не се за секого. Но, формирањето здрава утринска навика може да биде баш решението што ти треба за да се разбудиш на вистинската страна на креветот. Пред да започнеш со вообичаеното прелистување апликации, прочитај повеќе начини за свесно и енергично започнување на денот.

Стани од кревет преку игра

Иако знаеме колкаво искушение е кога сакаме да ги затвориме очите на уште пет минути откако ќе ѕвони алармот, истражувањата покажуваат дека одложувањето на алармот може уште повеќе да го отежни будењето. Избегнете го тешкиот почеток така што ќе станете уште на првиот аларм. Апликациите со аларм за будење со загатка ти го активираат и телото и умот така што те предизвикуваат на игри како икс-точка или те условуваат да направиш фотографија од бањата за да се исклучи алармот, со што се осигурува дека дефинитивно не си веќе во кревет.

Со твојот телефон нека биде по твое
Приспособи го дизајнот и бојата на твојот часовник, додај ги апликациите што ти требаат додека се движиш како мали апликации на почетниот екран и многу повеќе.

Автоматското пуштање звук направи го пријатно

Ако не сакаш да се будиш со звукот на стандардните мелодии—или апликации со загатки за будење—функциите на алармот на Galaxy S21 ти овозможуваат да избереш утрински плејлисти или подкасти од Spotify1, за да можеш лесно да го започнеш денот со слушање на омилените мелодии и емисии во вистинскиот момент.

Пушти ја светлината да влезе

Повлечи ги завесите. Според науката, гледањето на сонцето во одредено време секој ден ни помага да го синхронизираме нашиот внатрешен часовник со намалување на лачењето мелатонин (познат како хормон на спиењето) во текот на денот. Ти фали природна светлина во домот? Постави си Bixby Routine на твојот Galaxy A52 за постепено вклучување на паметните светла неколку минути пред времето за будење за да имитираат изгрејсонце.2

За заедничка мотивација

Ти требаат повеќе чекори? Земи го Galaxy Watch3 и предизвикај најмногу девет3 пријатели да ја постигнат твојата неделна цел за направени чекори преку Samsung Health.

Раздвижи се со „ендорфински“ тренинг

Си слушнал ли за „runner’s high“ т.е. чувство на еуфорија по трчање? Нашиот мозок создава исти такви невротрансмитери за добро чувство за време на каква било аеробна активност. Ако трчањето рано наутро не е за тебе, обиди се со 30-минутна прошетка во природа или јога за кардио за денот да ти започне со чувство на среќа. Плус, ќе имаш уште повеќе енергија во текот на денот благодарение на утринското вежбање.

Обиди се со 10-минутно „празнење на умот“

Водењето дневник не мора да биде сложено. Пред да започнеш со вежбање или со дневните обврски, запиши ги сите мисли на празен лист хартија или со твојот S Pen4 и апликацијата Samsung Notes. Испразни го умот, исто како што би извадил/а сè од една чанта за да видиш што има во неа, но одолеј му на нагонот за пауза или самокорекција. Формирањето ваква навика за празнење на умот ќе ти помогне редовно да го прочистуваш умот и да направиш место за нови задачи за денот пред тебе.

1 За Ѕpotify може да биде потребно членство или купување. Spotify е достапна на сите паметни телефонски уреди Galaxy кои работат со One UI 2 или повисока. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата или регионот. За повеќе детали, посетете ја следнава страница: https://support.spotify.com/us/article/full-list-of-territories-where-spotify-is-available/.
2 Потребно е најавување на корисничката сметка на Samsung и поврзување на интернет мрежа (Wi-Fi или мобилен интернет). За управување со други уреди со помош на Bixby, сите уреди треба да бидат регистрирани на SmartThings. За повеќе информации, посетете го сајтот на SmartThings (www.samsung.com/smartthings).

Подобри ги утринските навики

Избери го вистинското расположение за денот, секој ден, со функциите за добросостојба на Galaxy S21.

Следно, прочитај ги овие приказни