Совети

Подари си нешто себеси: 4 идеи
за весел одмор дома

Остануваш сам за празниците? Еве како максимално да го искористиш слободното време.

'Годинава, празниците ќе бидат—благо кажано—не баш традиционални. Со тековните затворања поради пандемијата и препораките да не се патува, многумина ќе ги поминат празниците далеку од семејството и пријателите. Но, дури иако годинава славиш од далеку, празникот сепак може да ти биде весел и значаен. Еве неколку идеи за одморот дома и како да најдеш рамнотежа, да ја истакнеш својата креативност и да се поврзеш со оние кои најмногу ги сакаш—плус неколку подароци што можат да ти помогнат во сето тоа.

Galaxy Tab S7
Ако правиш тура низ модерните уметнички изложби онлајн, погрижи се екранот да ги долови во нивното вистинско светло. Види ги сите во спектакуларна резолуција на дисплејот на Galaxy Tab S7.
1

Уживај во уметноста и разбуди ја креативноста

Не мора да живееш во позната метропола за да ја доживееш нејзината уметност, затоа што многу музеи сега се подостапни (и поневеројатни) од кога било досега. Културните установи како Музејот на Пикасо во Барселона, Националниот музеј на современа и модерна уметност во Сеул и Музејот Орсе во Париз, нудат реалистични виртуелни тури низ нивните простории и виртуелни уметнички изложби*.

Ако разгледувањето на галериите те поттикна да пробаш и самиот да создадеш нешто, заедницата на уметници, цртачи и скеч-артисти PENUP која создава ремек-дела на Galaxy уреди е токму за тебе. Грабни го S Pen пенкалото и учествувај во предизвици и групни дискусии или разгледувај ги галериите за повеќе инспирација.

2

Започни да практикуваш целосвесност

Физичката изолација од саканите за време на празниците може да ги направи уште потешки овие, и онака стресни, времиња. Посветувањето време на психичката и физичката добросостојба ќе ти помогне да ја намалиш напнатоста и да си го подобриш расположението.

Водените медитации може да бидат многу едноставни и да ги практикуваш по потреба, во кој било дел од денот. Слушањето со вклучена опција за потиснување на бучавата Active Noise Cancellation Galaxy Buds Live ја намалува заднинската бучава и ти овозможува да се фокусираш на вежбата.

Сакаш да видиш како ќе ти се исплати трудот? Galaxy Watch може да пренесува информации за твоето здравје до апликацијата Samsung Health за да можеш да следиш како ти се подобруваат нивоата на стрес.

3

Приреди виртуелна вечера

Ниту еден празник не е комплетен без гозба. Иако не е срамота да си нарачаш вечера за Денот на благодарноста, искористи ја можноста да се испробаш со некој поевтин класичен празничен рецепт. Не грижи се и да ти остане—баш остатоците се вреден подарок што може да се подари во секое време.

Се разбира дека социјалното дистанцирање не значи дека не треба да се дружиш. Scene Optimizer на Galaxy S20 ќе ги препознае твоите солени специјалитети и вкусни десерти како храна, потоа ќе ги приспособи поставките на камерата да ги истакнат боите за Инстаграм. Иако саканите не се со тебе, сепак може да вечерате заедно. Покани ги пријателите на виртуелен повик на Google Duo или друга апликација за конференциски повици—само исклучи го звукот додека јадете.

4

Измисли нови рачни изработки и украси

Украсувањето на трпезариската маса за празниците е неизоставна активност на многу семејства, но годинава, недостатокот на заедничка физичка маса нè принудува да смислиме креативно пресоздавање на традициите. Наместо да создаваш празнични украси за масата, направи ги да може да се закачат на ѕид или на полицата зад тебе за да се гледаат додека ги „примаш“ гостите преку камера. Венци над каминот или букет есенски цвеќиња не само што ќе внесат живост во виртуелните посети, туку и ќе го одржуваат празничниот дух за време на пријатните вечери кои ги поминуваш дома.

Иако не можеш да се пофалиш лично пред гостите со твоето мајсторство за украсување, деновиве сите сме си виртуелни гости едни на други. Сликни ја твојата креација, објасни го процесот на создавање така што ќе го напишеш директно на сликата со твоето S Pen пенкало и објави на друштвените мрежи за да видиш што ќе кажат другите. Или искористи ги рачно изработените украси како заднина за твоите дигитални благодарници за луѓето кои биле тука за тебе во текот на годината.

*Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од регионот.
Сликата на таблетот е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Подари благодарност, подари подароци и подари си себеси

Оваа празнична сезона ќе се разликува од сите досега, но кога подаруваме некому нешто—или на самите себе—секогаш се чувствуваме убаво. Види го твојот избор за основните работи што ти требаат за одморот дома.

Следно, прочитај ги овие приказни